Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.026 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Старогрчка митологија — збир од митови и легенди на старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на стара Грција. Денешните научници се своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот. Старогрчкиот мит го објаснува потеклото на светот и во детали ги опишува животите и авантурите на мноштво богови, божици, херои, хероини и други митолошки суштества. Овие вредности отпрвин биле распространети низ усна традиција; денес старогрчките митови пред сè се познати од старогрчка книжевност.

Најстарите познати старогрчки литературни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од Хесиод, Теогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат. Една од најосновните одлики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга одлика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и одлики. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Мостот „Васко да Гама“ во Лисабон, Португалија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Сончевиот систем во вистински бои
Сончевиот систем во вистински бои
На денешен ден…

Денес е 23 јуни 2024 г.

Настани:

1633 Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството.
1868 Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување.
1894 Во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен.
1958 Холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници.

Родени:

47 п.н.е. Птоломеј XV Цезарион — последниот крал од Птоломејската династија.
1668 Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар.
1889 Ана Ахматова — руска и советска поетеса.
1899 Густав Крклец — хрватски писател.
1912 Алан Тјуринг — англиски математичар и пронаоѓач († 1954).
1915 Кузман Јосифовски - Питународен херој на Македонија.
1937 Марти Ахтисари — претседател на Финска.
1940 Вилма Рудолф — американска атлетичарка.
1941 Роберт Хантер — американски рок-музичар.
1955 Жан Тигана — француски фудбалер.
1955 Бранка Парлиќ — српска пијанистка.
1961 Ентоан Кар — американски кошаркар.
1961 Митар Суботиќ — југословенски и српски рок-музичар.
1965 Милош Бурсаќ — српски и југословенски фудбалер.
1972 Зинедин Зидан — француски фудбалер и тренер.
1981 Антони Коста — англиски пејач.
1986 Симон Шпилак — словенечки велосипедист.
1987 Нандо де Коло — француски кошаркар.
1998 Јосип Брекало — хрватски фудбалер.

Починале:

1806 Матирен Жак Брисон — француски природонаучник.
1836 Џејмс Мил — англиски филозоф, економист и политички теоретичар.
1913 Георги Мончев — македонски револуционер.
1946 Вилијам С. Харт — американски глумец.
1995 Џонас Едвард Салк — американски микробиолог.
2007 Павле Угринов — српски писател, режисер и академик.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик