Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.048 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Меѓународен фестивал на балони во Леон, Мексико, 2012 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Сончевиот систем во вистински бои
Сончевиот систем во вистински бои
На денешен ден…

Денес е 25 јуни 2024 г.

Настани:

1876 Се одвива Битката кај Литл Биг Хорн во која умира Џорџ Армстронг Кастер.
1950 Започнува Корејската војна.
1991 Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија.
1998 На пазарот лансиран е оперативниот систем Microsoft Windows 98.
2009 Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, починал во Лос Анџелес поради предозираност со анестетици на 50-годишна возраст.

Родени:

1242 Беатриса — војвотка од Бретања.
1852 Антони Гауди — каталонски архитект.
1864 Валтер Нернст — германски физичар и хемичар, добитник на Нобелова награда за хемија.
1883 Петар Здравев — професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
1900 Луис Маунтбатен — британски поткрал на Бурма.
1903 Џорџ Орвел — англиски писател.
1923 Сем Френсис — американски сликар.
1923 Ватрослав Мимицахрватски режисер.
1924 Сидни Ламет — американски глумец и режисер.
1926 Ингеборг Бахман — австриска писателка.
1934 Петре М. Андреевски — македонски писател.
1942 Ангел Гавровски — македонски сликар.
1956 Борис Трајковски — претседател на Република Македонија.
1960 Зорица Конџа — хрватска пејачка.
1960 Алдо Серена — италијански фудбалер.
1963 Џорџ Мајкл — британски пејач.
1966 Дикембе Мутомбокошаркар на НБА со потекло од ДР Конго.
1968 Доринел Мунтеану — романски фудбалер.
1975 Владимир Крамник — руски шахист.
1982 Вилијам Боне — француски велосипедист.
1985 Скот Браун — шкотски фудбалер.
1986 Марсел Вис — швајцарски велосипедист.
1987 Рафаел Валс — шпански велосипедист.
1993 Кевин Пантер — американско-српски кошаркар.
1997 Родриго Бетанкур — уругвајски фудбалер.

Починале:

1533 Марија Тјудор — кралица на Франција.
1767 Георг Филип Телеман — истакнат германски барокен композитор.
1822 Е. Т. А. Хофмангермански писател и композитор.
1861 Абдул Меџид Iсултан на Османлиското царство.
1990 Кузман Сотировски — македонски фудбалер.
1998 Жак Кустофранцуски истражувач, научник и иноватор.
2009 Мајкл Џексон — американски музичар, наречен „Крал на поп-музиката“.
2009 Фара Фосетамериканска глумица.

Празници:

 Ден на независност на Мозамбик
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик