Вуелта а Еспања 2014

Вуелта а Еспања 2014 — 69. издание на велосипедската трка Вуелта а Еспања, последната од трите големи трки, која се одржала помеѓу 23 август и 14 септември 2014 година.[1] Содржела осум планински етапи, по пет ридести и рамни етапи и три хронометри (еден екипен и два поединечни), два од нив на почетокот и на крајот на трката. Херез де ла Фронтера, на јужниот шпански брег, бил домаќин на воведната етапа. Потоа, Вуелта продолжила да се движи спротивно од часовникот, преку југоисточниот и источниот дел на земјата пред да премине на север и завршила во Сантјаго де Компостела, првпат во 21 година трката да заврши надвор од Мадрид. Трката претставувала 22. настан во сезоната на Светската турнеја.

Вуелта а Еспања 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 22 од 29
Детали за трката
Датум(и)23 август — 14 септември
Етапи21
Растојание3.181,5 км
Време81ч 25' 05" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник Алберто Контадор (ШПА)(Тинкоф-Саксо)
Втор Крис Фрум (ВБР)(Тим Скај)
Трет Алехандро Валверде (ШПА)(Мовистар Тим)

Бодовен Џон Дегенколб (ГЕР)(Џајант-Шимано)
Планински Луис Леон Санчес (ШПА)(Каха Рурал-Сегурос РГА)
Комбиниран Алберто Контадор (ШПА)(Тинкоф-Саксо)
ЕкипенКатјуша
2013
2015

Трката била освоена од шпанскиот велосипедист, Алберто Контадор, од Тинкоф-Саксо. Контадор настапил на трката несигурен за неговата форма откако паднал на десеттата етапа на Тур де Франс 2014, кршејќи ја неговата тибија. Меѓутоа, Контадор се снашол подобро отколку што очекувал, преземајќи ја црвената маичка на поединечниот хронометар (10. етапа) и освојувајќи две клучни планински етапи, загарантирајќи ја неговата победа. Ја освоил трката со една минута и 10 секунди пред второпласираниот, Крис Фрум од Тим Скај. Како Контадор, и Фрум бил несигурен за својата форма откако паднал трипати во два дена на Тур, што довело до негово откажување од трката. Меѓутоа, Фрум се опоравил дури во третата недела, завршувајќи втор на три клучни планински етапи, со што успеал да се помести на второто место во генералниот пласман. Шпанскиот возач Алехандро Валверде од Мовистар Тим го заокружил подиумот, завршувајќи 40 секунди зад Фрум и една минута и 50 секунд зад Контаро. Валверде ја освоил шестата етапа на трката, првата планинска завршница.

Во другите пласмани на трката, Џон Дегенколб од Џајант-Шимано ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман. Дегенколб освоил четири етапи, најмногу од сите возачи на трката. Сината точкаста маичка за планинскиот пласман му припаднала на Шпанецот Луис Леон Санчес од Каха Рурал-Сегурос РГА. Покрај црвената маичка, Контадор исто така ја освоил белата маичка за комбинираниот пласман. Катјуша го освоиле екипниот пласман на трката.

Екипи

уреди

Бидејќи Вуелта а Еспања е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.

†: Специјално поканети професионални континентални екипи.

Фаворити пред трката

уреди

Пред почетокот на трката, бранителот на титулата од минатата година, Крис Хорнер, победникот на Џиро д’Италија 2014, Наиро Кинтана, потоа Хоаким Родригес и Алехандро Валверде се меѓу фаворитите за крајна победа. По напуштањето на Тур де Франс, Крис Фрум[2] и Алберто Контадор[3] објавиле дека ќе настапат на Вуелта.[4] Други можни кандидати се: Карлос Бетанкур, Фабио Ару, Тибо Пино, Ригоберто Уран, Ендру Талански и Даниел Мартин.

На 22 август, еден пред почетокот на Вуелта, велосипедската мрежна страница cyclingnews.com објавила дека Крис Хорнер нема да настапи на трката поради ниско ниво на кортизол. Ова било така поради тоа што екипата ОАЕ Тим Емирати е дел од Mouvement Pour un Cyclisme Credible (MPCC) кое им забранува на велосипедистите да настапат кога нивото на кортизол ќе падне под одредена граница.[5]

