Азија

континент

Азија — централен и источен дел од Евроазија, дефиниран со исклучувањето на европскиот полуостров од Евроазија. Геолошки и географски, Азија не е ниту континент ниту потконтинент. Азија, сепак, обично се смета за најголемиот континент на светот по површина и број на население (преку 4 милијарди жители или 60 отсто од светското население).

Азија
Површина44.579.000 км2[1]
Население4.164.252.000[2]
Густина87 жит/км2
БДП (ном.)$31.58 трилиони (2019)
БДП (ПКМ) $65.44 трилиони (2019)
БДП/жител$7,350 (2019)
ДемонимАзијци
Земји49
Зависни територии4
Земји вон ООН6
ЈазициЈазици во Азија
Часовни појасиUTC+2 - UTC+12
НДД.asia
Најголеми градови

Азија (од асирскиот збор „асу“ = изгрејсонце) се наоѓа скоро целосно на северната полутопка, освен островскиот дел на Малајскиот Архипелаг, кој се спушта за 10 степени во јужната полутопка. Крајните точки на копнениот дел на Азија на север достигаат до ’ртот Чељускин на полуостровот Тајмир, на југ до ’ртот Буру на Малајскиот Полуостров, на исток до ’ртот Дежњов на Чукотскиот Полуостров и на запад до ’ртот Баба на полуостровот Мала Азија. Меѓутоа, ако се земе и островскиот дел на Азија, тогаш најсеверната точка се наоѓа на островот Северна Земја (81 СГШ), а најјужната на островот Роти (11 ЈГД) кој се наоѓа во групата на Малите Сундски Острови.

Уште од античко време границите помеѓу Европа и Азија се јасни и одат по линијата на Егејското Море, Дарданелите, Мраморното, Босфорот и Црното Море.

Брегова разгранетост уреди

Бреговите на Азија се меѓу најразгранетите на Земјата. Таму има голем број полуострови, заливи, острови, островски групи, протоци и друго. Меѓутоа, сите брегови на Азија не се подеднакво разгранети. Северниот азиски брег кој излегува на Северноледен Океан е послабо разгранет. Од полуостровите на тој брег најголеми се: Јамал, Тајмир и Чукотскиот Полуостров, а од островите Северна Земја, Новосибирските Острови и Врангеловиот Остров. Источниот брег на Азија се одликува со поголема разгранетост од северниот. Таму се наоѓаат повеќе рабни мориња (Берингово Море, Охотско Море, Јапонското Море, Жолто Море, Источнокинеско Море, Јужнокинеско Море) кои од Тихиот Океан се одделени со голем број полуострови и островски групи. Од полуостровите најголеми се Камчатка и Кореја, а од островите Сахалин, Јапонските Острови, Тајван, Филипинските Острови и други. Бреговите и островите на Источна Азија во Тихиот Океан се изложени на силна сеизмичка и вулканска активност. Јужниот брег на Азија го заплискуваат водите на Индиски Океан и неговите крајбрежни мориња. Овој брег се одликува со големи полуострови, длабоки заливи, многу острови и повеќе островски групи. Од полуостровите најголеми се: Арапскиот, Индискиот Океан и Индокинескиот Полуостров, а од островите Шри Ланка (Цејлон). Од заливите најпознати се Бенгалски Залив, Оманскиот Залив, Персискиот Залив и Аденскиот Залив. Западниот брег на Азија почнува од протокот Баб ел-Мандеб и преку Црвено Море, Суецкиот Канал, Средоземното Море, Егејско Море и Мраморното Море со протоците Дарданели и Босфор се протега до Црно Море. Најголем полуостров на овој брег е Мала Азија.[3]

