Полошко-кумановска епархија
Полошко-кумановската епархија била епархија на МПЦ, која го зафаќа северозападниот дел од Република Македонија. Нејзин надлежен епархиски архијереј бил митрополитот Кирил од 1971 година, па сè до јуни 2013 година.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/13/Pol_ku_eparh.gif)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a6/Dioceses_of_the_Macedonian_Orthodox_Church_%281967-2013%29.svg/400px-Dioceses_of_the_Macedonian_Orthodox_Church_%281967-2013%29.svg.png)
По смртта на митрополитот Кирил, епархијата престанала да постои, со тоа што била поделена на две нови епархии: Тетовско-гостиварска и Кумановско-осоговска.[1]
Епархијата се состоела од пет aрхиерејски намесништва, во кои има 218 цркви, 36 манастири,[2] 54 параклиси и 194 места каде се поставени крстови, а на кои во годината по разни поводи се собираат голем број верници.
- Тетовско архијерејско намесништво: 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и еден крст.
- Гостиварско архијерејско намесништво: 45 цркви, 6 манастири, 20 параклиси и 4 крстови.
- Кумановско архијерејско намесништво: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
- Кратовско архијерејско намесништво: 12 цркви, 3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови.
- Кривопаланечко архијерејско намесништво: 13 цркви, 1 манастир, 7 параклиси и 50 крстови.
Најпознати манастири
уреди- Манастир на свети великомаченик Георгиј, Старо Нагоричане
- Манастир „Св. Јоаким Осоговски“ - Крива Паланка
- Манастир „Св. Никола“ - Псача
- Манастир „Св. Атанасиј“ - Лешок
- Манастир „Пресвета Богородица“ - Матејче
Епархијата обединувала околу 200.000 верници, православни христијани. Преку петте архијерејски намесници и преку црковните и манастирските настојателства, се координирале работите на црковно-духовен и финансиско-материјален план на целиот нејзин простор. Административно-организационата дејност се извршувала од страна на надлежниот епархиски архијереј г. Кирил и секретарот на истата, протоѓагонот Вичко Гочевски.
Оваа епархија имала над 40 активни свештеници и неколку пензионери.
Изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и парастоси. Над поголем број цркви и манастири биле извршени сеопфатни санациони и реставраторски работи.
Најголем проблем со кои оваа Епархија се соочувала се огромните пустошења и штети кои се направени во текот на 2001 година, кога се ограбени, осквернети и опожарени околу 30–тина цркви и неколку манастири, меѓу кои манастирот на Свети Атанасиј Велики во с. Лешок, кој бил миниран и до земја разрушен, како и манастирот на Пресвета Богородица во с. Матејче.
Наводи
уреди- ↑ „Две нови епархии на место Полошко-кумановската“. Архивирано од изворникот на 2013-06-22. Посетено на 2013-06-19.
- ↑ БЕСЕДА НА МИТРОПОЛИТ КИРИЛ