Светско првенство во ракомет за жени 2019

Светско првенство во ракомет за жени 2019 — 24. издание на Светското првенство во ракомет за жени. Првенството се одржало во Јапонија од 30 ноември до 15 декември 2019 година.[1]

Светско првенство во ракомет за жени 2019
Податоци за турнирот
Домаќини Јапонија
Датуми30 ноември – 15 декември
Екипи24 (од 5 конфедерации)
Одржувалишта(во 5 градови-домаќини)
Конечен исход
Првак Холандија
(1. титула)
Второпласиран Шпанија
Третопласиран Русија
Четвртопласиран Норвешка
Статистикa за турнирот
Натпревари96
Дадени голови5179 (53.95 по натпр.)
Гледачи315.748 (3.289 по натпр.)
Најдобар стрелецХоландија Лоис Абинг
(71 гол)
Најдобар играчХоландија Еставана Полман

Холандија ја освоила својата прва титула светски првак, совладувајќи ја Шпанија во финалето со 30-29.[2]

Градови-домаќини уреди

Организација на Светското првенство му била доверена на регионот Кумамото. Покрај тоа, јапонскиот организационен комитет одлучил да му додели едно место на одржување на Токио со цел подобро да се подготват за Летните олимписки игри 2020. Инаку Кумамото имал и претходно искуство со организација на ракометни турнири, откако бил домаќин на машкиот светски турнир во 1997 година.[3]

Хигаши-куМинами-куНиши-куЈацушироЈамага
Парк дом Кумамото
Капацитет: 10.000
Аква дом Кумамото
Капацитет: 6.400
Кумамото Гимнасиум
Капацитет: 3.400
Јацуширо Гимнасиум
Капацитет: 2.500
Јамага Сити Гимнасиум
Капацитет: 2.100

Квалификувани репрезентации уреди

ДржаваСе квалификувале какоДата на квалификувањеПретходни учества1
 ЈапонијаДомаќин28 октомври 2013180 (1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1986, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 ФранцијаБранител на титулата17 декември 2017130 (1986, 1990, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 БразилПрви на Првенство на Јужна и Средна Америка 20183 декември 2018120 (1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 АргентинаВтори на Првенство на Јужна и Средна Америка 20183 декември 201890 (1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 КинаПолуфиналист на Азиското првенство 20184 декември 2018150 (1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 КазахстанПолуфиналист на Азиското првенство 20184 декември 201840 (2007, 2009, 2011, 2015)
 Јужна КорејаПолуфиналист на Азиското првенство 20184 декември 2018170 (1978, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 АвстралијаПетто место на Азиското првенство 20188 декември 201870 (1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013)
 СенегалФиналист на Африканско првенство 201810 декември 2018Деби
 АнголаФиналист на Африканско првенство 201810 декември 2018140 (1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 ДР КонгоТрето место на Африканско првенство 201812 декември 201820 (2013, 2015)
 ХоландијаПолуфиналист на Европско првенство 201812 декември 2018110 (1971, 1973, 1978, 1986, 1999, 2001, 2005, 2011, 2013, 2015, 2017)
 РоманијаПолуфиналист на Европско првенство 201812 декември 2018230 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1978, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 РусијаПолуфиналист на Европско првенство 201812 декември 2018120 (1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2015, 2017)
 КубаНорКа 2019 шампион2 јуни 201930 (1999, 2011, 2015)
 УнгаријаЕвропски квалификации5 јуни 2019210 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1978, 1982, 1986, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2013, 2015, 2017)
 ДанскаЕвропски квалификации5 јуни 2019190 (1957, 1962, 1965, 1971, 1973, 1975, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 ГерманијаЕвропски квалификации5 јуни 2019110 (1993, 1995, 1997, 1999, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 НорвешкаЕвропски квалификации5 јуни 2019190 (1971, 1973, 1975, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
 Црна ГораЕвропски квалификации5 јуни 201940 (2011, 2013, 2015, 2017)
 ШведскаЕвропски квалификации6 јуни 201990 (1957, 1990, 1993, 1995, 2001, 2009, 2011, 2015, 2017)
 СрбијаЕвропски квалификации6 јуни 201930 (2013, 2015, 2017)
 СловенијаЕвропски квалификации6 јуни 201950 (1997, 2001, 2003, 2005, 2017)
 ШпанијаЕвропски квалификации6 јуни 201990 (1993, 2001, 2003, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017)
1 Болд означува шампион за таа година, Италикс означува домаќин за таа година.

Ждрепка уреди

Ждрепката била одржана на 21 јуни 2019 во Токио, Јапонија.[4][5]

Носители уреди

Носителите биле објавени на 19 јуни 2019.[6] Како организатор, Јапонија имала право да ја одбере својата група.

Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4Шешир 5Шешир 6

Судии уреди

[7]

Судии
 АлжирЈусеф Белхири
Саид Али Хамиди
 АргентинаМарија Паолантони
Маријана Гарсија
НР КинаЧенг Јуфенг
Жу Јунлеи
 ХрватскаДавор Лончар
Зоран Лончар
 ДанскаКарина Кристијансен
Лине Хансен
ЕгипетЈасмина Ел-Сајед
Хајди Ел-Сајед
 ФранцијаШарлот Бонавентура
Жули Бонавентура
 ГерманијаМајке Мерц
Тања Шилха
ЈапонијаКојоши Хизаки
Томоказу Икебучи

Судии
 РоманијаКристина Настасе
Симона Станку
 РусијаВикторија Алпаидзе
Татјана Березкина
 СловенијаБојан Лах
Давид Сок
 СрбијаВања Антиќ
Јелена Јаковљевиќ
 Јужна КорејаКо Бон-ок
Ли Се-ок
 ШпанијаИгнасио Гарсија
Андреу Мартин
ТунисСамир Кришен
Самир Махлуф
 УругвајМатијас Соса
Кристијан Лемес

Преглед на првенството уреди

Групна фаза уреди

Групата А на првенството започнала со мало изненадување за кое заслужна била репрезентацијата на Словенија која ја победила фаворизираната Холандија со 32-26.[8] Во останатите два натпревари од првото коло фаворитите биле сигурни, Србија ја победила Ангола 32-25,[8] односно Норвешка која ја победила Куба со 31 гол разлика (47-16), што била втора најубедлива победа на првенството.[9][10] Второто коло не донело изнедувања, Србија ја победила Куба со убедливи 46-27, а Холандија ја забележала првата победа на турнирот совладувајќи ја Ангола со 35-28.[11] Најинтересно било во третиот натпревар во кој Норвешка со пресврт и одлична игра во второто полувреме ја победила Словенија.[12] Во третото коло Холандија ја победила Куба, додека Ангола ја изненадила Словенија славејќи убедлива победа од 33-24.[13] Во дербито на колото Норвешка во тесен и неизвесен натпревар ја добила Србија со 28-25.[14] Во четвртото коло Норвешка и Словенија забележале победи над Ангола и Куба,[15][16] додека Холандија ја декласирала Србија со 36-23.[17] Во последното коло Србија забележала важна победа над Словенија со која изборила пласман понатаму,[18] Ангола ја победила Куба, додека Холандија и го нанела првиот пораз на Норвешка со 30-28.[19] На крајот, од оваа група натаму минале Холандија со 4 пренесени бода, Норвешка со 2 и Србија без ниту еден пренесен бод.

Во групата Б забележан е лош почеток на турнирот за бранителот на трофејот Франција, која сосема неочекувано загубила од Јужна Кореја 27-29.[8][10] Германија славела над шампионот од 2013 Бразил со 30-24,[8][10] додека Данска без проблеми ја соваладала Австралија со 25 гола разлика (37-12).[10] Во второто коло се забележани дури два нерешени резултати: Бразил - Франција 19-19[20] и Јужна Кореја - Данска 26-26.[21] Единствената репрезентација која забележала победа во ова коло била Германија, која ја совладала Австралија со убедливи 34-8.[22] Третото коло донело нов успех за Јужна Кореја која го совладала Бразил,[23] додека французинките ја забележале својата прва победа на турнирот совладувајќи ја Австралија со огромни 46-7;[23] оваа победа од 39 гола разлика била и најубедливата на турнирот. Во дербито на колото, Германија ја победила Данска во тесен натпревар со еден гол разлика 26-25.[23] Четвртото коло донело победи на Јужна Кореја, Данска и Франција над Австралија, Бразил и Германија. Во последното коло, Бразил ја победил Австралија за петто место во групата, Германија и Јужна Кореја одиграле нерешено 27-27 резултат што и двете екипи ги одвел понатаму, а Данска ја победила Франција со 20-18 и го исфрлила бранителот на титулата од натпреварувањето.[24] На крајот Германија пренела 3 бода во главната фаза, Јужна Кореја 2, а Данска 1.

Почетокот во групата Ц го одбелeжaла убедливата победа на Шпанија над Романија со 31-16.[25] Во другите два натпревари од првото коло, Црна Гора и Унгарија ја оправдале фаворитската улога против Сенегал и Казахстан.[26] Во второто коло, Црна Гора и Шпанија дошле до втората победа во групата победувајќи ги Казахстан и Унгарија,[27] додека Романија забележала многу важна победа против Сенегал за да ги задржи шансите за пласман во главната фаза.[27] Во најинтересниот натпревар од третото коло Црна Гора ја победила Унагрија со 25-24,[14] а до третата победа во групата стигнала и Шпанија која го победила Сенегал 29-20.[23] Во последниот натпревар од колото Романија го победила Казахстан.[23] Во четвртото коло, Црна Гора дошла до уште една минимална победа совладувајќи ја Романија со 27-26,[28] а Шпанија и Унгарија биле сигурни против аутсајдерите Казахстан и Сенегал.[28] Во последното коло Сенегал го победил Казахстан во двобојот на двете репрезентации кој доживеале порази во сите претходни натпревари на турнирот и така го освоиле петтото место во групата. Во натпреварот за првото место, Шпанија ја победила Црна Гора со 27-26, за прво место и максимален број пренесени бодови во следната фаза.[29] Во еден од најинтересните натпревари на првенството се сретнале соседите Романија и Унгарија, во натпревар кој директно одлучувал која репрезентација од оваа група ќе мине понатаму како трета во групата. Во првото полувреме Унгарија имала 7 гола предност, меѓутоа тоа не им било доволно па при крајот Романија успела да го изедначи резултатот, а во последните секунди со гол од пенал на Кристина Њагу дошла до победа (28-27) со која се пласирале во главната фаза.[30] На крајот натаму минале Шпанија со 4 пренесени бода во главната фаза, Црна Гора со 2 и Романија без бодови.

Во првото коло од групата Д немало изненадувања: домаќинот на турнирот Јапонија ја победила Аргентина, Русија ја победи Кина, а Шведска била подобра од ДР Конго. Во второто коло истите три репрезентации ја забележале и втората победа на турнирот Русија ја победила Аргентина, Јапонија била подобра од ДР Конго, додека Шведска ја совладала Кина. Во трето коло Аргентина ја остварила првата победа совладувајќи ја Кина, Русија била убедлива против ДР Конго славејќи убедлива победа од 34-13, додека Шведска ја добила Јапонија со 34-26. Четвртото коло донело нови победи за Русија и Шведска против Јапонија и Аргентина,[15] а својата прва победа на првенството ја забележале и ракометарките на ДР Конго кои во неизвесен натпревар со еден гол разлика ја победиле Кина. Во последното коло, Русија ја победила Шведска 30-22 за прво место во групата, додека Јапонија со победата над Кина од 35-18 ја обзебдила третата позиција и пласман во главната фаза. Во последниот натпревар Аргентина го победила ДР Конго и ја освоила четвртата позиција во групата додека ДР Конго завршиле на петтото место. Од оваа група натаму минале Русија со 4 пренесени бода, Шведска со 2 и Јапонија без бодови.

Главна фаза уреди

Првото коло од групата 1 од главната фаза донело неколку интересни натпревари. Во првиот Србија ја победила дотогаш одличната Јужна Кореја со 36-33 за први бодови во новата група, додека во неизвесен натпревар Германија ја победила Холандија со 25-23 и го презела првото место во групата. Во последниот натпревар од првото коло, скандинавското дерби и двобојот на два поранешни светски шампиони Норвешка и Данска победа славела репрезентацијата на Норвешка со 22-19. Во второто коло, Србија ја изненадила Германија со 29-28, додека за уште едно изненадување се погрижила Данска совладувајќи ја Холандија со 27-24. Изненадување не дозволила Норвешка која била сигурна против Јужна Кореја за да избие на првото место во групата со бод повеќе од Германија, но со сè уште не обезбеден пласман во полуфиналето. Во последното коло Холандија ја победила Јужна Кореја и дошла на чекор од пласман во полуфиналето што би станало реалност доколку Норвешка и Германија не одиграат нерешено, додека Данска со нерешените 26-26 ја исклучила од трката за полуфинале Србија. Во последниот натпревар кој одлучувал се во групата околу тоа кој две репрезентации ќе минат натаму, Норвешка ја победила Германија со 32-29 и се пласирале во полуфиналето водејќи ја со себе и Холандија како втротопласирана од оваа група. Со поразот Германија, била најголемиот губитник затоа што освен што не минала меѓу четирите најдобри паднала на четвртото место во групата и со самото тоа натпревар за седмото место кое последно води во квалификациите за Олимписките игри, додека Србија завршила како трета во групата и обезбедила место на квалификацискиот турнир и натпреавар за петто место на првенството.

Во групата 2 со победи тргнале Русија и Црна Гора кои ги совладале Романија и домаќинот Јапонија. Последниот натпревар од првото коло меѓу Шпанија и Шведска донел големи возбудувања. Иако Шпанија во еден момент од второто полувреме имала 9 гола предност, Шведска успеала да се врати и да се избори за нерешен резултат 28-28. Во второто коло Русија го заверила својот пласман во полуфиналето совладувајќи ја Црна Гора, додека Шпанија дошла на чекор од тоа да го стори после победата над Јапонија. Во последниот натпревар од колото Шведска ја победила Романија и избила на третото место на табелата. Во последното коло русинките го потврдиле првото место совладувајќи ја Шпанија, меѓутоа и шпанките продолжиле заедно со нив меѓу четирите најдобри благодарение на победата на Црна Гора над Шведска. Со оваа победа црногорките го освоиле третото место во групата и избориле двобој со Србија за петто место, праќајќи ја Шведска во натпревар за седмото место - последно кое води во квалификациите за ЛОИ 2020. Во натпреварот без големо резултатско значење помеѓу двете веќе елиминирани репрезентации Јапонија ја победила Романија и завршила петта во оваа група додека романките останале последни без ниту еден освоен бод.

Полуфинале уреди

Полуфиналните двојки биле Русија-Холандија и Норвешка-Шпанија.

Во првото полуфинале виден е неизвесен натпревар меѓу Русија и Холандија. Резултатот бил во најголем дел од натпреварот нерешен или водство на една од двете репрезентации со гол предност, а одлуката паднала во последната минута кога холанѓанките преку Лаура ван дер Хејден стигнале до водство, а во самата завршница русинките го промашиле последниот удар и така Холандија победила (33-32) и изборила втрото финале во својата историја нанесувајќи и го првиот пораз на Русија на турнирот.

Во второто полуфинале Шпанија ја изненадила Норвешка совладувајќи ја со 28-22. Првото полувреме било изедначено иако во еден момент Шпанија имала 4 гола предност Норвешка се вратила и на полувреме се отишло со нерешен резултат 13-13. Во второто полувреме Норвешка почнала многу да греши и тоа го искористила Шпанија со една серија од 6-1 пред крајот да го реши победникот. Прво историско финале за Шпанија.

Натпревар за трето место уреди

Во натпреварот за третото место се сретнале репрезентациите на Норвешка и Русија. Норвежанките подобро го отвориле натпреварот и имале водство минимално водство негде до средината на полувремето кога Русија стигнала до израмнување, а потоа во втората половина од првото полувреме го презеле водство и постојано го зголемувале. На полувремето резултатот гласел 18-15 за Русија. Во второто полувреме Русија рутински ја одржувала предноста која успеала и да ја зголеми и на крајот да победи со пет гола разлика, 33-28. Така Русија стигнала до својот прв бронзен медал на Светските првенства во ракомет за жени и до вкупно петтиот нивен медал од мундијалите по претходните четири златни медали. Норвешка останала без медал на Светското првенство што за последен пат и се случило на првенството во 2013 кога завршиле петти.

Финале уреди

Во финалето играле репрезентациите на Шпанија и Холандија кои биле во потрага по нивниот прв златен медал во историјата на мундијалите. Последен пат кога две репрезентации без освоен златен медал се сретнале во финалето било на Светското првенство 2013 во Србија, на кое во финалето репрезентацијата на Бразил го победила домаќинот Србија. Инаку, Холандија имала едно финале до ова, пораз од Норвешка во 2015, додека за Шпанија ова било прво финале на Светските првенства во ракомет за жени. Претходно најдобар резултат за Шпанија било третото место од првенството во 2011.

Репрезентацијата на Шпанија подобро го отворила натпреварот и водела со 8-4 до првиот тајмаут кој го побарал селекторот на Холандија. После тајмаутот Холандија се вратила во игра со серија 5-1 и успеала да изедначи на 9-9 во 16-тата минута. Следувал период без гол со многу грешки и пропуштени шанси на двете страни по што во завршницата од првото полувреме подобро се снашле холанѓанките и тие заминале на полувреме со три гола предност 16-13. Во второто полувреме Холандија ја одржувала предноста, пред сè благодарение на расположената Еставана Полман, но во последните 10 минути Шпанија успеала да се приближи на еден гол заостаток. Израмнувањето дошло во 59-тата минута кога Марта Лопес го изедначила резултатот на 29-29. Во следниот напад холанѓанките ја загубиле топката под пасивен напад и Шпанија имала напад од околу 35 секунди за победа.[31] Сепак, ударот на Александрина Кабрал најдобрата ракометарка на Шпанија на првенството на десет секунди до крајот го одбранила Тес Вестер по што следувала вистинска драма. Веднаш по одбраната Вестер се обидела да ја фрли топката напред кон својте соигрчки во контра, меѓутоа додавањето било блокирано од Аиноа Ернандес пивотот на Шпанија.[32] Според судиките на овој натпревар сестрите Бонавентура од Франција, Ернандес била во голманскиот простор на Холандија и намерно и недозволено спречила контра по што и доделиле директен црвен картон и пенал за Холандија.[32] Лоис Абинг била сигурна од седум метри и ја донела на Холандија светската титула шампион.[32] Холандија ја победила Шпанија 30-29 и стигнала до својот прв златен медал во историјата како и директен пласман на Олимписките игри 2020, додека Шпанија со освојувањето на сребрениот медал го забележила својот најдобар резултат на мундијалите.

Групна фаза уреди

Група A уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Холандија5401178134+448Главна фаза
2  Норвешка5401169115+548Главна фаза
3  Србија5302155143+126Главна фаза
4  Словенија5203150151−14Испаѓа
5  Ангола5203142150−84Испаѓа
6  Куба5005122223−1010Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Србија  32–25  АнголаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,605
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Николиќ 7(16–12)5 Гуиало
 2× Извештај  1×
30 ноември 2019
18:00
Холандија  26–32  СловенијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,864
Судии: Кришен, Махлоуф (TUN)
Абинг, Полман 5(14–15)12 Станко
 1× Report  1×
30 ноември 2019
20:30
Норвешка  47–16  КубаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,871
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Херем, Локе 8(25–9)3 Сеспедес, Лусон
Извештај

2 декември 2019
12:30
Куба  27–46  СрбијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,570
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Ризо 6(11–25)6 три ракометарки
Извештај  1×
2 декември 2019
15:00
Ангола  28–35  ХоландијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,690
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Карлос 9(12–17)11 Абинг
 1× Извештај  2×
2 декември 2019
20:30
Словенија  20–36  НорвешкаАква дом Кумамото, Минами-ки
Гледачи: 1,680
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Грос 9(12–13)8 Росберг Јакобсен
Извштај

3 декември 2019
15:00
Холандија  51–23  КубаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,060
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Малештајн 11(22–11)4 Сеспедес
 1× Извештај
3 декември 2019
18:00
Словенија  24–33  АнголаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,280
Судии: Ко, Ли (KOR)
Станко 9(12–16)6 Карлос, Касома
 2× Извештај
3 декември 2019
20:30
Норвешка  28–25  СрбијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,970
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Офтедал, Арнцен 7(13–12)6 Лишчевиќ
 3× Извештај  1×  1×

5 декември 2019
15:00
Куба  26–39  СловенијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,520
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Ризо 7(15–17)11 Станко
 2× Извештај  3×
5 декември 2019
18:00
Србија  23–36  ХоландијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,460
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
три ракометарки 6(12–20)8 Полман
Извештај  2×
5 декември 2019
20:30
Норвешка  30–24  АнголаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,870
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Арнцен 6(13–12)6 Карлос
 3× Извештај  1×

6 декември 2019
15:00
Србија  29–27  СловенијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,680
Судии: Махлуф, Кришен (TUN)
Поп-Лазиќ 8(12–11)10 Станко
 1× Извештај  2×
6 декември 2019
18:00
Ангола  40–30  КубаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,680
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Гуиало 7(20–16)7 Лусон
Извештај  1×
6 декември 2019
20:30
Холандија  30–28  НорвешкаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,380
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Абинг 6(14–18)9 Офтедал
 2× Извештај

Група Б уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Јужна Кореја5320149124+258Главна фаза
2  Германија5311142111+317Главна фаза
3  Данска5311132100+327Главна фаза
4  Франција5212137100+375Испаѓа
5  Бразил5113119115+43Испаѓа
6  Австралија500553182−1290Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Германија  30–24  БразилЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,300
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Бенке 6(14–11)5 Насименто
 1× Извештај  1×
30 ноември 2019
18:00
Франција  27–29  Јужна КорејаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,450
Судии: Лемес, Соса (URU)
Заади 5(13–12)12 Риу
 2× Извештај  1×  1×
30 ноември 2019
20:30
Данска  37–12  АвстралијаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,400
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Естергард 6(17–4)4 Потоцки 4
 2× Извештај

1 декември 2019
15:00
Бразил  19–19  ФранцијаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,580
Судии: Лах, Сок (SLO)
четири ракометарки 3(7–10)3 три ракометарки
Извештај  2×  1×
1 декември 2019
18:00
Австралија  8–34  ГерманијаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,450
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Потоцки 3(4–16)6 Лауенрот
Извештај  1×
1 декември 2019
20:30
Јужна Кореја  26–26  ДанскаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,380
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Риу 9(13–10)4 Хејлунд
 1× Извештај  1×  1×

3 декември 2019
15:00
Јужна Кореја  33–27  БразилЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,750
Судии: Амиди, Белхири (ALG)
Риу, Шин 12(16–14)9 Аморим
 2× Извештај  2×
3 декември 2019
19:00
Франција  46–7  АвстралијаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,540
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Котанеа 7(21–3)4 Потоцки
 1× Извештај  1×
3 декември 2019
20:30
Данска  25–26  ГерманијаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,000
Судии: Соса, Лемес (URU)
Јоргенсен 5(11–13)7 Бенке
 1× Извештај  2×

4 декември 2019
15:00
Австралија  17–34  Јужна КорејаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,590
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Потоцки 10(10–18)Ли 5
 1× Извештај
4 декември 2019
19:00
Германија  25–27  ФранцијаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,950
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Болк 8(12–14)4 Заади
 2× Извештај  1×
4 декември 2019
20:30
Данска  24–18  БразилКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,100
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
С. Јоргенсен 6(11–9)Виеира 5
 1× Извештај

6 декември 2019
15:00
Бразил  31–9  АвстралијаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 1,490
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Бело 5(15–5)7 Потоцки
 1×  1× Извештај
6 декември 2019
19:00
Германија  27–27  Јужна КорејаЈамага Сити Гимнасиум, Јамага
Гледачи: 2,100
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Бенке 7(15–14)10 Риу
 2× Извештај
6 декември 2019
20:30
Франција  18–20  ДанскаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Лах, Сок (SLO)
Лакрабер 6(7–9)7 С. Јоргенсен
 3× Извештај

Група Ц уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Шпанија5500159103+5610Главна фаза
2  Црна Гора5401137123+148Главна фаза
3  Романија5302121129−86Главна фаза
4  Унгарија5203145117+284Испаѓа
5  Сенегал5104119137−182Испаѓа
6  Казахстан500592164−720Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Црна Гора  29–25  СенегалЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,900
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Јауковиќ 7(14–15)5 Кеита, Санкаре
 3× Report  1×
30 ноември 2019
18:00
Романија  16–31  ШпанијаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,300
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Њагу 6(9–16)6 Кабрал, Фернандес
 2× Report  1×
30 ноември 2019
18:00
Унгарија  39–15  КазахстанЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,800
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Мартон, Шацл 7(22–8)5 Абилда
Извештај

1 декември 2019
15:00
Казахстан  21–30  Црна ГораЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,910
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Александрова 5(11–13)9 Радичевиќ
Извештај  1×
1 декември 2019
18:00
Шпанија  29–25  УнгаријаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Кабрал 7(18–13)5 Товизи
 1×  1× Извештај  1×
1 декември 2019
18:00
Сенегал  24–29  РоманијаЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,850
Судии: Ко, Ли (KOR)
три ракометарки 6(12–15)13 Њагу
 2× Извештај  4×

3 декември 2019
15:00
Унгарија  24–25  Црна ГораКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,600
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Шацл 7(12–13)8 Радичевиќ
 2× Извештај  1×  1×
3 декември 2019
15:00
Шпанија  29–20  СенегалЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,950
Судии: Лах, Сок (SLO)
Кабрал 8(14–13)6 Камара
 3× Извештај
3 декември 2019
19:00
Романија  22–20  КазахстанЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 1,810
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Пинтеа 5(14–11)6 Хардина
 1× Извештај

4 декември 2019
15:00
Црна Гора  27–26  РоманијаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Радичевиќ, Раичевиќ 6(11–12)11 Њагу
 3×  1× Извештај  1×  1×
4 декември 2019
15:00
Казахстан  16–43  ШпанијаЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,000
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Абилда, Рејеметова 3(11–19)10 М. Лопес
Извештај
4 декември 2019
19:00
Унгарија  30–20  СенегалЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,020
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Ковач 6(17–9)6 Санкаре
 1× Извештај  1×

6 декември 2019
15:00
Сенегал  30–20  КазахстанКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Камара 8(15–7)7 Абилда
Извештај  1×  1×
6 декември 2019
15:00
Црна Гора  26–27  ШпанијаЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,000
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Радичевиќ 7(14–14)6 Кабрал, Пена
Извештај  2×
6 декември 2019
19:00
Романија  28–27  УнгаријаЈацуширо Гимнасиум, Јацуширо
Гледачи: 2,500
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Њагу 10(10–16)6 Ковачич, Шабо
 2× Извештај  2×

Група Д уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Русија550015891+6710Главна фаза
2  Шведска5401144114+308Главна фаза
3  Јапонија5302136121+156Главна фаза
4  Аргентина5203124133−94Испаѓа
5  ДР Конго510486137−512Испаѓа
6  Кина5005100152−520Испаѓа
30 ноември 2019
15:00
Јапонија  24–20  АргентинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 9,100
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Охјама 5(14–10)7 Карстен
 2× Извештај  2×
30 ноември 2019
18:00
Русија  26–11  КинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,900
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Манагарова 5(13–6)4 Чен
Извештај
30 ноември 2019
20:30
Шведска  26–16  ДР КонгоПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,230
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Лагерквист 6(11–8)6 Мвасеса
 3× Извештај  1×

2 декември 2019
15:00
Аргентина  22–35  РусијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,628
Судии: Ченг, Жу (CHN)
три ракометарки 4(12–17)5 Горшенина
 3× Извештај  1×  1×
2 декември 2019
18:00
ДР Конго  16–28  ЈапонијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,476
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Нго 4(9–17)6 Охјама
 1× Извештај
2 декември 2019
20:30
Кина  19–32  ШведскаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,100
Судии: Stancu, Năstase (ROU)
Џин 5(7–16)4 три ракометарки
 1× Извештај  2×

3 декември 2019
14:30
Русија  34–13  ДР КонгоПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,765
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Манагарова 6(19–7)5 Мвасеса
Извештај  1×
3 декември 2019
17:00
Кина  28–34  АргентинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Џин 10(13–18)12 Карстен
Извештај  1×
3 December 2019
19:30
Шведска  34–26  ЈапонијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,375
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Блом 7(20–13)5 Танабе
 1× Извештај

5 декември 2019
15:00
ДР Конго  25–24  КинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,729
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Мвасеса 12(10–11)8 Џин Менгкинг
 2×  1× Извештај  1×
5 декември 2019
18:00
Јапонија  23–33  РусијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,220
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Сасаки 7(16–16)8 Сен
 1× Извештај  1×
5 декември 2019
20:30
Шведска  30–23  АргентинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,442
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Масинг 5(14–11)8 Мендоса
 1× Извештај  2×

6 декември 2019
15:00
Јапонија  35–18  КинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 8,310
Судии: Соса, Лемес (URU)
Акијама 8(17–8)5 Сун
 2× Извештај  2×
6 декември 2019
18:00
Аргентина  25–16  ДР КонгоПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,950
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Карстен 8(9–13)5 Мвасеса
 2× Извештај
6 декември 2019
20:30
Русија  30-22  ШведскаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,826
Судии: Ко, Ли (KOR)
Фролова 11(16–12)8 Гулден
 3× Извештај