Рута и етапи

уреди
ЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВид[6]Победник
123 августХерез де ла Фронтера12,6 км екипен хронометарМовистар Тим
224 августАлгесирас – Сан Фернандо174,4 км рамна етапа  Насер Буани (ФРА)
325 августКадис – Аркос де ла Фронтера188 км ридеста етапа  Мајкл Метјус (АВС)
426 августМаирена дел Алкор – Кордоба172,6 км среднопланинска етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
527 августПриего де Кордоба – Ронда182,3 км рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
628 августБеналмадена – Кумбрес Вердес157,7 км планинска етапа  Алехандро Валверде (ШПА)
729 августАлендин – Алкаудете165,4 км ридеста етапа  Алесандро Де Марки (ИТА)
830 августБаеза – Албасете207,4 км рамна етапа  Насер Буани (ФРА)
931 августКарбонерас де Гвадазаон – Арамон Валделинарес181 км планинска етапа  Винер Анакона (КОЛ)
1 септемвриДен за одмор
102 септемвриМонастерио де Санта Марија де Веруела – Борха34,5 км поединечен хронометар  Тони Мартин (ГЕР)
113 септемвриПамплона – Сантуарио де Сан Мигел де Аралар151 км планинска етапа  Фабио Ару (ИТА)
124 септемвриЛогроњо – Логроњо168 км рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
135 септемвриБелорадо – Обрегон182 км среднопланинска етапа  Даниел Наваро (ШПА)
146 септемвриСантандер – Ла Камперона199 км планинска етапа  Рајдер Хесједал (КАН)
157 септемвриОвиедо – Лагос де Ковадонга149 км планинска етапа  Пшемислав Њемјец (ПОЛ)
168 септемвриСан Мартин дел Реј Аурелио – Ла Фарапона158,8 км планинска етапа  Алберто Контадор (ШПА)
9 септемвриДен за одмор
1710 септемвриОргигеира – А Коруња174 км рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
1811 септемвриА Естрада – Монт Кастрове173,5 км среднопланинска етапа  Фабио Ару (ИТА)
1912 септемвриСалватера де Мињо – Кангас до Моразо176,5 км среднопланинска етапа  Адам Хансен (АВС)
2013 септемвриСанто Естево де Рибас де Сил – Пуерто де Анкарес163,8 км планинска етапа  Алберто Контадор (ШПА)
2114 септемвриСантјаго де Компостела10 км поединечен хронометар  Адријано Малори (ИТА)

Поредок

уреди

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2014, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил сметан преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта. Во 2014 година постоеле временски бонуси на сите етапи, освен хронометрите; десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири за третопласираниот.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка. Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкаста маичка.

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. За наградата за борбеност, судиите давале бодови по секоја етапа на велосипедистите за кои сметале дека биле најборбени. Велосипедистот со најмногу гласови на сите етапи бил прогласуван за победник. Дневниот победник на пласманот добива црвен број на наредната етапа.

ЕтапаПобедникГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Комбиниран пласман
Екипен пласманНаграда за борбеност
1Мовистар ТимЏонатан КастровиехонедоделенанедоделенанедоделенаМовистар Тимнедоделена
2Насер БуаниАлехандро ВалвердеНасер БуаниНејтан ХасВалерио КонтиХавиер Арамендија
3Мајкл МетјусМајкл МетјусЉуис МасЉуис МасБелкин Про СајклингЉуис Мас
4Џон ДегенколбМајкл МетјусВалерио КонтиАметс Чурука
5Џон ДегенколбЏон ДегенколбСерхио ПардиљаПим Лигтхарт
6Алехандро ВалвердеАлехандро ВалвердеАлехандро ВалвердеПим Лигтхарт
7Алесандро Де МаркиРајдер Хесједал
8Насер БуаниХавиер Арамендија
9Винер АнаконаНаиро КинтанаМовистар ТимЉуис Мас
10Тони МартинАлберто КонтадорТони Мартин
11Фабио АруВасил Кириенка
12Џон ДегенколбМатијас Крицек
13Даниел НавароЛуис Леон Санчес
14Рајдер ХесједалЛуис Леон СанчесЛуис Леон Санчес
15Пшемислав ЊемјецАлехандро ВалвердеКатјушаХавиер Арамендија
16Алберто КонтадорЛуис Леон СанчесЛуис Леон Санчес
17Џон ДегенколбБоб Јунгелс
18Фабио АруАлберто КонтадорЛуис Леон Санчес
19Адам ХансенПим Лигтхарт
20Алберто КонтадорЖером Копел
21Адријано МалориАдријано Малори
На крајАлберто КонтадорЏон ДегенколбЛуис Леон СанчесАлберто КонтадорКатјушаКрис Фрум
Забелешки
  • На етапата 4, Данило Вис, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Љуис Мас (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник на планинскиот пласман.
  • На етапата 5, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 7-9, Крис Фрум, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапата 16, Хоаким Родригес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алејандро Валверде (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник на планинскиот пласман, додека Алберто Контадор (на второто место) ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 19-21, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Алберто Контадор (на првото место) ја носел црвената маичката како предводник на генералниот пласман.

Пласмани

уреди
Легенда
     Го означува предводникот на генералниот пласман     Го означува предводникот на планинскиот пласман
     Го означува предводникот на бодовниот пласман     Го означува предводникот на комбинираниот пласман

Екипен пласман

уреди
МестоЕкипаВреме
1Катјуша244ч 19' 36"
2Мовистар Тим+ 38' 54"
3Тинкоф-Саксо+ 40' 16"
4Кофидис+ 52' 33"
5Тим Скај+ 1ч 06' 31"
6Астана+ 1ч 08' 09"
7Гармин-Шарп+ 1ч 17' 06"
8Ванти-Груп Гобер+ 1ч 17' 32"
9Белкин Про Сајклинг+ 2ч 13' 06"
10Лото-Белисол+ 2ч 54' 48"

Наводи

уреди
  1. „Вуелта а Еспања 2014“. lavuelta. Посетено на 1 јуни 2014.
  2. „Фрум зборува за разочарувачкото откажување од Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Посетено на 20 август 2014.
  3. Садб О’Ши. „Контадор најави дека ќе вози на Вуелта а Еспања“. Cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2014-08-19. Посетено на 20 август 2014.
  4. „Тим Скај го објави составот за Вуелта а Еспања 2014“. RoadCycling.com. Посетено на 20 август 2014.
  5. http://www.cyclingnews.com/news/chris-horner-out-of-vuelta-a-espana-due-to-low-cortisol-levels
  6. „Рута на Вуелта“. Посетено на 23 јули 2014.

Надворешни врски

уреди
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање