Хунгароринг

Хунгароринг е автодром во Унгарија, каде што се одржува трката на Формула Еден за големата награда на унгарското Гран при. Во 1986 година,[1] автодромот стана локација на првата Формула Еден голема награда зад Железната Завеса. Берни Еклстоун сакал да се одржува трка во СССР, но негов унгарски пријател ја препорачал Будимпешта. Тие сакале улична трка налик на Трката на Монако која требала да биде изградена во Неплигет,[2] кој е најголемиот парк во Будимпешта, но владата одлучила да изгради нова патека веднаш надвор од градот[3] во близина на главниот автопат. Изградбата започнала на 1 октомври 1985 година. Таа била изградена за осум месеци, за помалку време отколку било која друга патека на Формула Еден. Првата трка се одржала на 24 март 1986 година, во спомен на Џон Драпал, првиот Унгарец кој ја освоил мото гп трки. Според анкетата спроведена од националната туристичка статистика на Унгарија, Монгорјод се рангирал на третото место кај унгарските одредишта посетени од страна на туристите, зад крајбрежната област на Дунав и езерото Балатон, но пред Будимпешта.[4] Патеката има ФИА лиценца од прв степен.[5]

Сателитска снимка од Хунгароринг од април 2018

Наводи уреди

  1. „Hungarian Grand Prix“. CNN. Архивирано од изворникот на 24 December 2007. Посетено на 24 February 2008.
  2. „Formula One:a way of fine-tuning an image“. International Herald Tribune. 26 September 2003. Архивирано од изворникот на 4 August 2008. Посетено на 25 February 2008.
  3. „Hungaroring, Hungary“. BBC News. 29 June 2007. Посетено на 18 February 2008.
  4. „Formula one races draw in fewer fans in Europe“. American Chamber of Commerce in Hungary. Архивирано од изворникот на 2 March 2006. Посетено на 2 March 2008.
  5. „LIST OF FIA LICENSED CIRCUITS“ (PDF). FIA. 6 February 2015. Посетено на 28 May 2015.
🔥 Top keywords: Главна страницаЕп за ГилгамешСердаротСпецијална:БарајМРТ 1Свети Климент ОхридскиГраматички категории на именките во македонскиот јазикПохвала на нашиот татко и учител словенски Кирил ФилософАпозиција во македонскиот јазикКатегорија вид на глаголите во македонскиот јазикУЕФА Лига на шампиониКарлес ПуџдемонЗаповеден начин во македонскиот јазикУчебникарска дејност во МакедонијаМРТ 3МакедонијаСвети Кирил и МетодијМакедонската книжевност во 19 векБроеви во македонскиот јазикПридавкаСпецназОче нашГлаголи во македонскиот јазикЗападномакедонско наречјеПредлози во македонскиот јазикГлаголски прилог во македонскиот јазикПрилогДимитар ТалевСвети ТалалејФигура (стилистика)Македонски јазикМочуриштеИменкаМорфологија на македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2024)КирилицаСтепенување на придавки во македонскиот јазикФК Реал МадридОбразование