Устав на МПЦ - ОА
Уставот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија претставува црковно-правен акт со кој се утврдени статусот, внатрешното уредување, структурата на црковната власт (законодавната, извршната и судската) и дејностите. Уставниот статус на Македонската православна црква е автокефална, помесна православна црква со степен на Архиепископија, како продолжителка и верна наследничка на Охридската архиепископија. Има достоинство на Архиепископија,со Поглавар на Македонската православна црква со титула Архиепископ Охридски и Македонски. Ги определува симболите – грбот и знамето, службениот (македонски) јазик и неговото (кирилско) писмо и богослужбените јазици (црковнословенскиот и македонскиот јазик)[1].
- устави
- Првиот Устав бил донесен на Вториот црковно-народен собор во 1958 година;
- вториот, со одредени измени и дополнувања, на Вонредниот митрополитски црковно-народен собор од 21 до 22 декември 1961),
- третиот на Црковно-народниот собор одржан од 17 до 18 јули 1967,
- четвртиот на Соборот на 28 и 29 октомври 1974 година и
- последниот, петтиот на Архиепископскиот црковно-народен собор во Скопје од 31 октомври до 1 ноември 1994 година.
Наводи
уреди- Устав на Македонската православна црква, Скопје, 1995
- ↑ Катарџиев, Иван (1994). Македонската политичка емиграција по Втората светска војна. Архив на Македонија.
Поврзано
уреди🔥 Top keywords: Главна страницаДуховденСпецијална:БарајКатегорија:Села во МакедонијаКалиопиКарлес ПуџдемонМакедонијаХристијан МицкоскиЕвропско првенство во фудбал 2024ЛибанСписок на змии во МакедонијаСвето ТројствоИсправи се, ДелфинаОче нашАтина БојаџиВесна ЈаневскаДагестанСкопјеГрад (метеорологија)МРТ собраниски каналПремиер на МакедонијаХороскопски знациВтора светска војнаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСмоковиАндон ЌосетоНикола ГруевскиСписок на градови во МакедонијаВлада на МакедонијаМочуриштеМакедонски парламентарни избори (2024)Географија на МакедонијаЗадушницаТодор АнгелевскиСолунТимчо МуцунскиСистемски лупус еритематозусШвајцаријаГордана Сиљановска-Давкова