Цртичка (-) — интерпункциски знак кој главно се користи за поврзување на зборови и делење на зборовите на слогови. Во македонскиот јазик, цртичката секогаш се употребува без белини од двете страни и е потребно да се разликува од знакот црта.

-

Интерпункција

апостроф( ' )
загради( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки( : )
запирка( , )
црта( , , , )
три точки( , ... )
извичник( ! )
точка( . )
закосени наводници( « » )
цртичка( -, )
прашалник( ? )
наводници( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка( ; )
коса црта( / )
знак ⁄( )
Одделување на зборови
празно место( ) () () ( ) () () ()
интерпункт( · )
Општа типографија
амперсанд( & )
знак ет( @ )
ѕвездичка( * )
обратна коса црта( \ )
потточка( )
карета( ^ )
валутаопшт:( ¤ )
особени:฿, ¢, $, , , £, , ¥, ,
крст( , )
степен( ° )
превртен извичник( ¡ )
превртен прашалник( ¿ )
тараба( # )
знак за нумеро( )
реден показател(º, ª)
отсто и сл.( %, ‰, )
нов ред( )
прим( )
отсечок( § )
тилда( ~ )
преглас( ¨ )
долна црта( _ )
вертикална/испрекината црта( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам( )
индекс( )
знак ∴( )
знак ∵( )
интеробанг( )
знак за иронија( ؟ )
ромб( )
знак за референца( )

Употреба уреди

Цртичка се употребува во следните случаи:[1]

  • поврзување на именки што означуваат еден поим, а деловите го чуваат своето самостојно значење (на пр. предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири итн.);
  • поврзување на двојни презимиња, како и презиме и прекар (на пр. Марија Матовска-Стојановска и Јордан Хаџи Константинов-Џинот);
  • кога првиот дел од зборот е напишан со бројка (на пр. Неопходно е 4-годишно стручно образование.);
  • кај некои скратувања и скратени изрази (на пр. д-р, м-р, г-ѓа итн.)М
  • при пренесувањето на зборовите во друг ред (на пр. тет-рат-ка);
  • при делење на зборовите на слогови (на пр. у-ба-ви-на);
  • при писмено предавање на нагласени слогови (на пр. на-пред на-ши!);
  • кај ономатопејски изрази (на пр. ав-ав, чук-чук, бум-трас); и
  • при одвојување на комбинации од цифри, најчесто кај телефонски броеви, жиро-сметки, пропорции на величини и сл. (Наместо цртичка во овој случај може да стои белина!) (на пр. Неговиот телефонски број е: 071-223-3… (или: 071 223 3..).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Цртичка (-)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 30 ноември 2018.