Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.842 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Плажата Рибеиро до Кавало, Португалија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
На денешен ден…

Денес е 6 мај 2024 г.

Настани:

1682 Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај.
1889 Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри.
1937 Цепелинот „Хинденбургсе запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство.
1991 Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.
1994 Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.
1994 Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција.
2007 Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.

Родени:

1501 Марцел IIримски папа.
1848 Васил Апостолов Икономов — македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф.
1856 Сигмунд Фројд — австриски научник, основач на психоанализата.
1868 Гастон Леру — француски новинар и писател.
1868 Николај IIруски цар (убиен 1918).
1869 Апостол Петков — македонски револуционер.
1895 Рудолф Валентино — американски глумец.
1915 Орсон Велс — американски глумец и режисер.
1935 Вук Крњевиќ — српски поет.
1941 Ивица Осим — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1951 Шабан Шаулиќ — српски фолк-пејач.
1953 Тони Блер — британски политичар.
1954 Дора Бакојани — грчка политичарка.
1961 Џорџ Клуни — американски глумец и режисер.
1963 Алесандра Фери — италијанска балерина.
1973 Дејан Томашевиќ — српски кошаркар.
1976 Иван де ла Пења — шпански фудбалер.
1980 Димитрис Дијамантидис — грчки кошаркар.
1982 Франсиско Вентосо — шпански велосипедист.
1983 Дани Алвеш — бразилски фудбалер.
1985 Крис Пол — американски кошаркар.
1986 Горан Драгиќ — словенечки кошаркар.
1986 Роман Кројцигер — чешки велосипедист.
1987 Дрис Мертенс — белгиски фудбалер.
1992 Јонас Валанчиунас — литвански кошаркар.
1993 Урош Ковачевиќ — српски одбојкар.
1994 Матео Ковачиќ — хрватски фудбалер.
1995 Марко Пјаца — хрватски фудбалер.

Починале:

1910 Едвард VIIбритански крал.
1945 Џемаил Хасани — водач на „Бали Комбетар“ за Западна Македонија.
1949 Морис Метерлинкбелгиски писател.
1959 Рагнар Нурске — естонски економист.
1991 Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти во СФР Југославија.
1992 Марлен Дитрих — американска филмска глумица од германско потекло.
1993 Велко Силјаноски — редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик.
2004 Барни Кесел — американски џез-музича
2007 Стеван Раичковиќ — српски поет.
2015 Ерол Браун — американски соул и фанк пејач, член на групата „Хот чоколит“ (Hot Chocolate).

Празници:

Ѓурѓовден — денот кога во 303 г. според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј.
Ерделез — традиционален празник на Ромите.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик