Бонбоните се тврди слатки направени од шеќер, со додадени бои и мириси. Зборот доаѓа од францускиот збор „Бон“ што значи нешто добро. Бонбоните се тврди и се јадат подолго време, и тешко може да се прегризат. Производителот на бонбони се нарекува бонбонџија.

Бонбони

Во минатоот, бонбоните се продавале на грамови од големи стаклени садови, а денес главните производители се фабриките и се пакувани во кесички по 100 грама.

Производство уреди

Сирупот, кој е мешавина од шеќер, вода, млеко и друго, се вари со одредена концентрација, или додека да се карамелизира. Во зависност од составот и должината на вриење, се добиваат различни видови на бонбони.

Бонбоната како мотив во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Дожд од бонбони“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[1]
  • „Поучни бонбнони“ — расказ на Џани Родари.[2]
  • „Бомби и бонбони“ (хрватски: Bombe i Bomboni) — песна на хрватската рок-група Структурне птице.[3]

Наводи уреди

  1. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  2. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  3. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)

Надворешни врски уреди

🔥 Top keywords: Главна страницаЕп за ГилгамешСердаротСпецијална:БарајМРТ 1Свети Климент ОхридскиГраматички категории на именките во македонскиот јазикПохвала на нашиот татко и учител словенски Кирил ФилософАпозиција во македонскиот јазикКатегорија вид на глаголите во македонскиот јазикУЕФА Лига на шампиониКарлес ПуџдемонЗаповеден начин во македонскиот јазикУчебникарска дејност во МакедонијаМРТ 3МакедонијаСвети Кирил и МетодијМакедонската книжевност во 19 векБроеви во македонскиот јазикПридавкаСпецназОче нашГлаголи во македонскиот јазикЗападномакедонско наречјеПредлози во македонскиот јазикГлаголски прилог во македонскиот јазикПрилогДимитар ТалевСвети ТалалејФигура (стилистика)Македонски јазикМочуриштеИменкаМорфологија на македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2024)КирилицаСтепенување на придавки во македонскиот јазикФК Реал МадридОбразование