24 февруари

датум

24 февруари — 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).

Настани:

1525 Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582 Воведен е грегоријанскиот календар.
1819 Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882 Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
1887 Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел.
1920 Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП).
1942 Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“.
1945 Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија.
1946 Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1968 Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам.
1971 Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974 Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987 Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998 Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за јадрени проби.
2005 Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер.

Родени:

1536 Климент VIIIримски папа.
1786 Вилхелм Грим — германски филолог, писател и собирач на народни умотворби.
1850 Мари Јасаи — унгарска глумица.
1866 Петар Лебедевруски научник, физичар.
1923 Михаило Марковиќ — југословенски и српски филозоф.
1931 Славе Македонскипоет, раскажувач, публицист, драмски автор, литературен преведувач.
1940 Денис Ло — шкотски фудбалер.
1946 Ратомир Дујковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1955 Алан Прост — француски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“.
1955 Стив Џобс — соосновач и директор на „Епл“.
1957 Рафаел Гордиљо — шпански фудбалер.
1959 Александар Белостењи — украински и советски кошаркар.
1965 Ханс-Дитер Флик — германски фудбалер и тренер.
1967 Љупчо Марковски — македонски фудбалер.
1977 Флојд Мејведер — американски боксер.
1981 Лејтон Хјуит — австралиски тенисер.
1992 Стефан Ашковски — македонски фудбалер.
1994 Рајан Фрејзер — шкотски фудбалер.
1995 Игор Алексовски — македонски фудбалер.

Починале:

1815 Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач, конструктор на паробродот.
1952 Христо Татарчев — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација.
1974 Синиша Станковиќ — српски биолог.
1976 Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик.
1990 Сандро Пертини — претседател на Италија.
1993 Боби Мур — англиски фудбалер.
2001 Клод Шенон — американски математичар и компјутерски инженер, „татко“ на информациската теорија.
2006 Томе Саздов — доајен на спикерската професија во Македонија.
2010 Момчило Грошев — македонски фудбалер.
2022 Луан Старова — македонски писател.
2022 Сали Келерман — американска глумица.