Циклус на уреа

Циклусот на уреата (познат и како орнитински циклус) е циклус на биохемиски реакции кои се случуваат кај голем број на животни, вклучувајќи го и човекот, при што се добива уреа ((NH2)2CO) од амонијак (NH3). Овој циклус е откриен од страна на Ханс Адолф Кребс и Курт Хенселајт во 1932 година, пет години пред откривањето на циклусот на лимонска киселина. Кај цицачите, циклусот на уреа се случува главно во црниот дроб, и помалку во бубрезите.

Петте реакции кои го сочинуваат циклусот на уреа. Првите две се одвиваат во митохондриите, додека останатите три се одвиваат во цитозолот.

Реакции

уреди
Реакции во циклусот на урејата
ЧекорРеактантиПроизводиКатализирано одМесто
1NH4+ + HCO3 + 2ATPкарбамоил фосфат + 2ADP + PiCPS1митохондрии
2карбамоил фосфат + орнитинцитрулин + PiOTCмитохондрии
3цитрулин + аспартат + ATPаргининосукцинат + AMP + PPiASSцитозол
4аргининосукцинатArg + фумаратASLцитозол
5Arg + H2Oорнитин + уреаARG1цитозол
🔥 Top keywords: