Устав на ВМОРО
Уставот на ВМОРО е уставо - статутарен акт на Македонската револуционерна организација, донесен на Рилскиот конгрес во 1905 година.
Македонска револуционерна |
---|
![]() |
Мото |
Псевдоним |
Институти |
Статути |
Конгреси |
Весници |
Непријатели |
Сојузници |
Хронологија |
Афери |
Фракции |
Битки |
Aпостоли |
Поврзано |
Особености
уреди![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9c/Ustav20VMORO.jpg/230px-Ustav20VMORO.jpg)
Со овој устав организацијата формално - правно е именувана во Внатрешна македоно - одринска револуционерна организација. Уставот се состои од 18 члена поделени во 5 глави.
Во првата глава е регулирана целта на организацијата, член 1 - 2, во втората глава - средставата, член 3, во третата глава се составот и устројството, член 4 - 15, четврта глава - матерјални средства, член 16, и во петтата глава се казните член 17 - 18 [1].
Оваа статија се однесува на Македонската револуционерна организација која во еден период се нарекувала и како ВМОРО и тоа почнувајќи од овој устав и затоа не треба да се меша со ВМРО (Автономистичка) бидејќи таа егзистира во други услови и во друго време.
Некои членови
уреди![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/df/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%9E%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7.pdf/page1-220px-%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%9E%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7.pdf.jpg)
Член 1
уредиВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.
Член 2
уредиОрганизацијата им се спротивставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.
Член 3
уредиЗа отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.
Устав
уредиНаводи
уреди- ↑ Уставот на ВМOРО на викиизвор