Фудбалска репрезентација на Чешка

Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.

 Чешка
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалска асоцијација на Чешка (FAČR)
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторЧешка Јарослав Шилхави
КапитенВладимир Дарида
Најмногу настапиПетр Чех (124)
Најдобар стрелецЈан Колер (55)[1][2]
ФИФА кодCZE
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално45 (9 април 2020)[3]
Највисок2 (септември 1999, јануари-мај 2000, април — мај 2005, јануари-мај 2006)
Најнизок47 (март 1994)
Прв меѓународен натпревар
 Унгарија 2 — 1 Бохемија
(Будимпешта, Унгарија; 5 април 1903)
како Чешка
 Турција 1 — 4 Чешка 
(Истанбул, Турција; 23 февруари 1994)[4][5]
Најголема победа
 Чешка 8 — 1 Андора 
(Либерец, Чешка; 4 јуни 2005)[4][5]
Најлош пораз
 Англија 5 — 0 Чешка 
(Лондон, Англија; 22 март 2019)[4][5]
Светско првенство
Учества9 (првпат во 2006)
Најдобар резултатПрва фаза 2006
Европско првенство
Учества7 (првпат во 1996)
Најдобар резултатВицешампион, 1996

Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.

Историја уреди

Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против Турција во Истанбул и победила со 4-2.[4] Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против Литванија во Острава и победила со резултат 5-3.

Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од Луксембург, но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната Холандија. На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со Германија, Италија и Русија. Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со Португалија и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била Франција. Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.

Последни квалификациски циклуси уреди

Квалификации за Светско првенство 2018 уреди

Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБ
1.  Германија101000434+3930
2.  Северна Ирска10613176+1119
3.  Чешка104331710+715
4.  Норвешка104151716+113
5.  Азербејџан103161019−910
6.  Сан Марино100010251−490
 
Германија  2–03–06–05–17–0
Северна Ирска  1–32–02–04–04–0
Чешка  1–20–02–10–05–0
Норвешка  0–31–01–12–04–1
Азербејџан  1–40–11–21–05–1
Сан Марино  0–80–30–60–80–1

Квалификации за Европско првенство 2020 уреди

Поз.ЕкипаОНПНИДГПГГРБ
1.  Англија8701376+3121
2.  Чешка85031311+215
3.  Косово83231316-311
4.  Бугарија813446-26
5.  Црна Гора8035322-193
 
Англија  5-05-34-07-0
Чешка  2-12-12-13-0
Косово  0-42-11-12-0
Бугарија  0-61-02-31-1
Црна Гора  1-50-31-10-0

Настапи на турнирите уреди

Настапи на Светските првенства уреди

Светско првенствоКвалификации за
Светско првенство
Домаќин/ГодинаРундаПоз.ОНПНИДГПГОНПНИДГПГ
1930-1994Учествувале во состав на Чехословачка
1998Не се квалификувале10514166
2002126242010
2006Групна фаза20.3102341411033712
2010Не се квалификувале10442176
201410433139
2018104331710
2022Ќе учествуваат во квалификациитеЌе учествуваат во квалификациите
Вкупно1/53102345630101610343

Настапи на Европските првенства уреди


Европско првенствоКвалификации
ГодинаРундаПоз.ОНПНИДГПГСоставиОНПНИДГПГRef.
19601992Учествувале во состав на ЧехословачкаУчествувале во состав на Чехословачка
1996Финале2.622278Состав10631216[6]
2000Групна фаза10.310233Состав101000265[7]
2004Полуфинале3.5401105Состав8710235[8]
2008Групна фаза11.310246Состав12921275[9]
2012Четвртфинале6.420246Состав10613158[10]
2016Групна фаза21.301225Состав107121914[11]
2020Се квалификувале85031311
В К У П Н О6/624103113033685081014454[12]


Настапи на ФИФА Купот на конфедерации уреди

ФИФА Куп на конфедерации
ГодинаРундаПозицијаОНПНИДГПГ
1992Не се квалификувале
1995
1997Трето место3-то5212107
1999Не се квалификувале
2001
2003
2005
2009
2013
2017
ВкупноТрето место1/105212107

