Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово

културна установо во Куманово

Национална установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев“културна установа во Куманово. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Куманово. Установата е наречена по македонскиот композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика Трајко Прокопиев. Во рамките на зградата на Центарот се наоѓа Библиотеката „Тане Георгиевски“.

НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово
Зградата на Центарот за култура во 2022 година
КратенкаНУЦК „Трајко Прокопиев“
Именувана поЈосип Броз Тито (1981-1999)
Трајко Прокопиев (1999-)
Основана1981
ВидЦентар за култура
Седиштеул. „Маршал Тито“ бр. 3
МестоКуманово, Македонија
Матична организацијаМинистерсто за култура
Мреж. местоhttps://nucktrajkoprokopiev.mk
Поранешно имеДом на култура „Јосип Броз Тито” (1981-1999)
Центар за култура „Трајко Прокопиев”(1999-2004)
Зграда на ЦУ „Трајко Прокопиев“
Карта
Координати42°08′05″N 21°43′12″E / 42.13483118332037° СГШ; 21.72007681981386° ИГД / 42.13483118332037; 21.72007681981386
Надморска височина335 м[1]
Изградба
Почнато со градба1980
Отворен1981 (1981)
АрхитектБлагоја Колев (идејно решение)
Владо Трендафиловски, Љупчо Гогов, Божидар Ночев (идејно решение)

Историја уреди

Изградбата била во периодот 1980-1981 година. Идејното решение го изготвил Благоја Колев. Основниот проект го изработиле Владо Трендафиловски, Љупчо Гогов, Божидар Ночев. Соработници во подготовката биле Здравко Смилев, Васка Тагаси, Светлана Костовска, Иван Киселички, Лилјана Ристевска, Славица Христова.[2]

Установата била основана во 1981 година под името Дом на култура „Јосип Броз Тито” - Куманово. Во 1999 година Домот на култура бил преименуван во Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово. Потоа во 2004 година, со одлука на Министерството за култура, називот бил сменет во Национална установа - Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово и истовремено Народниот театар Куманово бил припоен под установата.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Преку Map Elevation Calculator
  2. Љубен Трајаноски (13 февруари 2024). „Н.У. Центар за култура „Трајко Прокопиев" – Куманово /фотофалерија/“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 9 мај 2024. Посетено на 9 мај 2024.
  3. „Историјат“. НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Архивирано од изворникот 2018-09-17. Посетено на 15 декември 2022.

Надворешни врски уреди