Список на владетели на Прусија

список на статии на Викимедија

Ова е список на владетели на поранешната германска држава Прусија. Државата првично постоела во облик на териториите крај Балтичкото Море, што Тевтонските витези ги освоиле од Прусите, Полска и Литванија. Подоцна Прусија станува сузеренство на Кралството Полска, независно војводство, независно кралство, кралство во рамките на Германското Царство, и на крај државна покраина во составот на Германија.

Грб на Кралството Прусија

Почнувајќи од 1618, историјата на Прусија е потесно поврзана со историјата на Маркгрофовство Бранденбург - владетелот на Прусија бил и изборен кнез на Бранденбург (1618-1806).

Војводи на Прусија (1525-1701)

уреди
Војводи на Прусија - династија Хоенцолерн
СликаИмеОдДоЗабелешки
Алберт I10 април 152520 март 1568Внук на Алберт III Ахил од династијата Хоенцолерн. Велемајстор на Тевтонските витези. Станал лутеранец, па од кралот на Полска ја добил световната титула „Војвода на Прусија“.
Алберт II Фридрих20 март 156818 август 1618Син на Алберт I. Во 1577 е прогласен за душевно неподобен. Кога кралот Сигизмунд II Август ја придодал војводска Прусија во 1569, власта најпрвин ја имал Герг Фридрих, маркгроф на Бранденбург-Ансбах, потоа Јоаким Фридрих (1605–1608), па на крај од Јохан Сигизмунд.

По смртта на Алберт Фридрих (1618) власта врз војводството му припаднала на неговиот зет и далечен братучед, изборниот кнез Јохан Сигизмунд од старешинскиот род на династијата Хоенцолерн што владеела со Маркгрофовството Бранденбург. Иако маркгрофовството и војводството биле правно посебни единици, понекогаш во целина се нарекуваат Бранденбург-Прусија.

Јохан Сигизмунд18 август 161823 декември 1619изборен кнез на Бранденбург од 1608. Се оженил со војвотката Ана, ќерка на Алберт Фридрих.
Георг Вилхелм23 декември 16191 декември 1640Син на Јохан Сигизмунд и Ана.
Фридрих Вилхелм1 декември 16409 мај 1688Син на Георг Вилхелм. Во 1657 полскиот крал Јан II Казимир го признал неговиот целосен суверенитет врз Војводството Прусија, и така тоа станало независна држава. Полска го задржала правото да ја поништи одлуката во случај да изумрат сите членови на династијата Хоенцолерн. правата на прускиот војвода и полскиот крал биле утврдени со низа договори кои се обновувале со секоја смена на владетел, сè до 1698 (крунисувањето на полскиот крал Август II).
Фридрих I9 мај 168818 јануари 1701Син ха Фридрих Вилхелм. Во 1701 бил крунисан за „Крал во Прусија“, што ја означува целосната независност на Прусија од Полска, но со суверентиет ограничен на поранешната територија на војводска Прусија.

Кралеви на Прусија (1701-1918)

уреди

Пред 1772 г. овие кралеви ја носеле титулата „Крал во Прусија“ (со предлогот „во“ наместо „на“).

Кралеви во и на Прусија - дианстија Хоенцолерн
СликаИмеОдДоЗабелешки
Фридрих I18 јануари 170125 февруари 1713Целосно ја отцепил Прусија од Полска и во 1701 се прогласил за суверен „Крал во Прусија“.
Фридрих Вилхелм I25 февруари 171331 мај 1740Син на Фридрих I. Бил нарекуван „Кралот-војник“ (Der Soldatenkönig). Ја реформирал војската и ги ограничил државните издатоци што не се однесувале на војската.
Фридрих II31 мај 174017 август 1786Откако ја припоил Кралска Прусија со поделбата на Полска 1772, „Фридрих Велики“ ја сменил својата титула во „Крал на Прусија“ наместо „Крал во Прусија“.
Фридрих Вилхелм III17 август 178616 ноември 1797Син на братот на Фридрих II. Ја проширил Прусија припојувајќи уште полски територии.
Фридрих Вилхелм III16 ноември 17977 јуни 1840Син на Фридрих Вилхелм II. Со распуштањето на Светото Римско Царство (1806), ја изгубил титулата изборен кнез („изборник“) на Бранденбург, но успеал да ги придодаде неговите територии во Бранденбург кон Прусија. И покрај загубите во Наполеоновите војни, со Виенскиот конгрес територијата на Прусија во голема мера се проширува за сметка на другите германски држави, и со тоа Прусија станува доминантна сила во северна Германија.
Фридрих Вилхелм IV7 јуни 18402 јануари 1861Син на Фридрих Вилхелм III. За време на револуциите од 1848-9 му било понудено да стане „Цар на Германците“, но ја одбил понудата.
Вилхелм I2 јануари 18619 март 1888Брат на Фридрих Вилхелм IV. Со Германско-данската војна (1864) и Австриско-пруската војна (1866), Прусија припоила уште територии и станала најсилна држава во Северногерманскиот Сојуз. По победата во Француско-пруската војна (1871), Вилхелм I бил прогласен за Германски цар, задржувајќи ја титулата Крал на Прусија и сите дотогашни владеачки права.
Фридрих III9 март 188815 јуни 1888Син на Вилхелм I. Исто така бил германски цар. Починал по само 99 од рак на грлото. Затоа 1888 се нарекува „Година на три цара“.
Вилхелм II15 јуни 18889 ноември 1918Син на Вилхелм II. Со поразот на Германија во Првата светска војна (1914-1918), Вилхелм абдицирал и пребегнал во странство. Ова го означува крајот на владеачката кариера на династијата Хоенцолерни.

По монархијата

уреди

Иако Германското Царство повеќе не постоело како монархија, неговите составни земји продолжиле да постојат како републики во рамките на Вајмарската Република. Така, Прусија била „Слободна Држава Прусија“.

Премиери на Слободната Држава Прусија (1918-1945)

уреди

Во 1932 г. германскиот канцелар Франц фон Папен извршил пуч врз пруската влада и оттогаш со Прусија управувал „рајхскомисар“:

По доаѓањето на нацистите, избран е нов премиер. Меѓутоа тој имал главно церемонијална улога бидејќи покраините ја изгубиле својата автономија и станале административни единици.

По поразот на нацистичка Германија (1945) пруските покраини биле прераспределени во сојузни покраини. Во 1947 официјално престанува да постои како политички ентитет. Изворните територии на Прусија им припаднале на Полска и СССР.

Претенденти на прускиот престол

уреди
Претенденти на прускиот престол - династија Хоенцолерн
СликаИмеПериодЗабелешки
Вилхелм II1918-1941живеел во прогонство во Холандија сè до крајот на животот
Принц-престолонаследник Вилхелм1941-1951
Принц Луј Фердинанд1951-1994
Принц Георг Фридрих1994 -

Поврзано

уреди