Франко Серви

Франко Серви (роден на 26 мај 1994 година) — аргентински фудбалер, крило на Бенфика.

Франко Серви
Лични податоци
Роден на26 мај 1994(1994-05-26)(30 г.)
Роден воСан Лоренцо, Аргентина
Држава Аргентина
Висина&100000000000001700000001,70 м
Позицијакрило
Клупски податоци
Сегашен клубБенфика Бенфика
Број22
Младинска кариера
Росарио Сентрал Росарио Сентрал
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2014-2016Росарио Сентрал Росарио Сентрал30(5)
2016-Бенфика Бенфика64(6)
Репрезентација
2018-Аргентина Аргентина3(1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Десно крило кој исто така може да игра како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачите; главно игра како напаѓач од десно во 4-3-3 формација.

Кариера

уреди

Росарио Сентрал

уреди

Како производ на младинската школа на фудбалскиот клуб Росарио Сентрал, Серви напредувал низ сите младински категории до првиот тим, за кој го направил своето деби во првенствениот натпревар против Естудијантес на 9 ноември 2014 година во победата со 1-0. Тој се појавил во игра од клупата за резерви заменувајќи го Ернан Енсина во 66-тата минута.[1] На 14 февруари 2015 година, тој го постигнал својот прв професионален погодок во лигата во натпреварот против Расинг Клуб.[2]

На 25 февруари 2016 година, Серви го направил своето деби во Копа Либертадорес против Насионал. Својот прв погодок во натпреварувањето го постигнал во победата со 3-1 над Ривер Плата.[3]

Бенфика

уреди
Серви во дресот на Бенфика

На 15 септември 2015 година, Серви потпишал шестгодишен договор со португалскиот шампион Бенфика за сума од 4 милиони евра со вметната излезна клаузула во договорот која изнесувала 60 милиони евра.[4][5] И покрај тоа што потпишал договор со Бенфика тој продолжил да игра за Росарио Сентрал до мај 2016 година (крајот на сезоната), па им се приклучил на орлите на 24 јуни за пред-сезонските подготвки за сезоната 2016-2017.[6]

Своето деби за Бенфика, Серви го направил на 7 август 2016 година и при тоа го постигнал првиот гол во победата со 3-0 над Брага во Суперкупот на Португалија, помагајќи му на својот клуб да дојде до првиот трофј во сезоната. Подоцна, тој бил избран за најдобар играч на натпрварот.[7] Шест дена подоцна го имал првиот натпревар во Примеира лигата, играјќи 65 минути во победата со 2-0 на гости против Тондела. На 13 септември дебитирал во Лигата на шампиони со гол за Бенфика, во ремито 1-1 на домашен терен против Бешикташ.[8] На 2 октомври 2016, Серви го постигнал својот прв првенствен погодок во дресот на орлите во победата над Феиренсе со 4-0.

На 29 декември, со голот кој постигнал за победата над Пасош де Фереира со 1-0 во Лига купот на Португалија, тој станал првиот играч на Бенфика кој постигнал гол во сите португалски натпреварувања во истата сезона - Суперкупот, Примеира лига (првенството), Купот на Португалија и Лига купот. Покрај тоа, тој, исто така, постигнал гол и во Лигата на шампионите.

Репрезентативна кариера

уреди

Серви бил избран во 35-члениот список на Аргентина за Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро,[9] но сепак тој отпаднал од финалниот список на кој биле избрани 18-те играчи за турнирот.

Серви го направил своето деби за сениорската репрезентација на Аргентина во победата со 3–0 над Гватемала на 8 септември 2018.[10] Својот прв погодок го постигнал во победата со 4-0 над Ирак во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Аргентина|d}}|{{Naz/  Аргентина|c}}]]
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
7-9-2018Лос Анџелес[[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина  |d}}|{{Naz/Аргентина  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Аргентина  |ssb}}px 0px {{Naz/Аргентина  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Аргентина  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Аргентина  |c}}|20x16px]]3 – 0<span style="margin:0px {{Naz/  Гватемала|ssb}}px 0px {{Naz/  Гватемала|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Гватемала|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Гватемала|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Гватемала|d}}|{{Naz/  Гватемала|c}}]]Пријателска-  66'
12-9-2018Ист Ратерфорд[[ фудбалска Selezione {{Naz/Колумбија  |d}}|{{Naz/Колумбија  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Колумбија  |ssb}}px 0px {{Naz/Колумбија  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Колумбија  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Колумбија  |c}}|20x16px]]0 – 0<span style="margin:0px {{Naz/  Аргентина|ssb}}px 0px {{Naz/  Аргентина|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Аргентина|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Аргентина|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Аргентина|d}}|{{Naz/  Аргентина|c}}]]Пријателска-  46'
11-10-2018Ријад[[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина  |d}}|{{Naz/Аргентина  |c}}]] <span style="margin:0px {{Naz/Аргентина  |ssb}}px 0px {{Naz/Аргентина  |ssb}}px">[[File:{{Naz/Аргентина  |a}}|class=noviewer|{{Naz/Аргентина  |c}}|20x16px]]4 – 0<span style="margin:0px {{Naz/  Ирак|ssb}}px 0px {{Naz/  Ирак|ssb}}px">[[File:{{Naz/  Ирак|a}}|class=noviewer|{{Naz/  Ирак|c}}|20x16px]] [[ фудбалска Selezione {{Naz/  Ирак|d}}|{{Naz/  Ирак|c}}]]Пријателска'1  60'
ВкупноНастапи3Голови1

Статистика на кариерата

уреди

Статистиката е ажурирана на 1 јануари 2017.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2014 Росарио СентралПД30КА00------30
2015ПД275КА40------315
2016ПД120КА00КЛ102---222
Вкупно Росарио Сентрал42540102--567
2016-2017 БенфикаПЛ121КП+ЛП3+22+1ЛШ52СП11247
Вкупно во кариерата54693153117913

Титули

уреди

Бенфика

уреди

Наводи

уреди
  1. „Estudiantes vs. Rosario Central - 9 November 2014 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 2015-06-28.
  2. „Racing Club vs. Rosario Central - 14 February 2015 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 2015-06-28.
  3. „River Plate vs. Rosario 1 - 3“. soccerway.com. Посетено на 2015-12-31.
  4. "I'm very happy to come to such a big club". S.L. Benfica. 23 September 2015. Архивирано од изворникот на 2017-02-17. Посетено на 6 July 2016.
  5. „Oficial: Franco Cervi assina pelo Benfica“ [Official: Franco Cervi signs for Benfica]. Maisfutebol (португалски). 14 September 2015. Посетено на 29 June 2016.
  6. "Muita vontade que esta nova fase arranque" [Looking forward for this new phase to start]. S.L. Benfica (португалски). 24 June 2016. Архивирано од изворникот на 24 June 2016. Посетено на 6 July 2016.
  7. „Supertaça: Cervi eleito melhor em campo“ [Super Cup: Cervi elected best player on pitch]. Maisfutebol (португалски). 7 August 2016. Посетено на 19 October 2016.
  8. Benfica-Besiktas 1-1
  9. "Lista preliminar para Río", AFA, 24 May 2016“. Архивирано од изворникот на 2018-02-16. Посетено на 2018-11-08.
  10. https://us.soccerway.com/matches/2018/09/08/world/friendlies/argentina/guatemala/2805437/

Надворешни врски

уреди