Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.879 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Старогрчка митологија — збир од митови и легенди на старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на стара Грција. Денешните научници се своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространети низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчка книжевност.

Најстарите познати старогрчки литературни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од Хесиод, Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат. Една од најосновните одлики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга одлика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и одлики. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Ракетата „Starship SN16“
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 18 јуни 2024 г.

Настани:

1583 Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.
1821 Свечено отворен Кралскиот драмски театар (денес Концертен дом) во Берлин.
1940 Втора светска војна: Германците го зазедоа француското пристаниште Шербур.
1940 Шарл де Гол, француски генерал, ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.
1953 Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет станал Нагиб.
1965 Во Алжир е извршен воен преврат брз државата. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.
1996 Венјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.
1997 Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.
2000 Башер ел-Асад е избран за водач на владеачката сириска партија Баас, по смртта на претседателот Хафез ел-Асад.

Родени:

1491 Хенри VIIIкрал на Англија.
1812 Иван Гончаров — руски писател.
1866 Стамат Икономов — бугарски офицер.
1882 Георги Димитров — раководител на БКП и премиер на Бугарија.
1902 Борис Барнет — советски филмски режисер и глумец.
1918 Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година.
1922 Жамила Колономос — македонска револуционерка.
1935 Слободан Мицковиќ — македонски есеист и книжевен критичар.
1942 Пол Макартнианглиски пејач и текстописец.
1943 Рафаела Кара — италијанска пејачка.
1946 Фабио Капело — италијански фудбалски тренер.
1948 Брацо Димитријевиќ — босански концептуален уметник.
1949 Лех Качињски — полски политичар.
1952 Изабела Роселини — италијанска глумица и фото-модел.
1961 Алисон Моје — англиска поп-пејачка.
1972 Митко Тошев — македонски вајар и сликар.
1974 Винченцо Монтелаиталијански фудбалер.
1982 Фабјен Лефевр — француски кајакар.
1982 Марко Бориелоиталијански фудбалер.
1982 Соња Ковач — хрватска глумица и модел.
1989 Пјер-Емерик Обамејанггабонски фудбалер.
1990 Ферхан Хасани — македонски фудбалер.
1990 Кристијан Тејлор — американски атлетичар, светски и олимписки првак во трискок.
2001 Габриел Мартинели — бразилски фудбалер.

Починале:

741 Лав III Исавријанин — византиски цар.
1762 Мишел-Ришар Делаланд — француски барокен композитор.
1926 Олга Константиновна — руска голема кнегиња.
1936 Максим Горки — советски писател, еден од основачите на советската книжевност.
1994 Артуро Руис Кастиљо — шпански режисер.
2001 Даворин Поповиќ — југословенски и босански пејач, член на групата Индекси.
2014 Хорас Силвер — американски џез-музичар.
2021 Гиф оф Геб — американски рапер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик