Светска турнеја на UCI

сезонска велосипедистичка турнеја

Светска турнеја на UCI (2009–2010: Светски ранкинг на UCI) — најважна годишна велосипедска друмска турнеја за мажи, поставени над различните континентални турнеи. Во турнејата влегуваат 38 трки и, до 2019 година, годишен систем за пласмани заснован на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.

Моментална сезона или издание:
Светска турнеја на UCI 2021
СпортДрумски велосипедизам
Основана2009
Број на екипи19 (други се покануваат
од трка на трка)
Државанеколку
Тековен првакВозач: Сајмон Јејтс
Екипа: Декојнинк-Квик Степ
Порталuciworldtour.com

UCI WorldTeam екипите мора да учествуваат на сите трки кои биле дел од турнејата пред проширувањето во 2017 година.

Историја уреди

Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг на UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.[1]

На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.[2] Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' [3] бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.

И покрај што завршиле втори во екипниот пласман во 2012 година, Катјуша првично биле одбиени за место во сезоната 2013.[4] По жалбата во Арбитражниот суд за спорт им била вратена лиценцата во февруари 2013 година, пропуштајќи ја трката Тур Даун Андер 2013.[5] Иако, UCI претходно изјавиле дека враќањето на Катјуша ќе предизвика одземање на лиценца на друга екипа, на крајот објавиле дека ќе има 19 екипи во една сезона.[6] Во 2015 година имало само 17 екипи, откако немало пријавени за 18. место.

За сезоната 2017, UCI додала 10 нови настани во календарот, со што вкупниот број се искачил на 38. Новите настани биле: Трка околу Калифорнија, Трка околу Катар (која подоцна пропаднала), Трка Абу Даби, Трка околу Турција, Дварс дор Вландерен, Омлоп хет Ниусблад, Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, Класик Лондон-Сари, Трка околу Франкфурт и Страде Бјанке.

Во 2019 година, Три дена Де Пане (еднодневна трка, иако името го задржало описот на поранешниот формат) била додадена на календарот, а Трката Абу Даби откако се споила со Трката Дубаи, била преименувана како Трка ОАЕ. Светската турнеја престанала да биде систем за рангирање, откако била заменета од Светскиот пласман.

Настани (од 2019 г.) уреди

Светската турнеја на UCI се состои од 37 настани. Овие настани се сочинети од:

  • Три големи трки
  • Пет монументални еднодневни трки
  • Десет други етапни трки во Европа
  • Тринаесет други еднодневни трки во Европа
  • Една етапна трка во Австралија
  • Една етапна трка во Обединетите Арапски Емирати
  • Една етапна трка во Кина
  • Една еднодневна трка во Австралија
  • Две еднодневни трки во Канада
ТркаБодови за Светската турнеја[7]
ПобедникВторТретпоследно место за
кое се добива бодови
Тур де ФрансКраен пласман
Секоја етапа
1000
120
800
50
675
25
60. (10 бода)
5. (5 бода)
Џиро д’Италија
Вуелта а Еспања
Краен пласман
Секоја етапа
850
100
680
40
575
20
60. (8 бода)
5. (4 бода)
Тур Даун Андер
Париз-Ница
Тирено-Адријатико
Тур де Романди
Критериум ди Дофине
Тур де Свис
Краен пласман
Секоја етапа
500
60
400
25
325
10
60. (3 бода)
-
Волта а Каталуња
Трка околу Баскија
Трка околу Полска
БинкБенк Тур
Краен пласман
Секоја етапа
400
50
320
20
260
8
60. (2 бода)
-
Трка ОАЕ[б 1]
Трка околу Гуангси
Краен пласман
Секоја етапа
300
40
250
15
215
6
60. (1 бод)
-
Милано-Санремо
Гент-Вевелгем
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Амстел Голд Рејс
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Гран при Квебек
Гран при Монтреал
Џиро ди Ломбардија
50040032560. (3 бода)
Е3 Харелбеке[б 2]
Флеш Валон
Класика де Сан Себастијан
Јуроајс Класик
Класик Бретања
40032026060. (2 бода)
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Омлоп Хет Ниусблад
Страде Бјанке
Дварс дор Вландерен
Трка околу Франкфурт
Класик Лондон-Сари
Три дена Брухе-Де Пане[б 3][б 4][8]
30025021560. (1 бод)

Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.

Од 2012 до 2015 година, екипниот хронометар на Светското првенство придонесувал со бодови единствено во екипниот пласман.

Екипи уреди

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2021 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2021 и нивната опрема
КодОфицијално имеЗемјаДеловиВелосипед
ACTАГ2Р Ситроен Тим  ФранцијаКампањолоБМЦ
APTАстана-Премиер Тек  КазахстанШиманоВилиер
TBVТим Бахреин Викториус БахреинШиманоМерида
BOHБора-Хансгрое  ГерманијаШиманоСпешалајзд
COFКофидис  ФранцијаКампањолоДе Роса
DQTДекојнинк-Квик Степ  БелгијаШиманоСпешалајзд
EFNЕФ Едукејшн-Нипо  САДШимано / ФСАКанондејл
GFCГрупама-ФДЖ  ФранцијаШиманоЛапјер
IGDИнеос Гренадиерс  Обединето КралствоШиманоПинарело
IWGИнтермарше-Ванти-Жобер Материо  БелгијаШиманоКјуб
ISNИзраел старт-ап нејшн ИзраелШиманоФактор
LTSЛото-Судал  БелгијаКампањолоРидли
MOVМовистар Тим  ШпанијаСРАМКањон
BEXТим БајкЕксчејнџ АвстралијаШиманоБјанки
DSMТим ДСМ  ГерманијаШиманоСкот
TJVЏамбо-Висма  ХоландијаШиманоСервело
TQAТим Кубека Асос ЈАРШиманоБМЦ
TFSТрек-Сегафредо  САДШиманоТрек
UADОАЕ Тим Емирати Обединети Арапски ЕмиратиКампањолоКолнаго