Релјеф уреди

Азија е континент со најразлични релјефни целини, исполнет со голем број низини, планини и висорамнини.Низините зафаќаат една четвртина од територијата на Азија, а најраспространети се во периферните делови на континентот. Најпознати низини во Азија се Западносибирската и Туранската Низина кон границата со Европа, Месопотамската Низина во Југозападна Азија, потоа низините по долините на реките Инд, Ганг, Брамапутра и Меконг во Јужна Азија, Источнокинеската Низина во Источна Азија и други помали низини. Низините се отвори преку кои до извесна длавочина се навлегува во внатрешноста на мошне непристапните планински системи во Азија.Планинскиот релјеф во Азија е застапен на три четвртини од територијата. Планинскиот систем започнува од Егејското Море на запад, односно од Мала Азија и се протега до Тихиот Океан на исток. Го сочинуваат непрекинати планини: Таур, Иранските и Авганистанските Планини до Памир, од каде што системот се раздвојува кон југоисток со планините Хиндукуш, Каракорум и Хималаи, односно кон северозапад преку планините Тјеншан, Алтај, а потоа на север се протегаат Јаблановските, Становојските, Верхојанските, Черските, Колимските Планини и други масиви. Како посебни се простираат: Кавказ, Елбурс, планините во југозападните делови на Саудиска Арабија, планинските масиви во источните делови на Азија, како што се Корејските Планини, Голем Хинган и планините на островските територии.Планините во Азија се одликуваат со мошне големи височини. На Хималаите се наоѓаат највисокиот врв во светот, Монт Еверест, со 8848м н.в. како и поголем број други врвови со повеќе од 8000м височина.

На пространото азиско копно, меѓу планинските масиви се простираат огромни територии под висорамнини. Познати се Иранската Висорамнина, Тибетската Висорамнина, Становојската Висорамнина, Средносибирската Висорамнина, Казашката Висорамнина, висорамнината Декан и други.Посебна каратеристика на релјефот во Азија е тоа што големи територии се под пустини со типичен еолски релјеф. Такви се пустините: Голем Нефуд и Руб ел Хали на Арапскиот Полуостров, потоа Големата Солена Пустина во Иран, пустината Тар во Индрија, пустините Мујункум, Каракум и Кизилкум во Казахстан, Узбекистан и Турмекистан, пустината Такла Макан во Западна Кина, пустината Гоби во северните делови на Кина и Монголоија и др.

Големите надморски височини на планинските системи во Азија кои се простираат во појасот од 33°-55° с.г.ш. се причина за голема застапеност на глацијацијата на планините. Огромни територии се наоѓаат под снег и мраз. Скоро од сите планини, но особено од Хималаите, се спуштаат многубројни ледници од кои се напојуваат голем број реки на азискиот континент.Азија е континент покрај кој се простира т.н. огнен појас, кој се одликува со многу вулкани и земјотреси, така што е присутен и забележлив вулкански релјеф.Врз основа на вака поставениот релјеф во Азија се издвојуваат следни природни целини:

Северна Азијакоја се одликува со големи низински територии северно од планините Памир, Алтај и реката Амур.

Источна Азијакоја ги опфаќа источните делови на Кина, Кореја и Јапонија.

Јужна (Монсунска) Азијакоја се простира јужно од линијата Хиндукуш - Хималаи и ги опфаќа териториите од Пакистан до Индонезија и Филипини.

Југозападна Азијакоја се протега од Авганистан до Синајскиот Полуостров.

Средна Азијакоја ги опфаќа областите на највисоките планини и пустини.

Клима уреди

Климата во Азија е мошне разновидна. На неа најмногу влијаат простирањето на планините, кое е во правец запад и исток и југозапад и североисток, и монсунските ветрови. Со климатските услови во Азија се опфатени сите климатски појаси. Се разликуваат два рабни појаси, и тоа: изразито тропско-монсунски појас на југ и поларен и супполарен појас на север. Меѓу овие два појаси се наоѓа умерениот појас во кој врз климата влијае пространата копнена територија, оддалеченоста од морињата и релјефот со неговите изразито високи планини. Тие се фактори поради кои во Средна Азија владее изразито конетинентална клима, со присуство на типична високопланинска (алпска) клима. Во зима во северните и во централните делови на Азија нстанува големо разладување и формирање на висок воздушен притисок, а во лето воздушните маси се загреваат и притисокот се намалува. Над Индискиот и Тихиот Океан се случува спротивното: поради разликите што настануваат во воздушните маси, доаѓа до големи движења на воздухот и се појавуваат периодични зимски и летни монсунски ветрови. Тие се главен фактор за формирање на климатските услови во Азија, односно за владеењето на таканаречената монсунска клима. Летните монсуни дуваат од Индискиот и Тихиот Океан кон копното. Тие се топли и влажни и носат големи количества врнежи и до Хималаите. Зимските монсуни дуваат од копното кон Индискиот Океан на југ и кон Тихиот Океан на исток. Се одликуваат како ладни суви и предизвикуваат изразито сушни периоди. Слична состојба е присутна и во Источна Азија каде што во летниот период од Тихиот Океан кон копното дуваат топли и влажни ветрови познати како тајфуни. Тие носат големи количества врнежи и обратно - во зима дуваат од високопланинското копно преку источните низини кон морето, носат ладен и сув воздух кој придонесува за формирање ладно и суво време проследено со сушен период. Тајфуните често придонесуваат за зголемување на дејствата на морските бранови, брановите цунами се предизвикани од подводни земјтореси или вулкански ерупции. На териториите во Сибир скоро постојано владеат ниски температури. Исклучок е краткото лето, кога длабоко замрзнатото земјиште површински се одмрзнува. Во Централна Азја има релативно мали годишни количества на врнежи (од 200мм до максимум 500мм), што е причина за појава на пространи пустински територии во кои е присутна пустинска клима. Во уште поизразена форма, пустинската клима е одлика и за териториите во Југозападна Азија. Поради надморската височина, високопланинските територии во Средна Азија скоро постојано се одликуваат со ниски температури, а просторот е под вечен снег и мраз. Таму владее изразито високопланинска и планинска клима.

