Нов израелски шекел

Израелскиот нов шекел ( хебрејски: שֶׁקֶל חָדָשׁШекел Хадаш “; арап. شيكل جديدШекел Џадид “; ознака:  ; код: ILS), познат и како израелски шекел (хебрејски: שקל ישראלי , арап. شيكل إسرائيلي) — валута во Израел и исто така се користи како законско средство за плаќање на палестинските територии на Западниот Брег и Појасот Газа. Еден шекел е еднаков на 100 агори. Новиот шекел бил воведен на 1 јануари 1986 година, кога го заменил стариот шекел во сооднос од 1000:1.

Нов израелски шекел
Банкноти од нов израелски шекел (тековна серија Ц)
ISO 4217
КодILS
Број376
Составници
Подединица
1100Агора
Множина
  • шекели
  • шекалим
Агора
  • Агора
  • Агорот
Симбол
Банкноти
 Чести20 шекели, 50 шекели, 100 шекели, 200 шекели
 Ретки5 шекели, 10 шекели
Монети
 Чести10 агори, половина шекел, 1 шекел, 2 шекели, 5 шекели, 10 шекели
 Ретки1 агора, 5 агори
Демографија
ЗаменетаСтар израелски шекел
Корисник/ци Израел
 Палестински територии[1]
Издавач
Централна банкаБанка на Израел
 Мреж. местоboi.org.il
ПечатарОрел Фусли[2]
КовачницаKOMSCO[3]
Вредност
Инфлацијаpositive decrease-0.59% (2020)
нагативен пораст0.35% (2021 проценка.)
 ИзворБанка на Израел, Статиста, април 2021

Валутната ознака за новиот шекел е комбинација од првите хебрејски букви од зборовите шекел (ש) и ẖадаш (ח)(нов). Неофицијално се користи и кратенката NIS ( ש״ח и ش.ج ) за да се деноминираат цените, која исто така се појавува и на веб-страницата на Банката на Израел. Но, официјален код на новиот израелски шекел е ILS, и како таков е внесен во Меѓународната организација за стандардизација под ISO 4217.

Историја уреди

Името „шекел “ (שֶׁקֶל ) потекнува од древната библиска валута со исто име. Во Библијата се споменува дека Авраам му платил „четиристотини шекели сребро“ на Хетеецот Ефрон за Пештерата на Патријарсите во Хеврон.[4] Шекел била стара мерка за тежина или валута во древниот Израел, од хебрејскиот корен ש-ק-ל (š-ql) што значи „тежи“, а зборот го има и во другите семитски јазици како акадскиот (šaqālu и šiqlu) [5] и арамејскиот (תְּקַל teqal и תִּקְלָא tiqla).[6] На почетокот, можеби се однесувал на тежина на јачмен. Во древниот Израел, било познато дека шекелот е околу 180 зрна (11 грама или 0,35 троини унци).

По создавањето на современата држава Израел, Англо-палестинската банка во периодот од 14 мај 1948 година до 1952 година подолжила да издава банкноти познати под името палестинска фунта која била врзана за британската фунта.[7] Во 1952 година, Англо-палестинската банка го променила своето име во Национална банка на Израел (Bank Leumi Le-Yisrael), а името на валутата било променето во израелска фунта.[8]

Израелска фунта (1952 — 1980) уреди

Израелската фунта (לירה ישראלית , „лира јизраелит“) била официјална валута во Израел од јуни 1952 година до 23 февруари 1980 година, кога била заменета со шекел. Од 1955 година, по основањето на Банката на Израел таа банка била задолжена за издавање банкноти, на кои се користело само хебрејското име, заедно со симболот „I£“.[9] Од 1 јануари 1954 г., израелската фунта повеќе не била врзана за британската фунта, а во 1960 година, подединицата на израелската фунта била променета од 1000 прути на 100 агори.

Во текот на 1960-тите бил донесен закон со кој му се наложува на министерот за финансии да го смени името на валутата во хебрејското име, шекел (שקל). Законот стапил на сила дури во февруари 1980 година, кога израелската влада одлучи да го промени монетарниот систем и да го воведе шекелот по курс од 1 шекел = 10 фунти.

