Томаш Соучек

Томаш Соучек (роден на 27 февруари 1995 во Хавличкув Брод) е чешки фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на чешката репрезентација.

Томаш Соучек
Лични податоци
Полно имеТомаш Соучек[1]
Роден на27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.)
Роден воХавличкув Брод, Чешка
ДржаваЧешка Чешка
Висина&100000000000001920000001,92 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубВест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број28
Младинска кариера
Славија Прага Славија Прага
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2014–2020Славија Прага Славија Прага114(31)
2015Викторија Жижков Викторија Жижков14(0)
2017Слован Либерец Слован Либерец12(0)
2020–Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед51(13)
Репрезентација
2013-2014Чешка Чешка 199(0)
2015Чешка Чешка 201(0)
2015Чешка Чешка 2113(2)
2015-Чешка Чешка35(7)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Техничики одлики уреди

Има репутација на енергичен box-to-box играч од средниот ред со одбранбени и напаѓачки квалитети. Тој е познат и по својте физички предиспозиции благодарение на неговата висина од 1,92 м.

Во англиските медиуми често е споредуван со Маруан Фелаини, играч кој своевремено исто така бил откриен и трениран од Дејвид Мојес, поради неговите квалитети во играта во воздухот.[2]

Клупска кариера уреди

Славија Прага уреди

Соучек играјќи за Славија Прага во 2018.

Соучек ја започнал својата кариера во екипата на Славија Прага, приклучувајќи се на академијата на клубот на 10-годишна возраст.[3]

Во сезоната 2014-2015, тој бил позајмен на Викторија Жижков, екипа со која го направил своето професионално деби на 8 март 2015 година, во поразот на домашен терен со 1-2 од екипата на Фастав Злин во втората лига на Чешка. Сезоната ја завршил со 14 настапи без постигнат гол.

По завршувањето на позајмицата во Жижков, Соучек се вратил во Славија Прага каде го постигнал првиот погодок во својата кариера во победата со 4-0 над Височина Јихлава. За време на сезоната 2015-2016, тој го направил својот пробив во првиот тим на Славија играјќи во 29 од 30 првенствени натпревари забележувајќи притоа и два гола.

Сепак, следната сезона тој го загубил своето место во почетната постава како резултат на доаѓањето на Мишел Нгадеу Нгаџуи,[4] поради што настапите на Соучек станале ограничени и тој запишал само 93 минути во период од три месеци поради што бил проследен на заем во Слован Либерец во зимскиот преоден рок.[5]

Пред почетокот на сезоната 2017-2018, Славија го повлекла Соучек назад и тој станал одново редовен член на почетната постава, играјќи 27 натпревари во сезоната и постигнал 3 гола. На 9 мај 2018, тој го одиграл целиот натпревар за Славија Прага во победата со 3-1 над Јаблонец во финалето на Купот на Чешка, освојувајќи го својот прв трофеј во кариерата. Следната сезона, тој го освоил чешкото првенство со Славија и учествувал во одбраната на титулата во купот.

Вест Хем Јунајтед уреди

На 29 јануари 2020, Соучек се преселил во англискиот Вест Хем Јунајтед на заем до крајот на сезоната 2019–2020, со опција за откупување на играчот во летниот преоден рок.[6] Своето деби во Премиер лигата го имал на 1 февруари 2020, во ремито 3-3 на домашен терен против Брајтон. Својот прв гол за чеканите го постигнал во победата со 3-2 на домашен терен над Челси на 1 јули 2020. Сезоната ја завршил со 13 настапи и 3 гола (сите постигнати после паузата поради пандемијата на КОВИД-19).

Задоволувајќи ја управата на Вест Хем и менаџерот Дејвид Мојес со своите игри во сезоната 2019-2020, на 24 јули 2020, Соучек бил откупен од Вест Хем за 21 милион евра потпишувајќи четиригодишен договор со лондонската екипа.[7]

Соучек со Вест Хем.