Резултати уреди

Поединечен пласман уреди

Година1.2.3.4.5.
2009 Алберто Контадор
Астана
527 бода Алехандро Валверде
Кес д’Епарњ
483 бода Самуел Санчес
Еускалтел-Еускади
357 бода Енди Шлек
Тим Саксо Банк
334 бода Кедел Еванс
Сајленс-Лото
333 бода
2010 Хоаким Родригес
Катјуша
561 бод Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
437 бода Луис Леон Санчес
Кес д’Епарњ
413 бода Кедел Еванс
Верандас Вилемс
390 бода Винченцо Нибали
Ликвигас-Доимо
390 бода
2011 Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
718 бода Кедел Еванс
Верандас Вилемс-Аксент
584 бода Хоаким Родригес
Катјуша
446 бода Микеле Скарпони
Лампре-ИСД
419 бода Тони Мартин
ХТЦ-Хајроад
349 бода
2012 Хоаким Родригес
Катјуша
692 бода Бредли Вигинс
Тим Скај
601 бод Том Бонен
Омега Парма-Квик Степ
410 бода Винченцо Нибали
Ликвигас-Канондејл
400 бода Алехандро Валверде
Мовистар Тим
394 бода
2013 Хоаким Родригес
Катјуша
607 бода Крис Фрум
Тим Скај
587 бода Алехандро Валверде
Мовистар Тим
540 бода Петер Саган
Канондејл
491 бод Винченцо Нибали
Астана
474 бода
2014 Алехандро Валверде
Мовистар Тим
686 бода Алберто Контадор
Тинкоф-Саксо
620 бода Сајмон Геранс
Орика-ГринЕЏ
478 бода Руј Кошта
Лампре-Мерида
461 бод Винченцо Нибали
Астана
392 бода
2015 Алехандро Валверде
Мовистар Тим
675 бода Хоаким Родригес
Катјуша
474 бода Наиро Кинтана
Мовистар Тим
457 бода Александер Кристоф
Катјуша
453 бода Фабио Ару
Астана
448 бода
2016 Петер Саган
Тинкоф
669 бода Наиро Кинтана
Мовистар Тим
609 бода Крис Фрум
Тим Скај
564 бода Алехандро Валверде
Мовистар Тим
436 бода Алберто Контадор
Тинкоф
428 бода
2017 Грег ван Авермат
Ванти-Груп Гобер
3582 бода Крис Фрум
Тим Скај
3452 бода Том Димулен
Тим Санвеб
2545 бода Петер Саган
Бора-Хансгрое
2544 бода Винченцо Нибали
Бахреин-Мерида
2196 бода

Екипен пласман уреди

Година1.2.3.
2009АстанаКес д’ЕпарњТим Колумбија-Хај Роад
2010Тим Саксо БанкЛиквигас-ДоимоРабобанк
2011Омега Парма-ЛотоТим СкајЛеопард Трек
2012Тим СкајКатјушаЛиквигас-Канондејл
2013Мовистар ТимТим СкајКатјуша
2014Мовистар ТимВанти-Груп ГоберТинкоф-Саксо
2015Мовистар ТимКатјушаТим Скај
2016Мовистар ТимТинкофТим Скај
2017Тим СкајКвик-Степ ФлорсВанти-Груп Гобер

Национален пласман (до 2016 г.) уреди

Година1.2.3.
2009  Шпанија  Италија Австралија
2010  Шпанија  Италија  Белгија
2011  Италија  Белгија Австралија
2012  Шпанија  Обединето Кралство  Италија
2013  Шпанија  Италија  Колумбија
2014  Шпанија  Италија  Белгија
2015  Шпанија  Италија  Колумбија
2016  Шпанија  Колумбија  Обединето Кралство

Наводи уреди

  1. UCI список на настани и датуми за календарот во 2009
  2. ProTour е мртва, долго да живее Светската турнеја Cyclingweekly. Accessed 14-01-11
  3. Известување за печатот - Регистрација за UCI ProTeams за сезоната 2011 Архивирано на 16 март 2012 г. UCI. Accessed 14-01-11
  4. „Katusha denied 2013 WorldTour licence“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  5. „CAS orders WorldTour licence for Katusha“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  6. „UCI confirms 19 WorldTour teams for 2013“. Cycling News. Future Publishing. Посетено на 19 февруари 2013.
  7. UCI ранг - Бодовна скала
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2 Road Races (version on 05.02.2019)“ (PDF). uci.org. 5 February 2019. Посетено на 26 April 2019.

Надворешни врски уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.