Стефан де Врај

Стефан де Врај (роден на 5 февруари 1992 година) — холандски фудбалер, играч од одбраната на ФК Интер и на холандската репрезентација.

Стефан де Врај
Лични податоци
Полно имеСтефан де Врај[1]
Роден на5 февруари 1992(1992-02-05)(32 г.)
Роден воАудкерк на Ајсел, Холандија
ДржаваХоландија Холандија
Висина&100000000000001890000001,89 м
Позицијаиграч од одбраната
Клупски податоци
Сегашен клубИнтер Интер
Број6
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2009-2014Фејенорд Фејенорд135(6)
2014-2018Лацио Лацио95(8)
2018-Интер Интер7(1)
Репрезентација
2007–2008Холандија Холандија 163(0)
2008–2009Холандија Холандија 1718(0)
2010–2011Холандија Холандија 199(0)
2012Холандија Холандија 201(0)
2011–2013Холандија Холандија 2112(0)
2012–Холандија Холандија36(3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 24 мај 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2018

Својата кариера ја започнал во локалниот клуб ВВ Спирит, а подоцна дебитирал како професионалец за Фејенорд на возраст од 17 години. Тој поминал пет сезони во клубот од Ердивисие, и за кратко време станал капитен, пред да замине во Лацио во јули 2014 година.

Неговата репрезентативна кариера започнала во 2012 година, и од тогаш забележал над 25 настапи за Холандија. Тој бил во холандскиот тим кој го освоил третото место на Светското првенство во 2014 година, и бил избран во тимот на турнирот.

Ран живот уреди

Де Врај израснал во Аудкерк на Ајсел, Јужна Холандија. Тој е помлад син на Јан де Врај, кој некогаш играл за локалниот ВВ Спирит, каде што Стефан ја започнал кариерата. Неговите постари браќа Нилс и Ерик, играле фудбал во нивната младост, но подоцна тргнале по други патишта.[2]

Наводи уреди

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF). FIFA. 11 June 2014. стр. 25. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-06. Посетено на 11 June 2014.
  2. „Dreaming of breakthrough: Stefan de Vrij (16) develops strongly at Feyenoord and Oranje“. AD (холандски). 3 February 2009. Посетено на 30 September 2009.

Надворешни врски уреди