Шекел (1980 — 1985) уреди

Шекелот, денес познат како стар шекел, бил валута во Израел од 24 февруари 1980 до 31 декември 1985 година. Оваа валута како и израелската фунта, честопати девалвирале во однос на странските валути. Нестабилноста кулминирала на почетокот од 1980-тите кога стариот шекел доживеал хиперинфлација. Со Планот за економска стабилизација од 1985 година инфлацијата била зауздана, а бил воведен и новиот шекел, кој го заменил стариот шекел на 1 јануари 1986 година по стапка од 1000 IS за ₪1.

Нов шекел (1985—) уреди

По економската криза во 1980-тите и воведувањето на новиот шекел во 1985 година, Банката на Израел и владата на Израел применувале внимателна и конзервативна фискална и монетарна политика. Исто така, со потпишувањето на договори за слободна трговија израелската економија станала поконкурентна, а инвестициите во индустријата и науката ѝ овозможиле на земјата да ги искористи можностите поврзани со порастот на глобалната економија на знаење, со што значително се зголемил извозот и се отвориле нови пазари за израелските производи и услуги. Како резултат на овие фактори, инфлацијата била релативно ниска, а земјата има позитивен биланс на плаќања т.е. суфицит на тековната сметка кој изнесува околу 3% од БДП на Израел во 2010 година. Поради ова, вредноста на валутата зајакнала, и во периодот од 2001 до 2011 апрецијацијата изнесувала приближно 20% во однос на вредноста на американскиот долар.

Од 1 јануари 2003 година, новиот шекел е конвертибилна валута. Од 7 мај 2006 година на берзата во Чикаго започнало тргувањето со деривати на новиот израелски шекел. Со ова новиот шекел е една од дваесетината валути за кои има валутни фјучерси на девизниот пазар. Исто така, оваа валута може да се тргува од потрошувачите во многу делови од светот.[10][11]

Монети уреди

Во 1985 година, биле воведени монети во апоени од 1, 5 и 10 агори, ½ и 1 нов шекел.[12] Во 1990 година била воведена монетата од 5 нови шекели,[13] а во 1995 и монетата од 10 ₪.[14] На 9 декември 2007 била воведена монета од 2 ₪.[15] Монетата од 5 агори престанала да се кова во 2007 година, а била повлечена од оптек на 1 јануари 2008 година.[16]

Нова серија на шекел монети
СликаВредностТехнички параметриОписДатум на
ПречникДебелинаМасаСоставРабАверсОпачинаИздавањеПовлекување
1 агора17 мм1.2 мм2 гАлуминиумска бронза
92% бакар
6% алуминиум
2% никел
ОбиченАнтичка галија, „Израел“ на хебрејски, арапски и англискиВредност, датум4 септември 1985 година1 април 1991 година
5 агори19.5 мм1.3 мм3 гРеплика на монета од четвртата година од војната на Евреите против Рим на која е прикажан урмин лист меѓу два цитрона, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски1 јануари 2008
10 агори22 мм1.5 мм4 гРеплика на монета издадена од Антигон II Мататија со седмокрак свеќник, државниот грб на Израел, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазикТековна
₪0.526 мм1.6 мм6,5 гЛираВредност, датум, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазик
₪118 мм1.8 мм3,5 гКупроникел
75% Бакар
25% Никел (1985-1993)
Никелизиран челик (1994–денес)
ОбиченЛилјан, „Јехуд“ на древно хебрејскиВредност, датум, „Израел“ на хебрејски, арапски и англиски јазик4 септември 1985Тековна
₪221.6 мм2.3 мм5,7 гЧелик обложен со никелСегментиран (обичен и со засеци)Две корнукопии9 декември 2007 година
₪524 мм2.4 мм8,2 гКупроникел
75% Бакар
25% Никел
12 страниГорен дел од столб2 јануари 1990
Предлошка:Coin-silver-color | ₪1023 мм
Центар: 16 мм
2.2 мм7 гПрстен: челик обложен со никел

Центар: бронза обложена со ауреат
ЗасециПалмово дрво со седум листови и две корпи со урми, зборовите „за искупување на Сион“ на древна и современа хебрејска азбука7 февруари 1995

Банкноти уреди

На 4 септември 1985 година биле воведени банкноти во апоени од ₪5, 10 ₪ и 50 ₪. На 8 мај 1986 била воведена банкнота од ₪1, а на 19 август 1986 година банкнота од ₪100. Конечно, на 2 април 1988 година, била пуштена во оптек банкнота од ₪20 и на 16 февруари 1992 банкнотата од ₪200.[17] Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 го користеле истиот дизајн како и претходните банкноти од IS 1000, 5000 и 10 000 банкноти, но со изменета деноминација.