Климатско-вегетациски области уреди

Различните релјефни и климатски одлики на теротиријата на Азија, големото појасно простирање и излезот на повеќе океани и мориња, големата оддалеченост на внатрешноста на континентот од морињата и други фактори условиле развој на повеќе климатско-вегетациски области. Глобално се издвојуваат териториите под тропски дождовни шуми, савани, пустинска и полупустинска вегетација, тревна вегетација, листопадни шуми, средоземна вегерација, зимзелени шуми, планинска вегетација и тундра. Тропски дождовни шуми се застапени во областите на Јужна и Југоисточна Азија и во појужните делови на Источна Азија. Се познати како џунгли. Џунглите се присутни и во некои приморски делови на Индија. Саваните како територии со густа тревна вегетација се карактеристични за Индискиот Потконтинент и за централните теротирии на Индокинескиот Полуостров. Планинска вегетација е застапена во централните планински територии и висорамнини на Азија. Се одликува главно со високопланинска тревна вегетација. Пустинската и полупустинската вегетација е застапена во поголем дел од Централна и Југозападна Азија каде што се простираат повеќе каменити и песочни пустини. Степска тревна вегетација е застапена на територијата на Мала Азија и Месопотамија, како и во централните делови на Азија во појасот меѓу пустинските и полупустинските области од југ, зимзелените шуми (тајги) од север и листомадните шуми од исток. Листопадна дрвенеста вегетација е карактеристична за Источна Азија, поточно за Источна Кина, Кореја, Јапонија и за помали делови од Русија. Средоземната вегетација е пристуна во приморските области на Мала Азија, како полуостров во Средоземното Море. Зимзелените шуми се карактеристични за Северна Азија, поточно за Сибир. Опфаќаат најпространа територија во Азија. Претставуваат густи зимзелени шуми познати под името тајга. Тундра е климатско-вегетациска област карактеристична за најсеверните приморски територии на Азија, која се простира меѓу појасот на тајгата и Северноледениот Океан. Во тундрата претежно егзистираат лишаи, мовови и ретки тревни растителни видови.

Хидрографија уреди

Азија е богата со реки. Тие се влеваат претежно во отворени морски басени и припаѓаат на четири сливни подрачја. Тоа се: Сливно подрачје на Северноледениот Океан, Тихиот Океан, Индискиот Океан и на Средоземното Море.

Сливното подрачје на Тихи Океан ги опфаќа реките Амур, Хоангхо, Јанцекјанг, Синѓанг, Меконг и други. Сите овие реки се пловни и се користат за сообраќај и за добивање електрична енергија. Водата на реките од ова сливно подрачје на Тихи Океан е особено искористена за наводнување на житни култури и тоа претежно на ориз. Сливното порачје на Средоземно Море ги опфаќа сите реки кои се влеваат во него и неговите крајбрежни мориња - Егејското Море и Црното Море. Најголеми реки во ова сливно подрачје се: Кизил, која се влева во Црно Море и Мендерес - во Егејско Море. Водата од реките Кизил и Мендерес има значење за населението, главно, за наводнување на градинарски култури, лозови насади и јужно овошје. Во Азија постојат и сливни подрачја кои припаѓаат на затворени басени. Тоа се Касписко Езеро и Аралското Езеро. Во Каспиското Езеро од азискиот дел се влеваат помали притоки, а во Аралското Езеро - Сир Дарја и Аму Дарја. Реката Сир Дарја тече низ пустината Кизилкум, а Аму Дарја низ пустината Каракум. Поради тоа нивната вода се користи за наводнување на пустинското земјиште кое е претворено во зелена оаза на плантажи од памук и други култури. За таа намена таму е изграден еден од најдолгите канали за наводнување во Азија и светот (1100 км.). Тој канал овозможи пустината да се претвори во корисна и плодна почва. Така, таму освен памук денес се одгледуваат градинарски и индустриски култури на големи површини.

