Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година

Финалето на Купот на европските шампиони во 1960 година било петто финале во историјата на Купот на европските шампиони. Во него, за победа се бореле Реал Мадрид од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Надалеку се смета дека токму овој натпревар бил еден од најголемите фудбалски натпревари играни досега. Мадрид победи со 7–3 пред огромната публика од над 127,000 луѓе во Хампден Парк во Глазгов, и таа бројка од луѓе сè уште не е надмината. Имало околу 70 милиони телевизиски гледачи низ цела Европа.

Финале на Купот на европските шампиони во 1960 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1959/60
Датум18 мај 1960
СтадионХампден Парк, Глазгов
СудијаЏек Моват (Шкотска)
Гледачи127,621
1959
1961

Франкфурт стигал до финалето преку победа со импресивниот резултат од 12–4 против шкотскиот шампион Ренџерс, додека пак Реал Мадрид го победил својот вечен соперник Барселона со резултат 6–2.

Натпреварот првично бил доведен до сомнеж бидејќи Фудбалски сојуз на Германија ги забрани на своите клубови да учествуваат на натпревари со кој било тим во кој е Ференц Пушкаш, откако Унгарците тврделе дека Западногерманскиот тим користел дрога во 1954. Пушкаш морал да напише писмено изведување пред одржување на натпреварот.

Пушкаш и Ди Стефано биле двајцата од само тројца играчи кои постигнале хет-трик во финалето на Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони (Пушкаш бил единствен кој постигнал 4 гола), а другиот бил Пјерино Прати од ФК Милан кој го направил на финалето на Купот на европски шампиони во 1969 година против ФК Ајакс. Пушкаш направил уште еден хет-тик на финалето на Купот не европски шампиони во 1962 година.

Патот до финалето уреди

Реал МадридРунда Ајнтрахт Франкфурт
ПротивникВкупен резултатПрв натпреварВтор натпреварПротивникВкупен резултатПрв натпреварВтор натпревар
Женес Еш12–27–0 (Д)5–2 (Г)Прва рунда Јанг Бојс5–24–1 (Г)1–1 (Д)
Ница6–32–3 (Г)4–0 (Д)Четвртфинале Винер Шпорт-Клуб3–22–1 (Д)1–1 (Г)
Барселона6–23–1 (Д)3–1 (Г)Полуфинале Ренџерс12–46–1 (Д)6–3 (Г)

Натпревар уреди

Детали уреди

18 мај 1960
19:30 UTC+01:00
Реал Мадрид 7–3 Ајнтрахт ФранкфуртХампден Парк, Глазгов
Гледачи: 127,621
Судија: Џек Моват (Шкотска)
Ди Стефано  27'30'73'
Пушкаш  45+1'56' (пен..)60'71'
Крес  18'
Штајн  72'75'
Реал Мадрид
Ајнтрахт Франкфурт
GK1 Рохелио Домингес
RB2 Маркос
LB3 Пачин
RH4 Хосе Марија Видал
CB5 Хосе СантаМарија
LH6 Хосе Марија Сарага (к)
OR7 Канарио
IR8 Луис дел Сол
CF9 Алфредо Ди Стефано
IL10 Ференц Пушкаш
OL11 Франциско Хенто
Тренер:
Мигел Муњос
GK1 Егон Лој
RB2 Фридел Луц
LB3 Херман Хофер
RH4 Ханс Вајлбехер (к)
CB5 Ханс-Валтер Ајгенброт
LH6 Дитер Штинка
OR7 Ричард Крес
IR8 Дитер Линдер
CF9 Ервин Штајн
IL10 Алфред Пфаф
OL11 Ерих Мајер
Тренер:
Паул Освалд

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

  • Куп на шампиони 1959/60 од УЕФА
  • Куп на шампиони 1959/60 од РСССФ
  • „European Champion Clubs' Cup – History“ (PDF). UEFA. стр. 165. Посетено на 26 мај 2011.

Наводи уреди