Златна копачка 2020

Матична статија: Златна копачка.

Златна копачка 2020 е фудбалска награда доделена на играчот кој, за време на европската фудбалска сезона, го остварил најдобриот резултат пресметан со множење на бројот на постигнати голови на првенствените натпревари со коефициентот на тежина на самото првенство.

Чиро Имобиле, добитник на Златната копачка 2020.

Наградата ја освоил Чиро Имобиле со 36 постигнати голови во Серија А, кои му донеле 72 бодови. За напаѓачот на Лацио ова била првата освоена златна копачка во кариерата, со што станал третиот италијанец кој ја освоил оваа награда по Лука Тони и Франческо Тоти.[1]

Конечен поредок

уреди

Ова е поредокот во однос на првите десет позиции.[2].

Поз.ИграчПрвенствоЕкипаГолК-УЕФАБодови
1 Чиро Имобиле Серија А Лацио36x272
2 Роберт Левандовски Бундслига Бајерн Минхен34x268
3 Кристијано Роналдо Серија А Јувентус31x262
4 Тимо Вернер Бундеслига РБ Лајпциг28x256
5 Ерлинг Халанд Бундеслига Салцбург
Борусија Дортмунд
29 (16+13)x1.5; (16 гола)
x2 (13 гола)
50
Лионел Меси Примера Дивисион Барселона25x250
7 Жан-Пјер Нсаме Суперлига на Швајцарија Јанг Бојс32x1.548
8 Ромелу Лукаку Серија А Интер23x246
Џејми Варди Премиер лига  Лестер Сити23x246
10 Шон Вејсман Бундеслига Волфсбергер30x1.545

Наводи

уреди
  1. „Ora è ufficiale: Ciro Immobile vince la Scarpa d'Oro 2020“. 1 август 2020.
  2. „Classement du Soulier d'Or“. www.eurotopteams.com (француски). Архивирано од изворникот на 2017-11-28. Посетено на 2020-05-16.