Президентс куп уреди

Разигрување од 21-во до 24-то место уреди

 
21-во–24-то место полуфинале21-во место
 
      
 
8 декември
 
 
 Куба45
 
9 декември
 
 Австралија25
 
 Куба (пен.)33
 
8 декември
 
 Казахстан31
 
 Казахстан29
 
 
 Кина23
 
23-то место
 
 
9 декември
 
 
 Австралија15
 
 
 Кина33

21-во-24-то место полуфинале уреди

8 декември 2019
10:00
Куба  45–25  АвстралијаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 800
Судии: Лемес, Соса (URU)
Роберт, Телес 7(25–16)10 Потоцки
 1×  2× Извештај  1×

8 декември 2019
12:30
Казахстан  29–23  КинаКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,000
Судии: Антиќ, Јаковљевиќ (SRB)
Реџеметова 8(16–15)7 Џин
 1× Извештај  1×

Натпревар за 23-то место уреди

9 декември 2019
12:30
Австралија  15–33  КинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,920
Судии: Лемес, Соса (URU)
Потоцки 9(7–17)11 Чен
 1× Извештај  2×

Натпревар за 21-во место уреди

9 декември 2019
12:30
Куба  33–31 (Прод.)  КазахстанКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,700
Судии: Ченг, Жу (CHN)
Камехо, Толедо 7(15–14)9 Хардина
 3×  1× Извештај 1×

Прод.: 29–29 Прод.: Пен.: 4–2

Разигрување од 17-то до 20-то место уреди

 
17-то–20-то место полуфинале17-то место
 
      
 
8 декември
 
 
 Словенија19
 
9 декември
 
 Бразил32
 
 Бразил22
 
8 декември
 
 Сенегал18
 
 Сенегал28
 
 
 ДР Конго23
 
19-то место
 
 
9 декември
 
 
 Словенија29
 
 
 ДР Конго27

17-то-20-то место полуфинале уреди

8 декември 2019
15:00
Словенија  19–32  БразилКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,100
Судии: Ли, Ко (KOR)
Грос 5(9–18)6 Араужо, Тамирес
Извештај

8 декември 2019
18:00
Сенегал  28–23  ДР КонгоКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 600
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Н'Диаје, Санкаре 6(16–9)7 Мвасеса
 3× Извештај  1×

Натпревар за 19-то место уреди

9 декември 2019
15:00
Словенија  29–27  ДР КонгоКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 1,900
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Станко 13(14–13)9 Мвасеса
 2× Извештај  2×

Натпревар за 17-то место уреди

9 декември 2019
18:00
Бразил  22–18  СенегалКумамото Гимнасиум, Ниши-ку
Гледачи: 600
Судии: Ел-Сајед, Ел-Сајед (EGY)
Насименто 4(13–9)7 Санкаре
 1× Извештај

Разигрување од 13-то до 16-то место уреди

 
13-то–16-то место полуфинале13-то место
 
      
 
8 декември
 
 
 Унгарија34
 
9 декември
 
 Аргентина26
 
 Унгарија21
 
8 декември
 
 Франција26
 
 Ангола17
 
 
 Франција28
 
15-то место
 
 
9 декември
 
 
 Аргентина27
 
 
 Ангола30

13-то–16-то место полуфинале уреди

8 декември 2019
12:30
Унгарија  34–26  АргентинаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,726
Судии: Кристијансен, Хансен (DEN)
Ковачич 7(19–12)9 Карстен
Извештај

8 декември 2019
12:30
Ангола  17–28  ФранцијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,430
Судии: Лончар, Лончар (CRO)
Гуиало 4(9–9)5 Нзе Минко
 1× Извештај  3×

Натпревар за 15-то место уреди

9 декември 2019
15:00
Аргентина  27–30  АнголаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,464
Судии: Хизаки, Икебучи (JPN)
Карстен 6(17–13)11 Гуиало
Извештај  1×

Натпревар за 13-то место уреди

9 декември 2019
18:00
Унгарија  21–26  ФранцијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,920
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Лукач 7(12–12)6 Лакрабер
 1× Извештај

Главна фаза уреди

Група 1 уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Норвешка5401146128+188Полуфинале
2  Холандија6312153136+177Полуфинале
3  Србија5212139151−125За 5. место
4  Германија5212135136−15За 7. место
5  Данска5122123124−14Испаѓа
6  Јужна Кореја5023144165−212Испаѓа
8 декември 2019
15:00
Србија  36–33  Јужна КорејаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,450
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Лавко 7(21–16)10 Риу
 1×  1× Извештај  1×
8 декември 2019
18:00
Холандија  23–25  ГерманијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 4,020
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Дулфер 4(12–11)6 Болк
Извештај  1×
8 декември 2019
20:30
Норвешка  22–19  ДанскаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 1,890
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Арнцен 5(12–9)4 Хејлунд, Григел
 1× Извештај  2×

9 декември 2019
15:00
Германија  28–29  СрбијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,090
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Бергер, Миневскаја 6(17–19)7 Цвијиќ
 1× Извештај  2×  1×
9 декември 2019
18:00
Данска  27–24  ХоландијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,200
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Хансен 5(14–9)5 Полман, Снелдер
 3× Извештај  1×
9 декември 2019
20:30
Јужна Кореја  25–36  НорвешкаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 2,120
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Риу 7(10–20)7 Офтедал
 1× Извештај  2×

11 декември 2019
15:00
Холандија  40–33  Јужна КорејаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 5,070
Судии: Настасе, Станку (ROU)
Абинг 11(23–16)9 Риу
 1×  1× Извештај  1×
11 декември 2019
18:00
Србија  26–26  ДанскаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,080
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Поп-Лазиќ 6(14–11)С. Јоргенсен 6
 1× Извештај  2×
11 декември 2019
20:30
Норвешка  32–29  ГерманијаАква дом Кумамото, Минами-ку
Гледачи: 3,520
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Братсет 6(17–16)6 Болк
Извештај  1×

Група 2 уреди

МесЕкипаНатПобНерПорДГПГГРБодПласман
1  Русија5500161117+4410Полуфинале
2  Шпанија5311145137+87Полуфинале
3  Црна Гора530213713706За 5. место
4  Шведска5212141132+95За 7. место
5  Јапонија5104143150−72Испаѓа
6  Романија5005102156−540Испаѓа
8 декември 2019
15:00
Романија  18–27  РусијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 5,870
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Њагу 5(10–10)5 Бобровникова, Вјахирева
 1×  1× Извештај  2×
8 декември 2019
18:00
Црна Гора  30–26  ЈапонијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 7,356
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Радичевиќ 8(14–11)7 Фуџита
 1× Извештај  2×
8 декември 2019
20:30
Шпанија  28–28  ШведскаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 2,132
Судии: Лах, Сок (SLO)
Кабрал 6(14–8)8 Хагман, Масинг
 2×  1× Извештај  2×

10 декември 2019
15:00
Русија  35–28  Црна ГораПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,338
Судии: Кришен, Махлуф (TUN)
Манагарова 12(17–16)8 Радичевиќ
 1× Извештај  2×
10 декември 2019
18:00
Јапонија  31–33  ШпанијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,428
Судии: Кутлер, Мерц (GER)
Охјама 6(13–17)7 Пена
 3× Извештај  2×
10 декември 2019
20:30
Шведска  34-22  РоманијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 1,980
Судии: Лемес, Соса (URU)
Мелегард 7(14–9)4 три ракометарки
 1× Извештај  1×

11 декември 2019
15:00
Шпанија  26–36  РусијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,281
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Кабрал 6(12–16)9 Фролова
Извештај  2×
11 декември 2019
18:00
Романија  20–37  ЈапонијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 3,962
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Периану, Удриштоју 4(8–18)8 Сасаки
 1× Извештај
11 декември 2019
20:30
Црна Гора  26–23  ШведскаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 1,926
Судии: Гарсија, Паолантони (ARG)
Мехмедовиќ 7(12–12)7 Блом
 3× Извештај

Нокаут фаза уреди

Жреб и резултати уреди

 
ПолуфиналеФинале
 
      
 
13 декември
 
 
 Русија32
 
15 декември
 
 Холандија33
 
 Шпанија29
 
13 декември
 
 Холандија30
 
 Норвешка22
 
 
 Шпанија28
 
Third place
 
 
15 декември
 
 
 Норвешка28
 
 
 Русија33

Полуфинале уреди

13 декември 2019
17:30
Русија  32–33  ХоландијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,240
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Вјахирева 11(16–16)9 Полман
 2× Извештај

13 декември 2019
20:30
Норвешка  22–28  ШпанијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 4,261
Судии: Алпаидзе, Березкина (RUS)
Ауне 5(13–13)7 Кабрал
 3× Извештај  2×

Натпревар за седмо место уреди

13 декември 2019
11:30
Германија  24–35  ШведскаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 6,860
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Штоле 6(13–18)7 Гулден
 1× Извештај  1×

Натпревар за петто место уреди

13 декември 2019
14:30
Србија  26–28  Црна ГораПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 5,690
Судии: Белхири, Хамиди (ALG)
Стоиљковиќ 6(12–13)4 Раичевиќ, Рамусовиќ
 1× Извештај  3×

Натпревар за трето место уреди

15 декември 2019
17:30
Норвешка  28–33  РусијаПарк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 8,664
Судии: Гарсија, Марин (ESP)
Арнцен, Офтедал 7(15–18)9 Вјахирева
 1× Извештај

Финале уреди

15 декември 2019
20:30
 Шпанија29–30Холандија  Парк дом Кумамото, Хигаши-ку
Гледачи: 9,624
Судии: Бонавентура, Бонавентура (FRA)
Кабрал 7(13–16)9 Полман
 2×  1× Извештај  2×

 Шпанија : М. Лопес 6, Нуњес, Ардериус, Сесарео, Наваро, Гутиерес, Ечеберија, Пена 3, Ортега 1, С. Лопес 2, Фернандес 5, Родригес, Ернандес 3, де Паула, Кабрал 7, Гонсалес 2. Тренер: Карлос Вивер

 Холандија : Крамер, ван дер Хејден 3, Бонт 2, Абинг 7, Нусер, Снелдер 5, ван Ветеринг 1, Дулфер, Фрерикс, Сметс, Малештајн 3, Дујиндам, Вестер (12 одбрани), Хушер, Полман 9. Тренер: Емануел Мајонад

Освојувачи на медали уреди


2° место


Шпанија

Победник на Светско првенство во ракомет за жени 2019



Холандија
1° титула

3° место


Русија

Табела уреди

Поз.Репрезентација
 Холандија
 Шпанија
 Русија
4  Норвешка
5  Црна Гора
6  Србија
7  Шведска
8  Германија
9  Данска
10  Јапонија
11  Јужна Кореја
12  Романија
13  Франција
14  Унгарија
15  Ангола
16  Аргентина
17  Бразил
18  Сенегал
19  Словенија
20  ДР Конго
21  Куба
22  Казахстан
23  Кина
24  Австралија
Шампион и се квалификува директно за Летните олимписки игри 2020

Состав на екипата победник и Ол-стар тимот на првенството уреди

Состав на екипата победник уреди

Светско првенство во ракомет за жени 2019


Холандија
Прва титула

Состав: Џеси Крамер, Лаура ван дер Хејден, Деби Бонт, Лоис Абинг, Лариса Нусер, Даник Снелдер, Бо ван Ветеринг, Делаила Амега, Кели Дулфер, Мерел Фрерикс, Ингер Смитс, Мартине Сметс, Анџела Малештајн, Ринка Дујиндам, Тес Вестер, Дионе Хушер, Еставана Полман.
Тренер: Емануел Мајонад.

