Норвежаните (норвешки: nordmenn) се нација и етнос чија матична држава е Норвешка, а нивни мајчин јазик е норвешкиот, јазик кој припаѓа во групата на северногермански јазици. Повеќе од милион Норвежани живеат насекаде во светот, а најмногу во САД, Канада и Шведска. Норвежаните се потомци на северните Германи кои во 2 век се населиле во јужниот дел на скандинавскиот полуостров и ги потиснале Лапонците и уште некои други староседелски племиња кон север. Норвежаните се добри пловачи и рибари, поврзани со морето кое го има најразвиениот брег во Европа.

Норвежани
nordmenn
Едни од најпознатите Норвежани.
Вкупен број на населението

12 милиони
(0.17% од целокупното светско население)

Региони со значително население
Норвешка Норвешка4,135,400[1]
САД САД432,515[1]
Канада Канада432,515[2]
Бразил Бразил150,000 - 350,000
Аргентина Аргентина50,000 - 200,000
Шведска Шведска44,773[3]
 Чиле Чиле25,000 - 60,000
Данска Данска15,782[4]
Уругвај Уругвај15,000 - 30,000
Австралија Австралија15,000[5]
Шпанија Шпанија12,586[6]
Обединето Кралство Обединето Кралство10,000[7]
Германија Германија6,251[8]
Јапонија Јапонија452[9]
Јазици
норвешки
Религии
Претежно протестантство
Поврзани етнички групи
други германски народи

Поврзано уреди

Наводи уреди