Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина

Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина или ПКП (кин. 中国共产党中央政治局常务委员会; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Zhèngzhìjú Chángwù Wěiyuánhuì) е комитет што се состои од највисоките функционери на Комунистичката партија на Кина. Се состанува еднаш неделно и носи одлуки со консензус. Секој член е надлежен за поважна област како економијата, законодавството, корупцијата, внатрешната безбедност и пропагандата.[1] Согласно Уставот на КПК, Генералниот секретар на ЦК мора да членува во Постојаниот комитет.[2]

Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина

中国共产党中央政治局常务委员会
Coat of arms or logo
Водство
Статус
Прворангиран
член
повторно избрани членови
новоизбрани членови
Го избира
Централниот комитет
Одговара на
Централниот комитет
Места7


Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Денес овој комитет е де факто највисок и најмоќен управно-политички орган во Кина. Членовите се предмет на внимателно иследување од домашните медиуми и странските аналитичари. Улогата на комитетот низ историјата се менувала. На пример, за време на Културната револуција, комитетот немал власт и значење.

Историја

уреди

Вистинскиот степен на моќ на комитетот се менувал низ децениите. На почетокот на Културната револуција, власта вистински му припаѓала на Културнореволуциската група на Централниот комитет, која формално му била потчинета на Постојаниот комитет на Политбирото, но во суштина раководела со него. Со укинувањето на групата во 1969 г., членовите што покажувале најголема верност кон Мао Цетунг биле примени во Постојаниот комитет. Последните години од револуцијата се запаметени како период на големи внатрешни безредија, а по смртта на Мао во 1976 г., на функцијата останале само два члена — Хуа Гуофенг (претседател на партијата) и Је Џенјинг (потпреседател). Претходната година починале петмина, еден (Денг Сјаопинг) бил исфрлен, а двајца (припадници на т.н. Четиричлена банда) биле притворени и ставени под истрага.

Откако дошол на власт во 1978 г., Денг Сјаопинг си дал задача да ја зајакне власта на партијата. Во 1989 г. издал наредба војската да изврши интервенција во протестите на плоштадот „Тјенанмен“ против волјата на највеќето членови на Постојаниот комитет, што завршило со нивно исфрлање.

Услови за членство

уреди

Изборот на членови во државниот врв почива повеќе на семејни врски и лојалноста кон одредени личности, отколку на способноста на политичарот.[1][3] Важна улога играат и староста и искуството.[4] Политичките погледи на оние што се стремат кон врвот рутински се прикриваат за да не дојде до судири.[1][3]

Тековни членови (по редослед)

уреди
Бр.СликаИнформацииПартиски функцииФункции
I
[5]
Си Ѓинпинг
ИмеСи ЃинпингГенерален секретар на ЦК на КПК
Претседател на Централниот воен комитет на КПК
Претседател на НР Кина
Претседател на Централниот воен комитет на НР Кина
Родно местоСиченг, Пекинг
Пратеник одШангај
Членува од22 октомври 2007
II
[5]
ИмеЛи КеќангПартиски секретар на Државниот совет на НР КинаПремиер на Државниот совет на НР Кина
Родно местоДингјуен, Анхуеј
Пратеник одШандунг
Членува од22 октомври 2007
III
[5]
Џанг Деѓанг
ИмеЏанг ДеѓангПартиски секретар на Постојаниот комитет на Националното народно собраниеПретседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
Родно местоТајан, Љаонинг
Пратеник одЏеџанг
Членува од15 ноември 2012
IV
[5]
Ји Џенгшенг
ИмеЈи ЏенгшенгПартиски секретар на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собраниеПретседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина
Родно местоШаосјинг, Џеџанг
Пратеник одХубеј
Членува од15 ноември 2012
V
[5]
Лиу Јиншан
ИмеЛиу ЈиншанПрворангиран Секретар на Секретаријат на ЦК на КПК
Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација
Претседател на Централното партиско училиште на КПК
 
Родно местоБајрак Десен Тумед, Внатрешна Монголија
Пратеник одВнатрешна Монголија
Членува од15 ноември 2012
VI
[5]
Ванг Чишан
ИмеВанг ЧишанСекретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција 
Родно местоТјанџен, Шанси
Пратеник одПекинг
Членува од15 ноември 2012
VII
[5]
Џанг Гаоли
ИмеЏанг ГаолиЗаменик-партиски секретар на Државниот совет на НР КинаПрв вицепремиер на Државнот совет на НР Кина
Родно местоЏинџанг, Фуџен
Пратеник одТјенѓин
Членува од15 ноември 2012

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „China's Next Leaders: A Guide to What's at Stake“. China File. 13 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-10. Посетено на 18 ноември 2012.
  2. Глава III Централни организации на партијата — Член 22 (англиски)
  3. 3,0 3,1 Edward Wong (17 ноември 2012). „Family Ties and Hobnobbing Trump Merit at China Helm“. The New York Times. Посетено на 18 ноември 2012.
  4. Susan Shirk (15 ноември 2012). „Age of China's New Leaders May Have Been Key to Their Selection“. China File. Посетено на 18 ноември 2012.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Новите кормилари на Кина“. Xinhua. 15 ноември 2012. Посетено на 17 ноември 2012.
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање