Тиквичка
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Ред:Cucurbitales
Семејство:Cucurbitaceae
Род:Cucurbita
Вид:Cucurbita pepo
Подвид:C. p. subsp. pepo
Сорта:C. p. subsp. pepo convar. giromontiina

Тиквичкаедногодишно лијанско растение од фамилијата тикви (Cucurbitaceae), чиј плод се користи во човечката исхрана. Тиквичката е одгледуван култивар од тиквата.

Потекло уреди

Цвет на тиквичка

Постојат разни теории за потеклото на тиквичката – некои тврдат дека потекнува од Азија, конкретно од Индија[1], додека други тврдат дека потекнува од Америка, поконкретно од Мексико и дека во Европа ја донеле шпанските конквистадори. Меѓутоа, оваа теорија не делува веројатно бидејќи тиквичките се споменуваат во Стар Египетстароегипетските записи, а исто така постојат и докази дека ја познавале и антички РимРимјаните[2].

Одгледување уреди

Тиквичката бара многу светлина и топлина. На температуратемператури пониски од 10 °C, растението престанува да расте. Треба доста да се наводнува, а земјата да се одржува влажна, но треба да се води сметка за влажноста затоа што тиквичката е склона на габични заболувања. Земјата на која се сади треба да биде растресита, длабока и по можност песоклива. Стеблото би требало да се потпре со потпорни стапови, бидејќи плодовите се многу тешки, па тежнеат да се спуштат на земја, со што плодот би бил поизложен на растителни болести [3]

Особини уреди

Млад плод од тиквичка

Овој зеленчук содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта.[4], а исто така ја подобрува и концентрацијата [1]. Тиквичката содржи и значајни количини витамин Ц[3].

Поврзано уреди

Полнети тиквички

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Тиквице побољшавају концентрацију
  2. Curso a distancia: Agricultura: Calabacín
  3. 3,0 3,1 „Cultivo de hortalizas: Calabacín“. Архивирано од изворникот на 2017-05-29. Посетено на 2017-12-16.
  4. Базар онлајн. Сезона тиквица и плавог патлиџана

Надворешни врски уреди

🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Гордана Силјановска-ДавковаГлавна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Избори во МакедонијаИзборна единица 1Изборна единица 5Изборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Македонски претседателски избори (2014)Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 6Стево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 4Арбен ТаравариСпецијална:БарајБилјана ВанковскаВелигденМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (1999)Максим ДимитриевскиДонтов методПретседател на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Македонски претседателски избори, 2009МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Македонски парламентарни избори (2006)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2011)Али АхметиКиро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2004)Христијан Мицкоски