Природни богатства на Азија уреди

Природните богатства на територијата на Азија се големи и разновидни. Меѓутоа, поради големите просторни разлики и услови (непристапни планински територии, простарни пустини, ладни климатски прилики) сè уште се недоволно испитани. Најважни се наоѓалиштата на нафта, јаглен, земјен гас и железна руда, големи шуми, богат хидроенергетски потенцијал, земјоделски површини итн. Нафтата, како течно минерално гориво е меѓу најважните природни богатства на територијата на Азија. Најголемите нафтени полиња се наоѓаат во Југозападна Азија, поточно во Саудиска Арабија, Месопотамската Низина, околу Кавказ, Каспиското Езеро, Туранската Низина и огромната Западносибирска Низина, Мјанмар и Индонезија. Земјениот гас како важно природно погатство, најмногу е застапен во северните делови на Сибир и Западносибирската Низина. Јагленот како цврсто минерално гориво најмногу е застапен во централните делови на Сибир, во источните делови на Кина и во Индија. Од металните суровини се застапени: железото во Русија и Кина, калај во Малезија и Индонезија, волфрам во Кина и Мјанмар итн. Шумите во Азија покриваат околу 30% од територијата и претставуваат големо природно богатство, но се тешко пристапни за експлоатација. Посебно природно богатство се обработливите земјоделски површини кои зафаќаат околу 20% од површината на континентот. Тие се основа на која се одгледуваат пченица, ориз, чај, каучук, зачини, коноп и други земјоделски култури. Азија е најголем производител на овие култури во светот. Посебно природно богатство е и хидроенергетскиот потенцијал со кој располагаат речните текови кои се спуштаат зрачесто од високите планини. Тој е мошне значаен бидејќи станува збор за големи, долги полноводни реки на кои се изградени и се градат голем број хидроцентрали. На реките се изградени поголем број вештачки акумулации со повеќекратна намена, освен за производтство на електрична енергија се користат и за наводнување на земјоделските површини. На тој начин се обезбедува храна за многубројното население на територијата на Јужна, Југоисточна и Источна Азија. Природните богатства на Азија се надополнуваат со искористуавање на морињата и океаните за обемен сообраќај и транспорт на стоки и како риболовни подрачја.

Верска и јазична припадност на населението во Азија уреди

Азија е најнаселениот континент на Земјата. На него живее повеќе од половина од светското население, меѓутоа поради природните услови населението е мошне нерамномерно распоредено. Огромни пространства на тундрите и тајгите на север, пустините во Централна и во Југозападна Азија и високите планини и висорамнини се скоро ненаселени. Спротивно на тоа, во низинските предели и во поречните делови на Кина, Индија, Индокинескиот Полуостров и островите на Јапонија, Филипини и Индонезија живее околу 90% од населението на Азија. Во овие региони се изградени голем број милионски градови. Најпознати се: Пекинг, Тјанџин, Вухан, Ченгду и други во Кина; Токио, Јокохама, Осака, кобе и др. во Јапонија; Сеул во Јужна Кореја; Бангкок во Тајланд; Џакарта во Индонезија; Манила на Филипини; Дака во Бангладеш; Њу Делхи, Мумбај, Колката и др. во Индија; Карачи, Лахор во Пакистан итн.

Религија

Населението на Азија спаѓа во индоевропската група народи, карактеристична за Северна, Југозападна и Јужна Азија и на малајската група народи - припадници на жолтата раса, карактеристични за Источна и за Југоисточна Азија. Многубројното азиско население, иако живее на големи растојанија, според верската припадност е распоредено во неколку религиозни групи. Северните делови на Азија, вклучувајќи ги териториите на Русија и Казахстан, исповедаат христијанска религија со православна вероисповед. Во југозападна Азија, вклучувајќи ги и државите од Средна Азија заедно со Авганистан и Пакистан, населението е со исламска вероисповед. Оваа религија ја исповеда и населението во Бангладеш, во Индонезија и делумно во Малезија. Во јужна Азија, поточно на Индискиот Потконтинент е застапен хиндуизмот, кој го исповедаат околу 280 народи. Во повеќето земји од Југоисточна Азија, во Кина и во Кореја преовладуваат конфуцијанството и будизмот, додека во Јапонија 70% од населението истовремено припаѓа на шинтоизмот и на будизмот.