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр.Поз.ИграчГод.НастапиГоловиКлуб
1ГМТомаш Вацлик29 март 1989(1989-03-29)(35 г.)290 Олимпијакос
16ГМЈиндржих Станјек27 април 1996(1996-04-27)(28 г.)20 Викторија Плзењ
23ГМЈиржи Павленка14 април 1992(1992-04-14)(32 г.)110 Вердер Бремен
2ОДПавел Кадержабек25 април 1992(1992-04-25)(32 г.)423 Хофенхајм
3ОДОндржеј Челустка18 јуни 1989(1989-06-18)(34 г.)182 Анталијаспор
4ОДЈакуб Брабец6 август 1992(1992-08-06)(31 г.)171 Викторија Плзењ
5ОДТеодор Гебре Селасие24 декември 1986(1986-12-24)(37 г.)543 Вердер Бремен
6ОДТомаш Калас22 мај 1993(1993-05-22)(30 г.)192 Бристол Сити
17ОДОндржеј Кудела26 март 1987(1987-03-26)(37 г.)30 Славија Прага
18ОДМарек Сухи29 март 1988(1988-03-29)(36 г.)441 Аугсбург
22ОДФилип Новак26 јуни 1990(1990-06-26)(33 г.)231 Трабзонспор
7СРЛадислав Крејчи5 јули 1992(1992-07-05)(31 г.)415 Болоња
8СРВладимир Дарида 8 август 1990(1990-08-08)(33 г.)616 Херта Берлин
10СРЈозеф Хушбауер16 март 1990(1990-03-16)(34 г.)211 Динамо Дрезден
12СРЛукаш Масопуст12 февруари 1993(1993-02-12)(31 г.)111 Славија Прага
14СРЈакуб Јанкто19 јануари 1996(1996-01-19)(28 г.)263 Сампдорија
15СРТомаш Соучек27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.)253 Вест Хем Јунајтед
21СРАлекс Крал19 мај 1998(1998-05-19)(25 г.)92 Спартак Москва
9НППатрик Шик24 јануари 1996(1996-01-24)(28 г.)229 РБ Лајпциг
11НПМихаел Крменчик15 март 1993(1993-03-15)(31 г.)238 Клуб Бриж
19НПЗденек Ондрашек22 декември 1988(1988-12-22)(35 г.)41 Далас
20НПМатеј Видра1 мај 1992(1992-05-01)(32 г.)265 Барнли

Статистика на играчите уреди

  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи уреди

Последна промена 14 април 2020.

#ИмеРеп. кариераНастапиГоловиПозиција
1Петр Чех2002–20161240голман
2Карел Поборски1994–20061125среден ред
3Томаш Росицки2000–201610523среден ред
4Јарослав Плашил2004–20161037среден ред
5Милан Барош2001–20129341напаѓач
6Јан Колер1999–20099155напаѓач
Павел Недвед1994–20069118среден ред
8Владимир Шмицер1993–20058127среден ред
9Томаш Ујфалуши2001–2009782одбрана
10Марек Јанкуловски2000–20097711одбрана

Играчи со најмногу постигнати голови уреди

Последна промена 14 април 2020.

#ИмеРеп. кариераГоловиНастапиПозиција
1Јан Колер1999–20095591напаѓач
2Милан Барош2001–20124193напаѓач
3Владимир Шмицер1993–20052781среден ред
4Томаш Росицки2000–201623105среден ред
5Павел Кука1994–20012263напаѓач
6Патрик Бергер1994–20011844среден ред
Павел Недвед1994–20061891среден ред
8Вратислав Локвенц1995–20061474напаѓач
9Томаш Нецид2008–1242напаѓач
10Марек Јанкуловски2000–20091177одбрана

Селектори уреди

Наводи уреди

  1. Jan Koller - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 14 април 2020.
  2. Jan Koller, fotbal.cz Архивирано на 14 април 2020.; пристапено: 14 април 2020.
  3. „Ранг-список на ФИФА“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-15. Посетено на 25 јануари 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com; пристапено: 25 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 Statistiky reprezentace - všechna utkání, fotbal.cz Архивирано на 13 април 2014.; пристапено: 25 октомври 2014.
  6. „Квалификации за ЕП 1996“. Посетено на 12 мај 2015.
  7. „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  8. „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  9. „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  10. „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  11. „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
  12. „Czech Republic team profile“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.

Надворешни врски уреди