Ол-стар тим уреди

Ол-стар тимот и МВП играчот на турнирот биле објавени на 15 декември 2019.[33]

ПозицијаИграч
МВП  Еставана Полман (ХОЛ)
Голман  Тес Вестер (ХОЛ)
Десно крило  Јованка Радичевиќ (ЦГР)
Десен бек  Ана Вјахирева (РУС)
Среден бек  Еставана Полман (ХОЛ)
Лев бек  Александрина Кабрал (ШПА)
Лево крило  Камила Херем (НОР)
Пивот  Лин Блом (ШВЕ)

Статистика уреди

Најдобри стрелци уреди

МесИмеРепрезентацијаГоловиШутеви%
1Лоис Абинг  Холандија7111462
2Риу Еун-хи  Јужна Кореја6911461
3Тјаша Станко  Словенија629863
4Александрина Кабрал  Шпанија609563
5Еставана Полман  Холандија5810754
Јованка Радичевиќ  Црна Гора8271
7Стине Бредал Офтедал  Норвешка518262
8Кристина Њагу  Романија498260
9Јарослава Фролова  Русија486970
10Сејли Потоцки  Австралија4710047

Извор: IHF

Најдобри голмани уреди

МесИмеРепрезентација%ОдбраниШутеви
1Катерини Габриел  Франција423481
2Викторија Калинина  Русија3942107
Сандра Тофт  Данска90229
4Хатаду Сако  Сенегал3785228
5Дина Екерле  Германија36103290
6Бланка Биро  Унгарија3543123
Амандин Лејно  Франција46133
Сиље Солбер  Норвешка113321
9Барбара Аренхарт  Бразил3449146
Филипа Иден  Шведска88256

Извор: IHF

Најдобри асистенти уреди

МесИмеРепрезентацијаАсистенции
1Ана Вјахирева  Русија62
2Милена Раичевиќ  Црна Гора51
3Стине Бредал Офтедал  Норвешка47
4Еставана Полман  Холандија43
5Емили Хег Арнцен  Норвешка40
Јуи Сунами  Јапонија
7Кристина Лишчевиќ  Србија37
8Александрина Кабрал  Шпанија33
9Јелена Лавко  Србија31
Риу Еун-хи  Јужна Кореја

Извор: IHF

Наводи уреди

  1. „Japan and Denmark/Germany are the hosts of the 2019 World Championships“. 28 октомври 2013.
  2. „Netherlands take first world title with last-second penalty“. ihf.info. 15 December 2019.
  3. „Japan will host Women´s World Cup 2019“. handball-world.com. 28 October 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 May 2015.
  4. „Draw for 24th IHF Women's World Championship“. ihf.info. 1 February 2019.
  5. „Groups for Women's World Championship set“. ihf.info. 21 June 2019.
  6. „2019 IHF Women's World Championship draw“. ihf.info. 19 June 2019.
  7. „Referee couples for 24th IHF Women's World Championship 2019“. ihf.info. 5 September 2019.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Сензација на стартот на Мундијалот: Светскиот првак Франција поразен од Јужна Кореја“. sportmedia.mk. 30 ноември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  9. „Корејанките го изненадија шампионот, Норвежанките немилосрдни“. kajgana.com. 30 ноември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „СП во Јапонија: Французинките стартуваа со неочекуван пораз, Норвежанките најубедливи“. derby.mk. 30 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 14 декември 2019.
  11. „Србија безмилосна кон Куба, први бодови за „лалињата". gol.mk. 2 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  12. „Норвешка одигра неверојатно второ полувреме и ја декласира Словенија“. gol.mk. 2 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  13. „Ангола ја прегази Словенија“. vesti.mk. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.[мртва врска]
  14. 14,0 14,1 „Србија падна од Норвешка, Црногорките ја преживеаја Унгарија“. topsport.mk. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  15. 15,0 15,1 „Норвешка се намачи со Ангола, Шведска лесно до нокаут-фаза на Мундијалот“. gol.mk. 5 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  16. „Словенија го наполни голот на Куба и против Србија ќе решава за втора фаза на СП“. gol.mk. 5 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.[мртва врска]
  17. „Холанѓанките ја декласираа Србија“. kajgana.com. 5 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 14 декември 2019.
  18. „СП ракомет жени: Србија преку Словенија до втора фаза, трилер-победа на Шпанија над Црна Гора“. ekipa.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  19. „„Лалињата" ја решија Норвешка и како водачи одат во втора фаза“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  20. „Франција се извлече и откина реми против борбените Бразилки“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  21. „Корејките редат изненадувања, големо реми против фаворизираната Данска“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  22. „Германските ракометарки ја победија Австралија, Франција повтоно не победи“. a1on.mk. 1 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 „Важни победи за Норвешка и Германија, Словенија изненадена од Ангола“. kajgana.com. 3 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  24. „Крај за светските шампионки, Данска слави наредна фаза на Мундијалот“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 14 декември 2019.
  25. „Шпанија ја демолира Романија, Холанѓанките на колена пред Словенија“. gol.mk. 31 ноември 2019. Посетено на 15 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  26. Светското првенство за ракометарките започна со сензационален пораз на шампионките slobodenpecat.mk
  27. 27,0 27,1 „Шпанија изненадувачки лесно ја среди Унгарија, Романките со прва победа на СП“. gol.mk. 1 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  28. 28,0 28,1 „Црна Гора и Шпанија во нокаут фазата, рутина за Корејките во двобојот со Австралија“. gol.mk. 4 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  29. Србија ја доби драмата против Словенија, Шпанија за гол подобра од Црна Гора sportmanija.mk
  30. „Њагу со пенал во последните секунди ја елиминира Унгарија, Кореја и Германија поделија по бод“. gol.mk. 6 декември 2019. Посетено на 15 декември 2019.
  31. Холандија е нов светски шампион во ракомет за жени frontline.mk
  32. 32,0 32,1 32,2 „Драма каква што не е видена: Холандија е нов светски шампион!“. sportklub.mk. 15 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-16. Посетено на 16 декември 2019.
  33. „Japan 2019 All-star Team“. ihf.info. 15 December 2019.

Надворешни врски уреди