Фидел Кастро

Фидел Кастро (шпански: Fidel Castro ( audio); 13 август 192625 ноември 2016)[1] — поранешен Претседател на Куба и Генерален секретар на Комунистичката Партија на Куба.

Фидел Кастро
Кастро во посета на САД во 1959
17ти Претседател на Куба
На должноста
2 декември 1976 – 24 февруари 2008 (повлекување поради нарушено здравје на 31 јули 2006)
ПремиерСамиот тој
ПотпретседателРаул Кастро
ПретходникОсвалдо Дортикос Торадо
НаследникРаул Кастро
Прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Куба
На должноста
24 јуни 1961 – 19 април 2011
ЗаменикРаул Кастро
ПретходникБлас Рока Калдеиро
НаследникРаул Кастро
Претседател на Советот на министри на Куба
На должноста
2 декември 1976 – 24 февруари 2008 (повлекување поради нарушено здравје на 31 јули 2006)
ПретседателСамиот тој
ПретходникСамиот тој (како премиер)
НаследникРаул Кастро
16. премиер на Куба
На должноста
16 февруари 1959 – 2 декември 1976
ПретседателМануел Уртија
Освалдо Дортикос Торадо
ПретходникХосе Миро Кардона
НаследникСамиот тој (како Претседател на Советот на министри)
7 и 23 Генерален-секретар на Движењето на неврзаните
На должноста
16 септември 2006 – 24 февруари 2008
ПретходникАбдула Ахмад Бадави
НаследникРаул Кастро
На должноста
10 септември 1979 – 6 март 1983
ПретходникЏуниус Ричард Џајавардене
НаследникНеелам Санџива Реди
Лични податоци
Роден(а)Фидел Алехандро Кастро Руз
13 август 1926
Биран, покраина Олгин, Куба
Починал(а)25 ноември 2016(2016-11-25) (возр. 90)
Хавана, Куба
ПартијаОртодоксна партија
(1946–52)
26-тојулско движење
(1953–65)
Комунистичка партија на Куба
(1965–2016)
СопружникМирта Диаз-Баларт (1948–55)
Далиа Сото дел Вале (1980–2016; до неговата смрт)
РодниниРаул, Рамон, Хуанита
Деца11, вклучувајќи ја и Алина Фернандес
ЖивеалиштеСантјаго де Куба
УстановаХавански Универзитет
Професијаправник
Потпис
*Овластувањата на претседателот беа пренесени на Раул Кастро на 31 јули 2006.

Младост уреди

Роден е на 13 август 1926 (според некои 1927) во Мајари во провинцијата Ориенте. Татко му бил сопственик на плантажа со шеќерна трска со површина од 23.000 акри. Во младоста Фидел посетувал две езуитски училишта - Ласал и Долорес, и двете во Сантјаго де Куба. Во 1942 се запишал во езуитското училиште во Хавана и успешно го завршил во 1945.

Рани активности уреди

Во 1950 завршил правни науки на Универзитетот во Хавана. По завршувањето на факултетот Кастро планирал да се кандидира за пратеник во кубанскиот парламент на изборите закажани за 1952, но генералот Фулгенсио Батиста извршил воен удар и ги откажал изборите. Заедно со група истомисленици на 26 јули 1953 тој извршил напад врз касарната во Монкада. Нападот бил неуспешен и Кастро бил затворен. Во затвор останал до 1955. По напуштањето на затворот Кастро прво отпатувал за САД, а потоа и за Мексико, каде што го организирал револуционерното движење наречено “26 јули”.

Револуција уреди

Во 1956 заедно со група истомисленици, меѓу кои и Ернесто Че Гевара и брат му Раул Кастро, се истоварува на брегот на Куба и ја поведува борбата против диктатурата на Батиста. Во тоа време неговото движење застапува општи демократски принципи и не се залага за воведување на комунизам. Напротив, тогашната кубанска комунистичка партија не се согласува со начинот на водење на борбата и со целите на движењето на Кастро и го нарекува “ситно-буржоаско”. На почетокот на 1959 силите на Кастро навлегле во Хавана и диктатурата на Батиста била соборена.

Власт уреди

На почетокот на своето владеење Кастро не спроведувал радикални општествени реформи. Дури и не бил непријателски расположен кон САД. Но поради притисоците од масите, Кастро почнал да презема мерки кои одеа против интересите на американскиот капитал во Куба. Голем удар на американскиот капитал на Куба бил национализацијата на нафтените рафинерии во 1960, по што САД престанале да купуваат кубански шеќер и вовеле економско ембарго кон Куба. Уште повеќе, почнале да ги организира кубанските бегалци за насилно соборување на Кастро од власт, што кулминирало со фијаското со истоварувањето во Заливот на свињите во 1961.

Притисоците од страна на САД го тераат Кастро да се приближи до СССР. СССР почнал да го купува кубанскиот шеќер, многу важен за целата кубанска економија, но за тоа барале и противуслуги. Меѓу нив беше инсталирањето на советски балистички проектили со долг дострел на Куба, што во 1962 предизвикало тешка криза во односите помеѓу САД и СССР позната како “Кубанска криза”.

Во меѓувреме Кастро успеал да ја зацврсти својата власт на Куба при што посебен акцент бил ставен врз обезбедувањето на основните економски и социјални права на Кубанците, во што беше постигнато несомнено многу. Инаку, и покрај тоа што кубанскиот тип на комунизам е несомнено тоталитарен, тој е еден од најмалку репресивните системи споредено како со останатите екс-комунистички земји така и со некомунистичките диктатури од Латинска Америка, често непосредно поддржани од САД.

Наследување уреди

На 31 јули 2006 Кастро му ги отстапува своите претседателски должности на својот брат, врховниот командант и заменик-претседател, Раул Кастро. На 18 февруари Кастро изјавил дека се пензионира и повеќе нема да учествува во политика, па така на 24 февруари истата година Националното собрание едногласно го избира Раул Кастро за претседател на Куба.

Наводи уреди

🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Гордана Силјановска-ДавковаГлавна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Избори во МакедонијаИзборна единица 1Изборна единица 5Изборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Македонски претседателски избори (2014)Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 6Стево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 4Арбен ТаравариСпецијална:БарајБилјана ВанковскаВелигденМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (1999)Максим ДимитриевскиДонтов методПретседател на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Македонски претседателски избори, 2009МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Македонски парламентарни избори (2006)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2011)Али АхметиКиро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2004)Христијан Мицкоски