ФК Јанг Бојс

Бернер Шпорт Клуб Јанг Бојс или ФК Јанг Бојс е швајцарски професионален фудбалски клуб од главниот град, Берн. Клубот е основан во 1898 година и се натпреварува во највисокото ниво на швајцарскиот клупски фудбал, Швајцарска Супер лига. Тие се моментални шампиони на Швајцарија, откако триумфирале во сезоната 2017-2018 освојувајќи ја титулата првпат по 32 години чекање.

Јанг Бојс
Основан14 март 1898
СтадионСтад де Свис
Берн, Швајцарија
Капацитет32,000
СопственикШвајцарија Вернер Мулер
ТренерШвајцарија Герардо Сеоане
ЛигаШвајцарска Супер лига
2023–241.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Со 12 наслови во швајцарското првенство Јанг Бојс е на делба на четвртото место по успешност со ист број на титули со Цирих а зад Грасхопер, Базел и Сервет. Освен тоа тие имаат и 6 наслови во Купот на Швајцарија. Јанг Бојс исто така е еден од најуспешните швајцарски клубови и во европските натпреварувања, а најголемиот успех им е полуфиналето во Европскиот куп во сезоната 1958-59, каде биле поразени од францускиот претставник Ремс.

Од 2005, Јанг Бојс ги игра својте домашни натпревари на Стад де Свис кој има капацитет од 32.000 места, а изграден е на местото на некогашниот стадион Ванкфорд.

Бои и амблеми уреди

Официјалните бои на клубот се црна и жолта ( ).

Титули уреди

1902-03, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1919-20, 1928-29, 1956-57, 1957-58, 1958-59, 1959-60,
1985-86, 2017-18, 2018-19, 20219/20, 2020/21, 2022/23, 2023/24.

1929-30, 1944-45, 1952-53, 1957-58, 1976-77, 1986-87, 2019/20, 2022/23

1976.

Моментален состав уреди

Бр.ПозицијаИграч
1 ГММарко Велфли
4 ОДМохамед Али Камара
5 ОДСтив вон Берген
7 СРМиралем Сулејмани
8 ОДЏибрил Со
11 СРЏанлука Гаудино
14 СРМуми Нгамале
16 НПКристијан Фаснахт
17 НПРожер Асале
18 НПЖан-Пјер Нсаме
19 СРТорстен Шик
20 СРМишел Ебишер
Бр.ПозицијаИграч
21 ОДУлисес Гарсија
22 ОДГрегори Вутрих
23 ОДЛорис Бенито
26 ГМДавид вон Балмос
29 ОДЏордан Лотомба
30 СРСандро Лаупер
39 СРЛео Сејду
40 ГМДарио Марцино
43 ОДКевин Мбабу
51 ОДЈан Крониг
99 НПГијом Оаро

Надворешни врски уреди

Наводи уреди