Јазици

Огромниот број луѓе во Азија се претставници на голем број народи. Типични примери се: Индија со околу 280 народи, Кина со над 50, Русија со околу 30 итн. Голем дел од народите на Азија имаат свои посебни јазици, меѓутоа, според бројот на населението што ги зборува, најзастапени се: кинескиот јазик, бенгалскиот, арапскиот, малајскиот, виетнамскиот, турскиот. Голема групација опфаќа населението во Јужна Азија, поточно на Индискиот Потконтинент, каде што се зборува на хинду јазикот. Од другите јазици во Азија поголеми групации на население зборуваат: јапонски во Јапонија, корејски во Јужна и Северна Кореја и турски во Турција.

Култура и обичаи уреди

Големата територијална разновидност на Азија и многубројното население разместено низ разни природно карактеристилни теротирии условиле да се развијат голем број култури и обичаи. Од древните периоди се познати повеќе култури и цивилизации. Такви се: асираската, месопотамската, персиската, индиската, кинеската, јапонската, монглоската и др. Денес културите на народите во Азија се различни. Голем дел од нив се потпираат на традициите од минатото, на начинот на живеење и на религиозните законитости. Материјаланата култура и достигнувањата во земјите на Азија најсоодветно се гледа преку цивилизациските откритија(пронаоѓањето на хартијата, печатарската техника, создавањето на барутот, свилата и порцеланот и др. Во Кина, а потоа во Индија, се удрени темелите на математиката и на механиката, мерењето на површината и времето, проучувањето на природата, на животот на растенијата и на животните, достигнувањата во архитектурата итн. Општо се познати светските кулутрно-историски градви, како, кинескиот ѕид во Кина, Мавзолејот Таџ Махал во Индија, хиндуистичкиот храм Ангкор Ват во Камбоџа и др. Меѓутоа, познати се и современи архитектонски градби скоро во сите градови на Азија, особено во јапонија, Хонгконг, Сингапур, Малезија итн. Духовната култура се согледува во многубројните достигнувања во науката, културата и обичаите. Традиционалните облици на кулутрно изразување се гледаат преку верските обичаи, како на пример, целосно покривање на лицето кај жените во муслиманскиот свет, нејадење свинско месо, масовните посети и молитви во светите места, особено церемониите во светите градови. Такви се: Ерусалим - и за муслиманите и за христијаните, светите места Мека и Медина во Саудиска Арабија и др. Шаховската игра е пронајдена во Индија. Народите на Азија се одликуваат со карактеристични уметнички вредности, како што се танцувањето, музиката и др. Од Источна и од Југоисточна Азија потекнуваат карактеристичните боречки спортови, самурајски обичаи, сумо-борби итн. Во централните делови на Азија, во степските предели е карактеристичен нормадскиот и полунормадскиот живот, со многубројни елементи својствени само за ова население. Во Индија е познат кастинскиот начин на живеење, каде што населението е поделено во различни касти што вообичаено не се мешаат едни со други.

Регионална поделба на Азија уреди

Големината на територијата, природно-географските просторни целини (низини, планини, сливни територии), социо-географските и економско-географските одлики се главни фактори за регионалната поделба на Азија. Според тоа, како посебни регионални целини се издвојуваат:— Северна АзијаИсточна АзијаЈугоисточна АзијаЈужна АзијаСредна АзијаЈугозападна Азија

Северна АзијаСеверна Азија главно ги опфаќа териториите што спаѓаат во сливот на Северноледениот Океан, од планината Урал до Тихиот Океан. Оваа територија во целост се наоѓа во Русија.

Источна АзијаВо Источна Азија, главно, се вбројуваат териториите што спаѓаат во тихоокеанското сливно подрачје, односно просторот кој е органичен со високите планини Хималаи, Памир, Алтај, Јаблановските Планини и реката Амур. Во Источна Азија се наоѓаат териториите на НР Кина (Хонгконг, Макао), Монголија, Народна Демократска Република Кореја (Северна), Република Кореја (Јужна), јапонија и Тајван

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население(ООН, 2009)
КинаПекинг9 806 4001 331 115 200
ТајванТајпеј35 87023 027 672
МонголијаУлан Батор1 564 2002 671 000
Јужна КорејаСеул122 76023 906 000
Северна КорејаПјонгјанг99 27048 333 000
ЈапонијаТокио377 800127 580 000

Југоисточна АзијаЈугоисточна Азија ја сочинуваат териториите на Индокинескиот Полуостров и голем број острови, од кои најголеми се: Борнео, Јава, Суматра, Сулавеси, Минданао и др. Овде се наоѓаат државите: Мјанмар, Тајланд, Демократска Народна Република Лаос, камбоџа, Социјалистичка Република Виетнам, Федерација Малезија, Сингапур, Брунеј, индонезија, Демократска Република Тимор и Филипини.