Својот прв првенствен гол за сезоната 2020-2021, Соучек го постигнал на 7 ноември 2020, носејќи им ја победата на чеканите во судиското продолжение од натпреварот против Фулам на домашен терен добиен со 1-0. На 1 јануари 2021, Соучек го постигнал првиот гол во Премиер лигата за календарската 2021 година, погодувајќи ја мрежата на Евертон во успехот на Вест Хем со 0-1 на Гудисон Парк.[8] Сезоната ја завршил со вкупно 41 настап и 10 гола, завршувајќи како најдобар стрелец на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата со 10 постигнати гола, колку што дал и Мајкл Антонио.[9]

Репрезентативна кариера уреди

Соучек играјќи за чешката репрезентација.

Соучек ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 19, под 20 и под 21 година.

Со репрезентацијата под 21 година играл на Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, играјќи во сите три натпревари на Чешка на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација, Соучек го имал на 15 ноември 2016 година, во пријателски натпревар против Данска. Својот прв гол за чешката репрезентација го постигнал во победата со 2-1 над Исланд во уште еден пријателски натпревар.

На 24 март 2021, Соучек постигнал хет-трик во гостинската победа со 6-2 над Естонија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[10]

Во јуни 2021, Соучек бил повикан во чешката репрезентација за Европското првенство 2020. Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, а потоа бил и капитен на својата земја во победата со 2-0 над Холандија во осминафиналето.[11] Чешка го завршила учеството на првенството во четвртфиналето, после поразот од Данска со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
15-11-2016Млада БолеславЧешка 1 – 1  ДанскаПријателска-  66'
05-06-2017БриселБелгија 2 – 1  ЧешкаПријателска-
10-06-2017ОслоНорвешка 1 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2018- 73'
01-09-2017ПрагаЧешка 1 – 2  ГерманијаКвал. за СП 2018-
04-09-2017БелфастСеверна Ирска 2 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2018-
05-10-2017БакуАзербејџан 1 – 2  ЧешкаКвал. за СП 2018-  78'
08-11-2017ДохаИсланд 1 – 2  ЧешкаПријателска1 82'
11-11-2017ДохаКатар 0 – 1  ЧешкаПријателска-  74'
23-03-2018НанингУругвај 2 – 0  ЧешкаПријателска-  76'
26-03-2018НанингКина 1 – 4  ЧешкаПријателска-  79'
06-06-2018ШвехатНигерија 0 – 1  ЧешкаПријателска-  65'
06-09-2018Ухерске ГрадиштеЧешка 1 – 2  УкраинаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза- 53'
10-09-2018Ростов-на-ДонРусија 5 – 1  ЧешкаПријателска1 63'
13-10-2018ТрнаваСловачка 1 – 2  ЧешкаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза- 38'
15-11-2018ГдањскПолска 0 – 1  ЧешкаПријателска-  46'
19-11-2018ПрагаЧешка 1 – 0  СловачкаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
22-03-2019ЛондонАнглија 5 – 0  ЧешкаКвал. за Евро 2020-
26-03-2019ПрагаЧешка 1 – 3  БразилПријателска-
07-06-2019ПрагаЧешка 2 – 1  БугаријаКвал. за Евро 2020-
10-06-2019ОломоуцЧешка 3 – 0  Црна ГораКвал. за Евро 2020-
07-09-2019ПриштинаКосово 2 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 2020-
10-09-2019ПодгорицаЦрна Гора 0 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 20201 82'
11-10-2019ПрагаЧешка 2 – 1  АнглијаКвал. за Евро 2020-
14-11-2019П'лзењЧешка 2 – 1  КосовоКвал. за Евро 2020- 55'
17-11-2019СофијаБугарија 1 – 0  ЧешкаКвал. за Евро 2020-
11-10-2020ХаифаИзраел 1 – 2  ЧешкаУЕФА Лига на нации 2020-2021 -
14-10-2020ГлазговШкотска 1 – 0  ЧешкаУЕФА Лига на нации 2020-2021 -
11-11-2020ЛајпцигГерманија 1 – 0  ЧешкаПријателска- 76'
15-11-2020П'лзењЧешка 1 – 0  ИзраелУЕФА Лига на нации 2020-2021 -
18-11-2020П'лзењЧешка 2 – 0  СловачкаУЕФА Лига на нации 2020-2021 1
24-03-2021ЛублинЕстонија 2 – 6  ЧешкаКвал. за СП 20223
27-03-2021ПрагаЧешка 1 – 1  БелгијаКвал. за СП 2022- 43'
30-03-2021КардифВелс 1 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2022-
04-06-2021БолоњаИталија 4 – 0  ЧешкаПријателска-  46'
08-06-2021ПрагаЧешка 3 – 1  АлбанијаПријателска- 55'
14-06-2021ГлазговШкотска 0 – 2  ЧешкаЕвро 2020 - Прва фаза-
18-06-2021ГлазговХрватска 1 – 1  ЧешкаЕвро 2020 - Прва фаза-
22-06-2021ЛондонЧешка 0 – 1  АнглијаЕвро 2020 - Прва фаза-
27-06-2021БудимпештаХоландија 0 – 2  ЧешкаЕвро 2020 - Осминафинале-
ВкупноНастапи39Голови7

