Стивен Булд

Стивен Ендру Булд (роден 16 ноември 1962) — поранешен англиски фудбалер.

Стивен Булд
Лични податоци
Полно имеСтивен Булд
Роден на16 ноември 1962(1962-11-16)(61 г.)
Роден воСтоук на Трент, Англија
Висина м
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубФК Арсенал
Младинска кариера
1978–1980Стоук Сити
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1980–1988Стоук Сити183(6)
1982ФК Торки Јунајтед (loan)9(0)
1988–1999ФК Арсенал288(5)
1999–2000ФК Сандерленд21(0)
Вкупно501(11)
Репрезентација
1994Англија B1(1)
1994Англија2(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари
Болд во неговата улога како помошник менаџер на Арсенал.

Играчка кариера

уреди

Роден во Стоук на Трент, својот прв договор го потпишал со тимот од неговиот роден град Стоук Сити додека сѐ уште бил средношколец во 1978 по што станал професионалец во ноември 1980. Деби настапот како десен бек му бил на гостувањето кај Мидлзборо во септември 1981, Стоук загубил со 3:2. Сепак, поради неможност да заработи место во првиот тим, бил изпратен на заем во Торки Јунајтед во октомври 1982, каде што изиграл девет лигашки натпревари под водство на Брус Риох.

Булд постепено станал редовен стартер во Стоук, пренамнувајќи се во централен стопер. Во 1987 година се здобил со тешка повреда на грбот која за малку ќе му ја завршела кариерата, но по неколку операции се опоравил. Во 1988 заработил трансфер во Арсенал, и станал член на Арсеналовата одбранбена линија позната како „славна четворка“, покрај Тони Адамс, Најџел Винтербурн и поранешниот соиграч од Стоук Ли Диксон. Булд ја освоил Првата Дивизија двапати, во 1988-89 и 1990-91; поради повреда не можел да игра во финалињата на ФА Купот и Лига Купот кои Арсенал ги освои во 1992-93, но неговата замена Енди Линиган го постигнал победничкиот гол во финалето на ФА Купот против Шефилд Венсдеј.

По победата во финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1993-94, успехот го избегнуваше Арсенал и Булд во следните неколку години, и со доаѓањето на францускиот менаџер Арсен Венгер започнаа шпекулации дека Булд ќе си замине од Арсенал (особено поради фактот што се почесто настапуваше како замена за Мартин Кион); но наместо тоа, дојде до повторно оживување, и Булд беше член на тимот кој освои Двојна Круна во сезоната 1997-98 - Булд нафрли за последниот гол на Тони Адамс во победата од 4:0 против Евертон, победа која им ја донесе титулата во Премиер Лигата. Две недели подоцна Арсенал ја комплетираше Двојната Круна со победата во финалето на ФА Купот.

Возраста повеќе не беше на негова страна, и по последната сезона на Хајбери се префрли во новопромвираниот Сандерленд во јули 1999 за 500000 фунти. По заминувањето на капитенот Кевин Бол во декември 1999, менаџерот Питер Реид му ја даде одговорноста на него, по што Булд им помогна да завршат на седмо место. Булд остана на Стадионот на Светлината сè додека не беше приморан да се пензионира поради артритис во септември 2000 по само 21 изигран натпревар во Премиер Лигата за Сандерленд[1].

И покрај фактот што настапуваше во една од најдобрите одбрани во првата лига во Англија во доцните осумдесетти и раните деведесетти, Булд има само два настапи за Англија, далеку помалку од колегата Тони Адамс, а првиот настап му беше дури на возраст од 31.

Тренерска кариера

уреди

По пензионирањето, почна да работи кон добивање тренерска лиценца од УЕФА и во јуни 2001 година се врати во Арсенал и стана тренер во младинските тимови. Во моментов е главен тренер на Арсеналовиот состав за играчи до 18 години.

Наводи

уреди
  1. Matthews, Tony (1994). The Encyclopaedia of Stoke City. Lion Press. ISBN 0952415100.

Надворешни Врски

уреди
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање