Средна Азија

Средна Азија или Централна Азија — регион во Азија од Каспиското Море на запад до Средна Кина на исток, на север до Јужна Русија, а на југ до Северен Пакистан.

Средна Азија
Карта на Средна Азија
Површина4,003,400 km2 (1,545,721 ми)[1]
Население64,746,854[2]
Густина15/км2 (39/sq mi)
Држави Казахстан
 Киргистан
 Таџикистан
 Туркменистан
 Узбекистан
Ниминален БДП (2009)$ 166 милијарди
БДП по глава на жител (2009)$ 2,700

Држави уреди

државаповршина
км2
население
(2009)
густина на население
на км2
номинален БДП
во милијарди долари (2009)
БДП по глава на жител
(2009)
главен градслужбен јазик
 Казахстан2,724,90016,004,8006109,273$6,823Нур-Султанказашки, руски
 Киргистан199,9005,482,000274,570$850Бишкеккиргиски, руски
 Таџикистан143,1007,349,145514,982$766Душанбетаџички
 Туркменистан488,1005,110,0001016,197$3,242Ашхабаттуркменски
 Узбекистан447,40027,606,0006232,816$1,175Ташкентузбечки
Држави кои понекогаш се сметаат за дел од Средна Азија
држава/ територијаповршина
км2
население
(2009)
густина на население
на км2
главен градслужбен јазик
 Авганистан647,50031,889,92349Кабулпаштунски, персиски
 Кина9,640,8211,338,612,968139.6Пекингкинески
 Иран1,648,19576,923,30045Техеранперсиски
 Монголија1,564,1162,736,8002Улан Батормонголски
 Пакистан803,940168,925,500210Исламабадурду, англиски
 Русија13,000,000141,945,9668.3Москваруски

Население уреди

Во Средна Азија се вбројуваат државите: Авганистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркметистан и Узбекистан.Заедно зафаќаат површина од 4 646 600кm². На оваа територија живеат околу 85 милиони луѓе. Се забележува дека на многу голема површина живее релативно мал број население. Причина за тоа се релјефните и климатските услови. Тоа е територија која од запад, југ и исток е граничена со планини, а на север е многу оддалечена од морето, така што врнежите во Средна Азија достигнуваат од 200мм до максимум 500мм годишно. Во отсуство на доволни количества вода се оформени пространи пустини. Со нешто поголем број население се одликуваат Авганистан и Узбекистан. Етничкиот состав на населението го претставуваат: Казаци, Руси, Туркмени, Узбеци, Киргизи, Таџици и Паштуни. Со исклучок на Авганистан, каде што се зборува пашту и се користи арапско писмо, сите други држави имаат свои јазици и користат кирилица. Покрај службените јазици се користи и рускиот јазик.Населението во Средна Азија е со исламска веросиповед (85%), христијанска (10%) итн. Исклучок е Казахстан каде што околу 25% од населението се православни христијани.

Стопанство уреди

Од државите на Средна Азија, според развојот на стопанството Казахстан, Узбекистан, Туркмекистан и Киргистан се слабо развиени аграрно-индустриски земји. Огромните територии со непрегледни рамници во Казахстан, Узбекистан и Туркмекистан се основа врз која се потпира земјоделското производство. Поважни земјоделски култури се пченицата, јачменот, оризот, пченката, сончогледот, памукот, виновата лоза, компирот. Посебна одлика е одгледувањето памук и свилена буба, кои како суровини се основа за извоз и развој на текстилната индустрија. Недостиг на вода се надоместува со наводнување, особено од реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои поради преголема употреба, често не стигнуваат до Аралското Езеро, па тоа постојано се намалува. Во Средна Азија е застапено и сточарството. Главно се одгледуваат овци и кози, а од крупниот добиток - говеда, коњи, камили, јакови. Се одгледуваат и животни со ценети крзна и кожи.Карактеристично за регионот е што поседува разновидни природни богатства, како што се: нафта, земјен гас, железо, јаглен, обоени метали, полуметални руди, волфрам, уран, жива итн. Особено важно е богатството со нафта и земјен гас околу Каспиското и Араиското Езеро. Богатите наоѓалишта на јаглен, железо и обоени метали, со исклучок на Авганистан, овозможиле развој на црната и обоената металургија, на машинската индустрија, на хемиската и нафтопреработувачката индустрија. Врз основа на суровините од земјоделско и сточарско потекло се развиени гранки на лесната индустрија, како што се текстилната, прехранбената итн.Поради пустинските и планинските територии, транспортните услови во Средна Азија не се доволно развиени.

Карти уреди

Наводи уреди

  1. Повтршината е пресметана за петте држави.
  2. Населението е пресметано за петте средноазиски држави (1 март 2012).

Поврзано уреди

🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Гордана Силјановска-ДавковаСпецијална:БарајБилјана ВанковскаИзбори во МакедонијаБојан ЈовановскиСтево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Јордан КамчевМаксим ДимитриевскиМакедонијаКарлес ПуџдемонАли АхметиИзборни единици во МакедонијаИзборна единица 1Арбен ТаравариИзборна единица 2Сашо ОрдановскиМочуриштеИзборна единица 5Македонски претседателски избори (2014)Александар КирацовскиОче нашМакедонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 3Изборна единица 4Стевчо ЈакимовскиДржавни празници во МакедонијаПретседател на МакедонијаЛевица (политичка партија)Гоце ДелчевЗНАМБујар ОсманиПопис на населението во Македонија (2021)Балканска приказна (ТВ-серија)