Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.816 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.

Двоичен броен систем (бинарен броен систем) — броен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1, обично по пат на положбен запис со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.

Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.

Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
На денешен ден…

Денес е 4 мај 2024 г.

Настани:

1494 Кристофер Колумбо пристига на Јамајка
1814 Наполеон Бонапарт пристига на островот Елба, каде што е протеран по својот пораз
1886 Во Чикаго се случуваат Хејмаркетските немири поврзани со штрајкот од Први мај
1904 САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1953 Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за „Старецот и морето“.
1979 Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Британија
1993 Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународниот сојуз за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

Родени:

1008 Анри Iкрал на Франција.
1881 Александар Керенски — руски политичар.
1900 Антун Аугустинчиќ — југословенски и хрватски вајар.
1909 Методи Поповски — македонски партизански командант.
1913 Катерина — грчка принцеза.
1921 Едо Муртиќ — хрватски сликар.
1928 Хосни Мубарак — претседател на Египет.
1929 Одри Хепберн — британска глумица со белгиско потекло.
1930 Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер.
1937 Рон Картер — американски џез-музичар.
1953 Нина Гопова — руска кану-спринтерка.
1953 Пија Задора — американска поп-пејачка и глумица.
1958 Кит Харинг — американски сликар.
1959 Валдемарас Хомичиус — литвански и советски кошаркар и тренер.
1969 Давид А. Бадер — американски информатичар.
1981 Александар Колобнев — руски велосипедист.
1981 Давид де ла Фуенте — шпански велосипедист.
1985 Бо Мекејлеб — македонски кошаркар од американско потекло.
1985 Фернандињо — бразилски фудбалер.
1987 Францеск Фабрегас — шпански фудбалер.
1988 Раџа Наинголан — белгиски фудбалер.
1989 Даниел Ѓурта — унгарски пливач.

Починале:

1453 Едвард — англиски принц.
1481 Караманли Мехмед-паша — османлиски државник.
1811 Николај Каменски — руски генерал.
1903 Гоце Делчев — еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
1903 Димитар Гуштанов — македонски револуционер.
1909 Тома Никлев — македонски револуционер.
1912 Пере Тошев — македонски револуционер.
1949 Валентино Мацола — италијански фудбалер.
1979 Бранко Зарески — македонски поет, критичар и публицист..
1980 Јосип Броз Тито — претседател на СФРЈ.
1993 Франце Штиглиц — словенечки и југословенски режисер.
2001 Васка Илиева — македонска изведувачка на народна музика.
2020 Драган Вучиќ — македонски композитор, пејач, филантропист и телевизиски водител.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик