Јан Колер (роден на 30 март 1973 година во Сметанова Лхота) — чешки поранешен фудбалер, напаѓач. Тој бил препознатлив по неговата висина (2,02 м), физичка сила и ударот со глава.

Јан Колер
Лични податоци
Роден на30 март 1973(1973-03-30)(51 г.)
Роден воСметанова Лхота, Чехословачка
ДржаваЧешка Чешка
Висина&100000000000002020000002,02 м
Играчки податоци
Позицијанапад
Повлекување2011 (38 г.)
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1994–1996Спарта Прага Спарта Прага29(5)
1996–1999Локерен Локерен97(43)
1999–2001Андерлехт Андерлехт65(42)
2001–2006Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд138(59)
2006–2008Монако Монако50(12)
2008Нирнберг Нирнберг14(2)
2008-2009Крилја Советов Крилја Советов46(16)
2009-2011Кан Кан44(20)
Репрезентација
1995–1996Чешка Чешка 213(1)
1999–2009Чешка Чешка91(55)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Својата кариера ја започнал во Спарта Прага, а потоа се преселил во Белгија, каде играл за Локерен и Андерлехт. Во 2001 година, се приклучил на Борусија Дортмунд, каде ја освоил титулата во Бундеслигата во својата прва сезона и постигнал 73 гола на 167 натпревари за време на петте сезони поминати во клубот. По заминувањето од Дортмунд, тој играл за Монако, пред да се врати Бундеслигата во дресот на Нирнберг. Во 2008 година Колер потпишал за Крилја Советов, а кариерата ја завршил во Кан во 2011 година.

За чешката репрезентација, Колер одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. Тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација, која ја претставувал на три Европски првенства во 2000, 2004 и 2008 година како и на Светското првенство 2006.

Животопис уреди

Колер е роден во Сметанова Лхота, во тогашна Чехословачка. Познат по својата височина (2,02 м) и градба, за време на својата фудбалска кариера тој бил наречен Дино.

Од 2003 година Колер е оженет со моделот, Хедвика Колер, која претходно била во брак со чешкиот фудбалер и играч од средниот ред Павел Хорват.

Клупска кариера уреди

Почетоци и Спарта Прага уреди

Колер започнал да игра фудбал како дете, заедно со неговиот брат, во локалниот аматерски клуб Сметанова Лхота, каде тренер бил неговиот татко, а во 1989 година се преселил во ЗВЗ Милевско. На почетокот од својата кариера Јан играл на позицијата голман[1] која најмногу одговарала на неговата физичка градба, но на осумнаесетгодишна возраст бил преместен на позицијата централен напаѓач, каде докажал дека има динамичност и добри техничко-координативни вештини и покрај гигантската физика.

Во 1994 година, кога имал 21 година, Колер бил ангажиран од славниот чешки клуб Спарта Прага, и тогашен водач во чешкото првенство. Своето деби за Спарта го направил во пролетта 1995 година против Бенешов, влегувајќи од клупата за резерви во последните 20 минути од натпреварот.[2] За време на својата прва сезона како професионалец, тој главно седел на клупата, и успеал да собере само 6 настапи на кој постигнал 1 гол. Следната сезона, играл повеќе за клубот од главниот град на Бохемија, забележувајќи 23 натпревари и 4 гола.

Локерен и Андерлехт уреди

Во 1996 година, Колер потпишал за белгискиот Локерен за надоместок од 102,000 евра.[1] Своето деби во Белгиската лига го направил на 10 август 1996, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Мускрон, влегувајќи од клупата за резерви на полувремето. Веќе во својата прва сезона во клубот тој станал редовен стартер, играјќи 31 натпревар во првенството и постигнал 8 гола. Следната сезона тој постигнал 10 гола на 33 натпревари, а својата целосна афирмација ја имал во сезоната 1998-1999 кога постигнал 24 гола на 33 натпревари и бил најдобар стрелец во белгиското првенство.

Одличната сезона во Локерен, му донела трансфер во многу поголемиот и пославен белгиски клуб Андерлехт, во летото 1999 година. Дебитирал за Андерлехт на 8 август 1999, во победата со 3-2 на домашен терен над Мускрон, а својте први голови ги постигнал една недела подоцна во победата со 5-2 над Беверен кога постигнал два гола. Тој оформил одлично партнерство во нападот со канаѓанецот, Томаш Радзински, и тие двајца постигнале 34 (20 Колер и 14 Радзински) од вкупно 86 гола на Андерлехт во лигата. Благодарение на големата ефикасност на својте напаѓачи, Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство во сезоната 1999-2000, а Колер бил избран за Фудбалер на годината во Белгија. Во истата сезона, тој играл со Андерлехт и во Купот на УЕФА, каде на 4 натпревари постигнал три гола, а Андерлехт бил елиминиран во второто коло од Болоња со вкупен резултат 4-2: 2-1 за Андерлехт во Белгија со два гола на Колер и 3-0 во реваншот за италијанците.

Во сезоната 2000-2001, Колер го направил своето деби во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-2 над кипарскиот Анортозис Фамагуста. Тој, потоа го постигнал и единствениот гол во двомечот против Порто, со кој му обезбедил на својот тим место во групната фаза. Колер постигнал гол и во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 5-1 на гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед. Сметајќи ги и квалификациите тој постигнал вкупно 7 голови во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001. На домашната сцена пак, Колер му помогнал на Андерлехт да освои уште една титула во лигата постигнувајќи 22 гола, со кој бил втор стрелец во превенството со еден гол помалку од својот партнер во нападот Радзински. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил клубот оставајќи зад себе одлични бројки од 64 гола на 102 настапи.

Борусија Дортмунд уреди

Колер во дресот на Борусија Дортмунд.

Во летото 2001 година, Колер потпишал за Борусија Дортмунд во трансфер кој чинел околу 8 милиони евра.[3] Тој потпишал четиригодишен договор со милионерите во трајност до летото 2005 година.[4] Своето деби за новиот клуб го направил на 11 јули 2001 година, во полуфиналето од Лига купот на Германија против Фрајбург; тој го одиграл целиот натпревар вклучувајќи ги и продолженија и бил еден од тројцата прецизни изведувачи на пенали во завршницата помагајќи му на својот тим да се пласира во финалето. Своето деби во Бундеслигата, го имал на 28 јули, во победата со 2-0 на домашен терен над Нирнберг, притоа асистирајќи му на двојниот стрелец Марсио Аморосо за првиот гол. Својот прв гол во жолтиот дрес го постигнал на 11 август 2001, во третото коло од Бундеслигата 2001-2002, кога Борусија на домашен терен го победила Волфсбург со 4-0. Кон крајот на август, тој постигнал два гола во победата со 3-1 на домашен терен над Шахтар Донецк во квалификациите од Лигата на шампионите, со што германскиот клуб изборил место во групната фаза од натпреварувањето. Во групната фаза, Колер ги одиграл сите 6 натпревари и постигнал два гола против Динамо Киев и Боавишта, но Борусија Дортмунд не успеала да се пласира понатаму завршувајќи на третото место во групата зад Ливерпул и Боавишта, по што европската сезона ја продолжиле во Купот на УЕФА, каде стигнале до финалето во кое биле поразени од Фејенорд со 3-2. Во својата прва сезона во клубот, Колер постигнал 11 првенствени гола, вклучувајќи го и оној во последното коло против Вердер Бремен во победата со 2-1, одлучувачка за освојување на титулата во Бундеслигата.

Тој останал во Борусија Дортмунд до 2006 година, но не освоил ниту еден трофеј повеќе со клубот. Во летото 2005 година, тој одбил да го продолжи договорот со клубот, најавувајќи дека ќе го напушти по завршувањето на сезоната 2005-2006. „Сакам уште една добра сезона со навивачите и да го одјавам моето успешно поглавје во Дортмунд“, изјавил Колер.[5] Сепак неговата последна сезона во клубот на била многу успешна; тој доживеал тешка повреда во септември за време на првенствениот натпревар против Мајнц,[6] поради која пропуштил 7 месеци од сезоната и одиграл само 12 натпревари. Тој се вратил во акција во мај 2006 година, а во својот последен натпревар се збогувал со навивачите на милионерите со два гола во мрежата на најголемиот соперник Бајерн Минхен во натпревар што завршил 3-3.

Колер играјќи за Крилја Советов во 2009 година.

Монако и Нирнберг уреди

Во јуни 2006 година, Колер потпишал двегодишен договор со Монако.[7] Тој одиграл коректна прва сезона во францускиот фудбал, постигнувајќи 8 гола во 35 натпревари во Лига 1 и куповите. Во втората сезона почнал да го губи местото во почетната постава и не мал број натпревари започнал на клупата, по што одлучил да го напушти Монако и да се врати во Бундеслигата со цел да избори место во чешката репрезентација за Европското првенство 2008.

Во јануари 2008, Колер потпишал за Нирнберг за обесштетување од 1 милион евра,[8] придружувајќи им се на својте сонародници Томаш Галасек и Јаромир Блажек. Своето деби за баварскиот клуб го направил на 2 февруари, во натпреварот Карлсруе-Нирнберг 2-0, а својот прв гол го постигнал една недела подоцна во ремито 1-1 на домашен терен против Ханза Росток. На 20 април, со својот втор гол за сезоната тој му донел победа на Нирнберг на домашен терен против Волфсбург (1-0), но не успеал во конечната мисија да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата по што било јасно дека ќе биде продаден во текот на летото.

Последните години од кариерата уреди

На 23 јуни 2008, на возраст од 35 години, Колер и се приклучил на руската екипа Крилја Советов, која ги откупила неговите права од Нирнберг за 1 милион евра.[9] Таму играл до декември 2009, кога бил ослободен поради финансиските проблеми со кои се соочувал клубот.

На 5 декември 2009, Колер се вратил во Франција, каде потпишал договор со третолигашот Кан до 2011 година.[10] Во август 2011 година, на возраст од 38 години, Колер го објавил своето повлекување од фудбалот како резултат на серија повреди со кои се мачел во последно време.[1]

Репрезентативна кариера уреди

Во 1995 и 1996 година, Колер играл за младата чешка репрезентација под 21 година, забележувајќи 3 настапи, на кои постигнал 1 гол против Норвешка во квалификациите за Европско првенство за играчи под 21 година 1996.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 9 февруари 1999 година, во пријателски натпревар против Белгија одигран на стадионот Крал Бодуен во Брисел, и токму тој го постигнал единствениот гол во натпреварот во 73-тата минута за победа на Чешка со 1-0. Потоа, тој играл во неколку натпревари од квалификациите за Европското првенство 2000 година, каде бил многу ефикасен постигнувајќи 6 гола со кои и помогнал на Чешка да се квалификува на завршниот турнир во Белгија и Холандија. Почнувајќи од квалификацискиот натпревар против Естонија во Талин на 5 јуни 1999, до победата со 4-1 над Израел на 26 април 2000, Колер имал фантастична серија од 10 натпревари по ред со репрезентацијата на кои бил стрелец. Во јуни 2000, бил повикан од селекторот Јозеф Чованец за Европското првенство 2000; тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација на турнирот, на кој чесите биле елиминирани уште во групната фаза.

Во квалификациите за Светското првенство 2002 година, Колер постигнал само два гола на осум натпревари, и двата во победата со 4-0 над Исланд во Теплице. Чешка останала без пласман на првенството, откако во баражот загубиле од Белгија со вкупен резултат 0-2. Затоа пак тој бил многу поефикасен во квалификациите за Европското првенство 2004 година, во кои постигнал 6 гола и помогнал чешката репрезентација да се квалификува за првенството кое се одржало во Португалија. Чешка била во група со Германија, Холандија и Латвија, и остварила три победи и сите после пресврт откако противникот прв постигнувал гол. Колер постигнал еден гол во групната фаза против Холандија, а подоцна додал уште еден во победата со 3-0 над Данска во четвртфиналето. Сепак, силната чешка репрезентација на ова првенство била сопрена во полуфиналето од подоцнежниот шампион Грција, со сребрениот гол на Трајанос Делас на крајот на првото продолжение.

На 8 јуни 2005, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2006 година против Македонија, Колер постигнал 4 гола за само 11 минути во победата со 6-1 во Теплице. Тој постигнал вкупно 9 гола во квалификациите и бил ударна игла во нападот на чесите, носејќи и историски пласман на Чешка на прво Светско првенство како самостојна држава. Во првиот натпревар на Мундијалот во Германија, Колер го постигнал првиот гол за Чешка по само 5 минути игра во убедливата победа со 3-0 над САД во групата Е. За жал, подоцна во истиот натпревар по еден двобој со Огучи Ониеву тој доживеал мала повреда на бутниот мускул, поради која натпреварот против американците бил неговиот единствен на првенството; без него во тимот репрезентацијата ги загубила следните два натпревари против Гана и Италија и биле елиминирани уште по групната фаза.

Колер најавил дека ќе се повлече од репрезентацијата по Европското првенство 2008.[11] Тој ги одиграл сите три натпревари во групата, постигнувајќи еден гол во последниот натпревар од групата против Турција во поразот со 3-2. И покрај најавите дека ќе се повлече, Колер се вратил на кратко во репрезентацијата, за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2010, играјќи еден натпревар против Словачка,[12] а потоа и конечено ја завршил својата репрезентативна кариера.

Вкупно за Чешка одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. До денес, тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
9-2-1999БриселБелгија 0 – 1  ЧешкаПријателска1
27-3-1999ТеплицеЧешка 2 – 0  ЛитванијаКвал. за Евро 2000-
28-4-1999ВаршаваПолска 2 – 1  ЧешкаПријателска-
5-6-1999ТалинЕстонија 0 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 20001
9-6-1999ПрагаЧешка 3 – 2  ШкотскаКвал. за Евро 20001
18-8-1999ТеплицеЧешка 3 – 0  ШвајцаријаПријателска1
4-9-1999ВилниусЛитванија 0 – 4  ЧешкаКвал. за Евро 20002
8-9-1999ТеплицеЧешка 3 – 0  Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 20001
9-10-1999ПрагаЧешка 2 – 0  Фарски ОстровиКвал. за Евро 20001
13-11-1999ПрагаЧешка 1 – 1  ХоландијаПријателска1
23-2-2000ДаблинИрска 3 – 2  ЧешкаПријателска2
29-3-2000ПрагаЧешка 3 – 1  АвстралијаПријателска1
26-4-2000ТеплицеЧешка 4 – 1  ИзраелПријателска1
3-6-2000БерлинГерманија 3 – 2  ЧешкаПријателска-
11-6-2000АмстердамХоландија 1 – 0  ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
16-6-2000БрижЧешка 1 – 2  ФранцијаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
21-6-2000ЛиежДанска 0 – 2  ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
16-8-2000ПрагаЧешка 0 – 1  СловенијаПријателска-
2-9-2000СофијаБугарија 0 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
7-10-2000ТеплицеЧешка 4 – 0  ИсландКвал. за СП 20022
11-10-2000Та КалиМалта 0 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2002-
28-2-2001СкопјеМакедонија 1 – 1  ЧешкаПријателска-
14-3-2001БелфастСеверна Ирска 0 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
28-3-2001ПрагаЧешка 0 – 0  ДанскаКвал. за СП 2002-
2-6-2001КопенхагенДанска 2 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
6-6-2001ТеплицеЧешка 3 – 1  Северна ИрскаКвал. за СП 2002-
15-8-2001ПрагаЧешка 5 – 0  Јужна КорејаПријателска-
1-9-2001РејкјавикИсланд 3 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
12-2-2002БудимпештаУнгарија 0 – 2  ЧешкаПријателска1
13-2-2002НикозијаКипар 3 – 4  ЧешкаПријателска2
27-3-2002ТеплицеЧешка 0 – 0  ВелсПријателска-
17-4-2002ПрагаЧешка 0 – 0  ГрцијаПријателска-
18-5-2002ПрагаЧешка 1 – 0  ИталијаПријателска-
21-8-2002ОломуцЧешка 4 – 1  СловенијаПријателска2
6-9-2002ПрагаЧешка 5 – 0  СР ЈугославијаПријателска-
12-10-2002КишињевМолдавија 0 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 2004-
16-10-2002ТеплицеЧешка 2 – 0  БелорусијаКвал. за Евро 2004-
12-2-2003НицаФранција 0 – 2  ЧешкаПријателска-
29-3-2003РотердамХоландија 1 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 20041
2-4-2003ПрагаЧешка 4 – 0  АвстријаКвал. за Евро 20042
30-4-2003ПрагаЧешка 4 – 0  ТурцијаПријателска1
11-6-2003ОломуцЧешка 5 – 0  МолдавијаКвал. за Евро 20041
6-9-2003МинскБелорусија 1 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 2004-
10-9-2003ПрагаЧешка 3 – 1  ХоландијаКвал. за Евро 20041
11-10-2003ВиенаАвстрија 2 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 20041
30-11-2003ПрагаЧешка 5 – 1  КанадаПријателска-
18-2-2004ПалермоИталија 2 – 2  ЧешкаПријателска-
31-3-2004ДаблинИрска 2 – 1  ЧешкаПријателска-
28-4-2004ТокиоЈапонија 0 – 1  ЧешкаПријателска-
2-6-2004ПрагаЧешка 3 – 1  БугаријаПријателска-
6-6-2004ПрагаЧешка 2 – 0  ЕстонијаПријателска-
15-6-2004АвеироЧешка 2 – 1  ДанскаЕвро 2004 - Прва фаза-
19-6-2004АвеироХоландија 2 – 3  ЧешкаЕвро 2004 - Прва фаза1
27-6-2004ПортоЧешка 3 – 0  ДанскаЕвро 2004 - Четвртфинале1
1-7-2004ПортоГрција 1 – 0  ЧешкаЕвро 2004 - Полуфинале-
18-8-2004ПрагаЧешка 0 – 0  ГрцијаПријателска-
8-9-2004АмстердамХоландија 2 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2006-
9-10-2004ПрагаЧешка 1 – 0  РоманијаКвал. за СП 20061
13-10-2004ЕреванЕрменија 0 – 3  ЧешкаКвал. за СП 20062
17-11-2004SkopjeМакедонија 0 – 2  ЧешкаКвал. за СП 20061
9-2-2005ЦељеСловенија 0 – 3  ЧешкаПријателска1
4-6-2005ЛиберецЧешка 8 – 1  АндораКвал. за СП 20061
8-6-2005ТеплицеЧешка 6 – 1  МакедонијаКвал. за СП 20064
17-8-2005ГетеборгШведска 2 – 1  ЧешкаПријателска1
3-9-2005КостанцаРоманија 2 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2006-
7-9-2005ОломуцЧешка 4 – 1  ЕрменијаКвал. за СП 2006-
30-5-2006ПрагаЧешка 1 – 0  КостарикаПријателска-
3-6-2006ПрагаЧешка 3 – 0  Тринидад и ТобагоПријателска2
12-6-2006ГелзенкирхенСАД 0 – 3  ЧешкаСП 2006 - Прва фаза1
16-8-2006ПрагаЧешка 1 – 3  СрбијаПријателска-
2-9-2006ТеплицеЧешка 2 – 1  ВелсКвал. за Евро 2008-
6-9-2006БратиславаСловачка 0 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 20081
7-10-2006ЛиберецЧешка 7 – 0  Сан МариноКвал. за Евро 20082
11-10-2006ДаблинИрска 1 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 20081
7-2-2007БриселБелгија 0 – 2  ЧешкаПријателска1
24-3-2007ПрагаЧешка 1 – 2  ГерманијаКвал. за Евро 2008-
28-3-2007ЛиберецЧешка 1 – 0  КипарКвал. за Евро 2008-
2-6-2007КардифВелс 0 – 0  ЧешкаКвал. за Евро 2008-
22-8-2007ПрагаЧешка 1 – 1  АвстријаПријателска1
8-9-2007СеравалеСан Марино 0 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 20081
17-10-2007МинхенГерманија 0 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 2008-
17-11-2007ПрагаЧешка 3 – 1  СловачкаКвал. за Евро 2008-
21-11-2007НикозијаКипар 0 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 20081
6-2-2008ТеплицеЧешка 0 – 2  ПолскаПријателска-
26-3-2008КопенхагенДанска 1 – 1  ЧешкаПријателска1
27-5-2008ПрагаЧешка 2 – 0  ЛитванијаПријателска2
30-5-2008ТеплицеЧешка 3 – 1  ШкотскаПријателска-
7-6-2008БазелШвајцарија 0 – 1  ЧешкаЕвро 2008 - Прва фаза-
11-6-2008ЖеневаЧешка 1 – 3  ПортугалијаЕвро 2008 - Прва фаза-
15-6-2008ЖеневаТурција 3 – 2  ЧешкаЕвро 2008 - Прва фаза1
5-9-2009БратиславаСловачка 2 – 2  ЧешкаКвал. за СП 2010-
ВкупноНастапи (6. место)91[13]Голови (1. место)55

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 26 април 2020.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1994-1995 Спарта Прага61КЧ00------61
1995-1996234КЧ00КУ71---305
Вкупно Спарта Прага295--71--366
1996-1997 ЛокеренД1318КБ--------318
1997-1998Д13311КБ--------3311
1998-1999Д13324КБ53------3827
Вкупно Локерен974353----10246
1999-2000 АндерлехтД13320КБ10КУ43---3823
2000-2001Д13222КБ30ЛШ16[14]7[15]СБ105229
Вкупно Андерлехт6542402010109052
2001-2002 Борусија Дортмунд3311КГ+ЛКГ1+10ЛШ+КУ8[16]+64[17]+2---4917
2002-20033413КГ+ЛКГ1+11+0ЛШ128---4822
2003-20043216КГ+ЛКГ2+31+2ЛШ+КУ2[16]+30---4219
2004-20053015КГ31ИК00---3316
2005-200694КГ11ИК20---125
Вкупно Борусија Дортмунд138591363314--18479
2006-2007 МонакоЛ1328КФ+ЛКФ1+20------358
2007-јан. 2008Л1184КФ+ЛКФ0+10------194
Вкупно Монако501230----5312
јан.-јун. 2008 Нирнберг142---КУ20---162
2008 Крилја СоветовПЛ187---------187
2009ПЛ289КР10------309
Вкупно Крилја Советов461610----4716
дек. 2009-2010 КанШН154---------154
2010-2011ШН2916КФ10------3016
Вкупно Кан442010----4520
Вкупно во кариерата469197279622510557231

Репрезентативна кариера уреди

Фудбалска репрезентација на Чешка[18]
ГодинаНастГолови
1999109
2000116
200170
200295
200397
2004146
200567
200687
200794
200874
200910
Вкупно9155

Куриозитет уреди

За време на сезоната 2002-2003 во Бундеслигата, во натпреварот помеѓу неговата Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен се случила интересна ситуација. Голманот на Борусија во тој натпревар Јенс Леман бил исклучен од игра, а тренерот на тимот веќе ги имал потрошено сите три замени. Така, позицијата голман во 67-мата минута ја заземал Колер, кому ова не му било чудно затоа што на почетокот од кариерата играл токму на таа позиција. Колер кој веќе претходно постигнал гол на тој натпревар, во остатокот од времето бранел многу добро, така што не дозволил да прими ниту еден гол и натпреварот завршил со истиот резултат кој бил на сила и кога тој застанал на голот, 2-1 за Бајерн, иако баварците потоа имале и два играчи повеќе на теренот. Како резултат на својте одлични перформанси на голот на Борусија, спортското списание „Кикер“ го ставило Колер во тимот на колото на позицијата голман.[19]

Титули уреди

Клупски уреди

Спарта Прага уреди

1994–1995
1995-1996

Андерлехт уреди

1999-2000, 2000-2001
2000, 2001

Борусија Дортмунд уреди

2001–2002

Поединечни уреди

1999
2000
Најдобар стрелец на белгиското првенство: 1
1998-1999

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Czech striker Koller calls it a day“. FourFourTwo. 17 August 2011. Посетено на 17 October 2013.
  2. „Teď už budu hrát jen zadarmo, loučil se fotbalový útočník Koller“. idnes.cz (чешки). 6 September 2011. Посетено на 12 May 2013.
  3. „Koller signs for Dortmund“. The Guardian. 25 мај 2001. Посетено на 25 април 2020.
  4. Koller signs for Dortmund BBC Sport
  5. „Koller set to leave Dortmund“. Times Malta. 1 септември 2005. Посетено на 25 арпил 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Koller facing lengthy layoff“. Eurosport. 24 септември 2005. Посетено на 25 април 2020.
  7. „Monaco sign Czech giant Jan Koller“. ESPN. 5 јуни 2006. Архивирано од изворникот на 2020-07-22. Посетено на 25 април 2020.
  8. „Jan Koller to Nurnberg“. eyefootball.com. 7 јануари 2008. Посетено на 25 април 2020.
  9. „Koller signs contract with Russian club Samara“. SI.com. 23 June 2008. Архивирано од изворникот на 27 June 2008. Посетено на 24 June 2008.
  10. „Koller signs for Cannes“. FIFA. 4 December 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-13. Посетено на 4 December 2010.
  11. „Koller to quit Czechs after Euro finals“. CNN. 8 April 2008. Посетено на 9 June 2008.
  12. „Vracím se do reprezentace, řekl Koller. Hrát chtějí i Jarošík, Jiránek a Kováč“ (чешки). idnes.cz. 19 July 2009. Посетено на 29 December 2012.
  13. Изедначен со Павел Недвед.
  14. 4 настапи во второто и третото квалификациско коло.
  15. 4 гола во второто и третото квалификациско коло.
  16. 16,0 16,1 2 настапи во третото квалификациско коло.
  17. 2 гола во третото квалификациско коло.
  18. „Jan Koller – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 2 февруариy 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. 1. Bundesliga: die Elf des Tags am 12. Spieltag der Saison 2002/03 - kicker online

Надворешни врски уреди