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 13 јуни 2021

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2014-јан.2015 Славија Прага00КЧ------00
јан.-јун.2015 Викторија Жижков140КЧ------140
2015–2016 Славија Прага297КЧ20----317
2016-јан.201770КЧ10ЛШ50--130
јан.-јун. 2017 Слован Либерец120КЧ10----130
2017-2018 Славија Прага273КЧ40ЛШ+ЛЕ3[12]+50+0--393
2018-201929+510+3КЧ23ЛШ+ЛЕ2[12]+110+2--4918
2019-јан.2020178КЧ--UCL8[13]2СЧ122612
Вкупно Славија Прага11431933441215840
јан.-јун. 2020 Вест Хем ЈунајтедПЛ133------133
2020-2021ПЛ3810ФАКуп+ЛК3+00------4110
Вкупно Вест Хем Јунајтед511330----5413
Вкупно во кариерата191441333441223953

Титули уреди

Клупски уреди

Славија Прага уреди

2018-2019
2017-2018, 2018-2019

Индивидуални уреди

2019,[14] 2020[15]
2020[16]

Наводи уреди

  1. „2020/21 Premier League squads confirmed“. Premier League. 20 October 2020. Посетено на 22 October 2020.
  2. „Jose Mourinho: West Ham lucky to draw; David Moyes has found his 'new Marouane Fellaini' in Tomas Soucek“. Skysports. 19 October 2020. Посетено на 19 October 2020.
  3. 'He just wasn't good enough' - Soucek's rise“ – преку www.bbc.co.uk.
  4. „RENTGEN: Štít Ngadeu? Řešení z nouze, které nyní táhne Slavii“. iSport.cz. Посетено на 8 December 2016.
  5. „Mám se vrátit do Slavie, víc neřeším, říká Souček před odletem na Euro“. iDNES.cz. 14 June 2017. Посетено на 2 July 2017.
  6. „West Ham United complete loan signing of Czech midfielder Tomáš Souček“. West Ham United FC. 29 January 2020. Посетено на 30 January 2020.
  7. „West Ham United complete €21m permanent Tomáš Souček transfer“. West Ham United. 24 July 2020. Посетено на 27 July 2020.
  8. „Soucek scores first goal of 2021, West Ham beats Everton“. SportsNet. 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  9. „West Ham United FC Statistics | Premier League“. www.premierleague.com.
  10. „Estonia 2–6 Czech Republic: Tomas Soucek scores hat-trick in comfortable win“. BBC Sport. 24 March 2021. Посетено на 24 March 2021.
  11. „Tomáš Souček: It was a great honour to captain Czech Republic to victory over Netharlands“. Вест Хем Јунајтед. 28 јуни 2021. Посетено на 30 јуни 2021.
  12. 12,0 12,1 во квалификациите
  13. 2 настапи во квалификациите
  14. „Souček jasným KRÁLEM! Záložník se po skvělé sezoně stal Fotbalistou roku“. isport.blesk.cz (чешки). CNC. 22 March 2020. Посетено на 23 March 2020.
  15. „Souček znovu králem českého fotbalu, Trpišovský nejlepším trenérem, Zima největším talentem“. sport.cz (чешки). Právo. 23 March 2021. Посетено на 23 March 2021.
  16. „Záložník Souček poprvé vyhrál anketu Zlatý míč ČR o fotbalistu sezony“. ksn.cz (чешки). KSN. 4 August 2020. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 4 August 2020.

Надворешни врски уреди