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население (ООН, 2009)
МјанмарЈангон676 60050 020 000
ТајландБангкок513 10063 389 730
ЛаосВиентијан236 8006 320 000
КамбоџаПном Пен181 04013 388 910
ВиетнамХаној332 40088 069 000
МалезијаКаула Лумпур329 76028 200 000
СингапурСингапур1854 839 400
БрунејБандар Сери Бегавен5 765400 000
ИндонезијаЏакарта1 904 500230 330 000
Источен ТиморДили14 6001 134 000
ФилипиниМанила300 40092 226 600

Јужна АзијаЈужна Азија ги опфаќа териториите на Индискиот Полуостров, кој на север е ограничен со планинскиот венец Хималаи, на запад со Авганистанските Планини, а на исток со планината Чин. Во Јужна Азија се наоѓаат државите Исламска Република Пакистан, Авганистан, Индија, Непал, Бутан, Народна Република Бангладеш, Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка и Малдиви.

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население (ООН, 2009)
ПакистанИсламабад796 100166 649 000
АвганистанКабул662 20028 150 000
ИндијаЊу Делхи3 287 6001 165 040 000
НепалКатманду147 20029 331 000
БутанТимфу46 700697 000
БангладешДака147 600162 221 000
Шри ЛанкаКоломбо65 61020 238 000
МалдивиМале298309 000

Средна АзијаСредна Азија главно се поистоветува со територијата на неистечното подрачје на Каспиското, Араиското и на другите езера со пустинските територии и Тибетската Висорамнина. Меѓутоа, поради државните граници во Средна Азија се вбројуваат државите: Република Казахстан, Република Турменистан, Република Узбекистан, Република Киргистан, и Република Таџикистан.

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население (ООН, 2009)
ТуркменистанАшхабад488 1005 110 000
УзбекистанТашкент447 40027 488 000
КиргистанБишкек198 5005 482 000
ТаџикистанДушанбе143 1006 952 000
КазахстанАстана2 717 30015 571 506

Југозападна АзијаЈугозападна Азија се нарекува територијата од Азија што излегува на Средоземното, Црвеното и Арапското Море. На оваа територија се наоѓаат државите: Турција, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Либан, Сирија, Израел, Јордан, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Кувајт, Бехреин, Катар, Обединети Арапски Емирати(АОЕ), Оман И Јемен.

ДржаваГлавен градПовршина(км2)Население(ООН, 2009)
ТурцијаАнкара780 60071 517 100
ГрузијаТбилси69 7004 382 100
АзербејџанБаку86 6008 629 900
КипарНикозија9 251801 600
ЛибанБејрут10 4524 224 000
СиријаДамаск185 18021 906 000
ИзраелЕрусалим21 0007 411 500
ИракБагдад438 30030 747 000
ИранТехеран1 648 00070 517 100
Саудиска АрабијаРијад2 149 70025 721 000
КувајтКувајт17 8202 985 000
БахреинМанама17 820791 000
КатарДоха11 4301 409 000
ОАЕАбу Даби82 9004 579 000
ОманМаскат212 4602 845 000
ЈеменСана536 87023 580 000

Земји и Територии кои се наоѓаат во Азија уреди

   

Наводи уреди

  1. National Geographic Family Reference Atlas of the World. Washington, D.C.: National Geographic Society (U.S.). 2006. стр. 264.
  2. „Континенти на светот“. Список. Worldatlas.com. Архивирано од изворникот 2011-07-22. Посетено на 25 јули 2011. (англиски)
  3. Учебник по географија за VII одделение
🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Гордана Силјановска-ДавковаГлавна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Избори во МакедонијаИзборна единица 1Изборна единица 5Изборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Македонски претседателски избори (2014)Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 6Стево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 4Арбен ТаравариСпецијална:БарајБилјана ВанковскаВелигденМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (1999)Максим ДимитриевскиДонтов методПретседател на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Македонски претседателски избори, 2009МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Македонски парламентарни избори (2006)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2011)Али АхметиКиро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2004)Христијан Мицкоски