Список на народни херои на Југославија од Македонија

Од вкупно доделени 1.322 одликувања на територијата на поранешна Југославија, со орденот „Народен херој на Југославија“ се одликувани 66 лица родени во денешна Република Македонија, учесници во НОБ. Од нив 44 загинале за време на војната. Последните живи народните херои од Македонија починале во 2013 година (Атанас Забазноски и Мара Нацева).

Орден на народен херој на Југославија, I класа

Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска - Цветковиќ (27 јули 1927 – 17 април 2004), беше најмладиот народен херој на Југославија.

Во 1945 година биле прогласени првите борци од Македонија за народни херои: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу. На 29 ноември 1953 година биле доделени последнитe одликувања „народен херој“ на борци од Македонија.

За народни херои се прогласени следните лица:[1][2][3]

Реден бројИме и презимеРаѓањеСмртПрогласен за народен херој
1Михајло АпостолскиНово Село, 8 ноември 1906Дојран, 7 август 198711 октомври 1953
2Љупчо АрсовШтип, 9 мај 1910Скопје, 18 ноември 198629 ноември 1953
3Киро АтанасовскиКавадарци, 1923Кавадарци, 7 април 194420 декември 1951
4Мирче Ацевс. Ореовец, Прилепско, 20 октомври 1915Скопје, 4 јануари 194329 јули 1945
5Вера Ацевас. Ореовец, Прилепско, 24 ноември 1919Скопје, 10 ноември 200629 ноември 1953
6Злате Билјановскис. Пуста Река, Крушевско, 25 јануари 1920Скопје, 8 март 200929 ноември 1953
7Мите Богоевскис. Болно, Ресенско, 31 октомври 1918с. Болно, 12 септември 19422 август 1949
8Петар БожиновскиБитола, 15 јануари 1920Скопје, 26 септември 19702 август 1952
9Борка ВелескиПрилеп, 1912Мукос, 14 септември 194220 декември 1951
10Круме ВолнароскиПрилеп, 1909Прилеп, 9 мај 194411 октомври 1953
11Кире ГаврилоскиПрилеп, 22 февруари 1918Прилеп, 9 мај 194411 октомври 1953
12Перо ГеоргиевскиКуманово, 1918с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 194111 октомври 1951
13Страхил ГиговВелес, 16 септември 1909Скопје, 19 мај 199929 ноември 1953
14Ѓоре ДамескиПрилеп, 15 јануари 1922Скопје, 199529 ноември 1953
15Цветан ДимовСкопје, 5 март 1910Скопје, 9 јули 194211 октомври 1953
16Атанас ЗабазноскиПрилеп, 7 јануари 1926Скопје, 17 мај 201320 декември 1951
17Благој Јанков - МучетоСтрумица, 3 јуни 1911Струмица, 4 јули 194411 октомври 1951
18Илија Јовановскис. Топлица, Прилепско, јули 1921с. Здуње, Македонски Брод, 28 август 19442 август 1952
19Раде ЈовчевскиСкопје, 14 август 1919Скопје, 20 февруари 19438 октомври 1953
20Јосиф ЈосифовскиГевгелија, 2 август 1915с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 194311 октомври 1951
21Кузман Јосифовски - ПитуПрилеп, 23 јуни 1915Скопје, 25 февруари 19442 август 1945
22Вера Јоциќс. Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923Саса, Делчевско, 22 мај 194420 декември 1951
23Елпида КарамандиЛерин, Егејска Македонија, 1 јануари 1920с. Лавци, Битолско, 3 мај 194211 октомври 1951
24Васко Карангелевскис. Брусник, Битолско, 7 јули 1921Македонски Брод, 3 февруари 197729 ноември 1953
25Лазо Колевскис. Мрзен Ораовец, КавадаречкоПлетвар, 2 март 194211 октомври 1953
26Лазар КолишевскиСвети Николе, 12 февруари 1914Скопје, 6 јули 20002 август 1952
27Фана Кочовска - Цветковиќс. Лавци, Битолско, 27 јули 1927Скопје, 17 април 200429 ноември 1953
28Рампо ЛевковПрилеп, 9 јануари 1909Дабница, 19 септември 194211 октомври 1951
29Лиман КабаДебар, 1924Банова Јаруга, Хрватска, 17 април 19458 октомври 1953
30Манчу МатакКрушево, 1920Витолиште, Мариовско, 25 мај 194420 декември 1951
31Боро МенковКуманово, 6 мај 1919с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 194120 декември 1951
32Мирко Милескис. Поповец, Кичевско, 23 април 1923Буковиќ, 1 октомври 19438 октомври 1953
33Тихомир Милошевскис. Битуше, Дебарско, 23 јули 1915Скопје, 1 април 198429 ноември 1953
34Димче МирчевВелес, 13 ноември 1913Кавадарци, 6 април 19442 август 1949
35Кирил МихајловскиВиница, 1916Белград, 20 мај 199129 ноември 1953
36Михо МихајловскиКичево, 25 октомври 1915Скопје, 28 март 20031 август 1952
37Злате Михајловскис. Богдево, Гостиварско, 1926Егејски дел на Македонија, 19448 октомври 1953
38Ангел Мојсовскис. Ораовец, Велешко, 15 мај 1923Скопје, 17 март 200111 октомври 1953
39Стеван Наумов - СтивБитола, 27 октомври 1920с. Болно, Ресенско, 12 септември 194229 јули 1945
40Наум НаумовскиКрушево, 1 мај 1920Скопје, 28 септември 196029 ноември 1953
41Киро НацевКуманово, 1918Прилеп, 21 декември 194220 декември 1951
42Мара НацеваКуманово, 28 септември 1920Куманово, 1 јули 201329 ноември 1953
43Вангел НечевскиБитола, 17 март 1922Битола, 16 октомври 200620 декември 1951
44Јордан НиколовСкопје, 7 јануари 1916с. Туба, Србија, 4 јануари 194229 јули 1945
45Естреја Овадија - МараБитола, 25 декември 1923Кајмакчалан, 26 август 194411 мај 1953
46Ибе ПаликуќаДебар, 1927Шутово, 22 септември 19448 октомври 1953
47Боро ПетрушевскиКуманово, 1920с. Горанце, 21 април 194320 декември 1951
48Страшо Пинџурс. Ваташа, Кавадаречко, 3 март 1915Скопје, 4 јануари 194329 јули 1945
49Панче ПопоскиГостивар, 1924Татар Елевци, Дебарско, август 194411 октомври 1953
50Ванчо Пркес. Серменин, Гевгелиско, 1921с. Градец, Кочанско, 21 мај 19432 август 1949
51Видое Смилевскис. Никифорово, Гостиварско, 14 август 19158 септември 19797 јули 1953
52Трајко СтојковскиКуманово, 10 јануари 1923Скопје, 14 октомври 200520 декември 1951
53Славчо СтојменскиШтип, 16 октомври 1921Штип, 17 август 194311 октомври 1953
54Ѓоце Стојчевски - АмбарчеТетово, 26 ноември 1919Беличица, Гостиварско, 19 септември 194411 октомври 1953
55Благој СтрачковскиВелес, 29 февруари 1920Велес, 13 јануари 194311 октомври 1953
56Борка ТалескиПрилеп, 19 јули 1921Плетвар, Прилепско, 2 март 194211 октомври 1951
57Борко ТемелкоскиПрилеп, 20 декември 1919Скопје, 21 ноември 200111 октомври 1953
58Блажо Тодоровскис. Ресава, Кавадаречко, 13 април 1902с. Никодин, 7 јуни 194311 октомври 1953
59Вангел ТодоровскиБитола, 1920Битола, април 19422 август 1952
60Христијан ТодоровскиКуманово, 3 септември 1921Билјача, Србија, 7 февруари 194429 јули 1945
61Александар Урдаревскис. Чучер, Скопско, 1920Градец, Косово, 1 февруари 194320 декември 1951
62Чеде Филиповскис. Никифорово, Гостиварско, 16 ноември 1923Радовиш, 26 јуни 19452 август 1949
63Тодор ЦиповскиТетово, 16 ноември 1920Беличица, Гостиварско, 19 септември 194411 октомври 1951
64Крсте ЦрвенковскиПрилеп, 16 јули 1921Скопје, 21 јули 200129 ноември 1953
65Јордан ЧопелаВарош, Прилепско, 1 мај 1912Битола, 9 април 19422 август 1949
66Бајрам Шабанис. Липково, Кумановско, 14 октомври 1922с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 194110 октомври 1951

Наводи

уреди
  1. „Народни херои од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1973.
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1015.
  3. „Македонија има 66 народни херои“ Архивирано на 5 март 2016 г., „Утрински весник“