Македонски Брод

град во Општина Македонски Брод

Македонски Брод (изворно и историски познат едноставно како Брод, од поимот брод — прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува воедно средиште на областа Поречје и истоимената општина. Од Кичево е оддалечен 27 километри во источен правец, а од Прилеп 37 километри во северозападен правец. Со Скопје е поврзано преку регионалниот пат Скопје-Македонски Брод со должина од 100 километри, кој поминува низ резерватот Јасен. Исто така, со главниот град е поврзано и преку градовите Кичево, Гостивар и Тетово, при што должината така изнесува околу 150 километри.

Македонски Брод
град
Панорама на Македонски Брод
Панорама на Македонски Брод
Знаме на Македонски БродГрб на Македонски Брод
Македонски Брод is located in Македонија
Македонски Брод
Македонски Брод
Местоположба на Македонски Брод во Македонија
Координати: 41°30′00″N 21°13′00″E / 41.50000° СГШ; 21.21667° ИГД / 41.50000; 21.21667
ДржаваРепублика Македонија
РегионЈугозападен Регион
ОпштинаОпштина Македонски Брод
Првпат споменат во1300
Управа
 • ГрадоначалникЖарко Ристески (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000585000000585 м
Население (2021)
 • Вкупно3.643
ДемонимБроѓани (мн.)
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 048
Рег. таб.MB
Мреж. местоmbrod.gov.mk

Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин административен и општински центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.

На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.[1]

Географија

уреди

Гратчето се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија, во областа Порече, во горното течение на реката Треска. Се наоѓа на надморска височина од 545 метри.[2]

Историја

уреди

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.

Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Македонски Брод е стара населба. Првпат се споменува во една повелба на кралот Стефан Урош II Милутин од 1300 година. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на реката Треска.

Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди
Споменик на паднатите борци од НОБ во Македонски Брод

Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во селото Самоков (поранешен општински центар) прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.

Општина

уреди

Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија. Општината зафаќа површина од 888,97 км2 и според територијата е трета општина по големина во Македонија, веднаш по Прилеп (1.194,94 км2) и Кавадарци (992,44 км2).

Клима

уреди

Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.

Личности

уреди

Личности родени во Македонски Брод:

  • Мише Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[4]
  • Никола Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[4]
  • Наќе Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[4]

Културни и природни знаменитости

уреди
Црквата Св. Богородица
Цркви[6]
Археолошки наоѓалишта[7]
  • Грамада — некропола од доцноантичко време;
  • Кале — градиште од доцноантичко време;
  • Кула — населба и кастел од средниот век;
  • Рајчица — базилика и некропола од старо христијанско време и ран среден век;

Администрација и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во градот постојат избирачките места бр. 247, 247/1, 248, 248/1 и 249 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и дом на пензионери.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.122 гласачи.[9]

Население

уреди

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брод се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, тогашното село Брод имало 350 Македонци.[11]

Според пописот од 2002 година во градот Македонски Брод живееле 3.740 жители. Македонски Брод бележи благ, но постојан пораст на своето население, кое покрај раѓањето, највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.740 жители и спаѓал во групата на мали градови.[12] Етнички гледано, населението е составено од:[13]

Етнички групи[13]
Македонци
  
99,60 %
Срби
  
0,24 %
Роми
  
0,08 %
Бошњаци
  
0,03 %
други
  
0,05 %
НародВкупноУдел (%)
Македонци3.72599,60
Роми30,08
Срби90,24
Бошњаци10,03
други20,05
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[13]:

Јазици[13]
македонски
  
99,73 %
српски
  
0,11 %
други
  
0,11 %
ромски
  
0,05 %
ЈазикВкупноУдел (%)
македонски3.73099,73
ромски20,05
српски40,11
други40,11
Вероисповед

Во Македонски Брод се застапени следните религиски групи[13]:

Религија[13]
Православие
  
99,76 %
други
  
0,16 %
Католицизам
  
0,05 %
Ислам
  
0,03 %
ВероисповедВкупноУдел (%)
православни3.73199,76
муслимани10,03
католици20,05
други60,16

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонски Брод:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948567—    
1953628+10.8%
1961947+50.8%
19711.219+28.7%
19811.961+60.9%
ГодинаНас.±%
19913.277+67.1%
19943.358+2.5%
20023.740+11.4%
20213.643−2.6%
ГодиниМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.б.п.Вкупно
1948567
1953613150036628
19619314048947
19711.15510018451.219
19811.926001009161.961
19913.25600008133.277
19943.3430000693.358
20023.72500309123.740
20213.51116090716933.643

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Наводи

уреди
  1. „Почетна“. Општина Македонски Брод. Посетено на 2020-04-18.
  2. „Македонија нема море, но има брод. Македонски Брод!“. vecer.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2020-04-18.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. 4,0 4,1 4,2 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  5. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.248
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јули 2016.

Надворешни врски

уреди
🔥 Top keywords: