Фудбалска репрезентација на Молдавија

Фудбалската репрезентација на Молдавија (романски: Echipa națională de fotbal a Moldovei) ја претставува Молдавија во фудбалските натпреварувања и е контролирана од Фудбалската молдавска федерација, управувачкото тело за фудбал во Молдавија. Домашен терен на Молдавија е Стадионот Цимбру во Кишињев, а нивни главен тренер е Енгин Фират. По распадот на Советскиот Сојуз, тие го одиграле својот прв натпревар против Грузија на 2 јули 1991 година.

Фудбалска репрезентација на Молдавија
СојузФудбалска молдавска федерација (Federația Moldovenească de Fotbal; FMF)
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторЕнгин Фират
КапитенАлександру Епуреану
Најмногу настапиАлександру Епуреану (91)
Најдобар стрелецСергеј Клескенко (11)
Домашен стадионСтадион Цимбру, Кишињев
Домашни бои
Гостински бои

Два од нивните три најдобри резултати во 90-тите години, дошле за време на квалификациите за Европското првенство 1996, со победи над Грузија (1:0) во Тбилиси, и Велс (2:3) во Кишињев. Во 2007 година, Молдавија остварила многу добар резултат, совладувајќи ја Унгарија со 3:0 во Кишињев во квалификациите за Евро 2008. Нивниот најдобар неодамнешен резултат била победа од 5:2 над Црна Гора за време на квалификациите за Светското првенство 2014. Репрезентацијата никогаш до сега не се квалификувала во завршницата на Европското првенство, ниту на Светското првенство сè до овој моментот.

После 4:0 поразот на Молдавија од Англија во септември 1997 година, британскиот писател и комичар Тони Хокс патувал во Молдавија за да ги предизвика и да ги победи сите 11 репрезентативци на Молдавија во тенис. Книжевната филмска верзија на книгата со исто име, Играње на Молдавците во тенис, била снимена во и околу Кишињев во мај и јуни 2010 година и била објавена во пролетта 2012 година.

Историја уреди

Фудбалската федерација на Молдавија била основана во 1990 година. Сепак, фудбалската репрезентација на Молдавија не одиграла службен меѓународен натпревар до 1991 година, кога Молдавија загубила од Грузија.

Првиот обид на Молдавија да се квалификува на Светското првенство било во 1998 година, но тие не успеале да се квалификуваат на турнирот. Молдавија завршила или последна или втора последна во сите квалификувачки кампањи за турнирите, до сега, освен квалификациите за УЕФА Евро 2008, во кои завршиле на петтото место од седум репрезентации, во групата Ц со 12 бода.

Натпреварувачки учинок уреди

Светско првенство уреди

Учинок на Светското првенствоУчинок на квалификациите
ГодинаФазаМестоОНПНЗДГПГСоставОНПНЗДГПГ
1930 до 1938Дел од Романија
1950 до 1990Дел од Советскиот Сојуз
1994Не била член на ФИФАНе била член на ФИФА [1]
1998Не се квалификувала8008221
200210136620
200610127516
201010037618
2014103251217
201810028423
2022Ќе се утврди
Вкупно0/6585124135115

Европско првенство уреди

Учинок на Европското првенствоУчинок на квалификациите
ГодинаФазаМестоОНПНЗДГПГСоставОНПНЗДГПГ
1960 до 1992Дел од Советскиот Сојуз и ЗНД
1996Не се квалификувала103071127
20008044717
20048206519
2008123361219
2012103071216
201610028416
202010109426
2024Ќе се утврди
Вкупно0/7681294755140

Лига на нации уреди

Учинок во Лигата на нации
ГодинаДивизијаМестоОНПНЗДГПГ
2018-19Д48.623145
2020–21ЦЌе се утврди
Вкупно623145

Наводи уреди

  1. Член на ФИФА 16 јуни 1994.

Надворешни врски уреди