Банкнотите од ₪1, ₪5 и ₪10 подоцна биле заменети со монети. На многу од овие монети, при нивното прво ковање, биле изгравирани слики на личностите од соодветните банкноти.

СликаВредностДимензииБојаАверсОпачинаДатум на издавањеДатум на повлекување
1 ₪76x138 ммзеленаМајмонидТиберија каде е погребан Мајмонид; древна камена светилка8 мај 1986 година1995 година
5 ₪синаЛеви ЕшколЦевковод, кој го симболизира Националниот водовод, полиња и пустина во позадина4 септември 1985 година1995 година
10 ₪портокаловаГолда МеирСлика на Голда Меир во толпа, пред Московската хорска синагога, кога пристигнала во Москва како амбасадор на Израел во 19484 септември 19851995 година
20 ₪темно сиваМоше ШаретПрвобитната зграда на гимназијата Херцлија, Мал Тел Авив во позадина2 април 19881 јули 2000
50 ₪виолетоваШмуел Јосеф АгнонПоглед на Ерусалим, источноевропски држави, поставки на приказните од Агнон.4 септември 19851 јули 2000
100 ₪кафеаваЈицак Бен-ЗвиСинагогата Пекиин со рогач и пештера; древна камена светилка19 август 1986 година1 јули 2000 година
200 ₪црвеноЗалман ШазарДевојка пишува на биро како симбол на Законот за задолжително образование што го иницирал Шазар, во позадина се хебрејски букви16 февруари 19921 јули 2000

Серија Б (1999–2017) уреди

Втората серија банкноти била пуштена во оптек во 1999 година, и целосно ја замениле првата серија во 2005 година. Намерата за издавање на банкнота од ₪500, со портретот од Јицак Рабин, била објавена веднаш по атентатот на Рабин во 1995 година. Но, поради ниските стапки на инфлација, немало потреба од ваква банкнота и не била издадена.[18]

Втора серија на новиот шекел
СликаВредностДимензииБојаАверсОбратноДатум на издавање
₪2071x138 ммЗеленаМоше ШаретЕврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула3 јануари 1999
₪20ЗеленаМоше ШаретЕврејски доброволци во Втората светска војна; караула, во знак на сеќавање на населбите од ѕид и кула. На хебрејски со црвено мастило на банкнотата е донапишано „60 години од државата Израел“. Биле испечатени во 1.8 милиони примероци околу таа годишнина и текстот го нема на повеќето банкноти.13 април 2008 година
₪50ВиолетоваШмуел Јозеф АгнонТетратката, пенкалото и очилата од Агнон, Ерусалим и Храмова Гора31 октомври 1999
₪100КафеаваЈицак Бен-ЗвиСинагога Пекиин3 јануари 1999 година
₪200ЦрвенаЗалман ШазарУлица во Сафед и текст од есејот на Шазар за Сафед31 октомври 1999
₪500СиноЈицак РабинДел од говорот што го одржал покојниот премиер непосредно пред неговиот атентат [19]Не била пуштена во оптек

Серија Ц (2014–сега) уреди

Трета серија од Новиот Шекел
СликаВредностДимензииБојаОписДатум на издавање
АверсОпачина
₪20129 × 71 ммЦрвенаРејчел Блувштајн; со поемата Кинерет; палмови гранкиво позадинаПоглед на брегот на Галилејското Море; извадок од поемата Можеби не беше ништо...23 ноември 2017
₪50136 × 71 ммЗеленаШаул Черничовски; поемата О, земјо моја, татковино моја; цитрусно дрво со плодови во позадинаНосечки коринтски столб; извадок од поемата Верувам16 септември 2014 година
₪100143 × 71 ммПортокаловаЛеа Голдберг; поемата Во земјата на мојата љубов цвета бадемово дрво; Бадемово дрво цвета во позадинаГрупа газели; извадок од поемата Бели денови23 ноември 2017 година
₪200150 × 71 ммСинаНејтан Алтерман; поемата Вечна средба; во позадина паѓаат лисјаРастенија на месечева светлина; извадок од поемата Утринска песна23 декември 2015

Девизен курс уреди

Цената за едно евро во ILS (од 2011).
ILS по валута, просечен во текот на годината
ВалутаISO 4217Единица1986199119962001200620112016
Американски доларUSD11.362.593.364.224.473.463,77
Советска рубљаSUR 111,804.61
Руска рубљаRUB10,620,140,160,120,05
Јапонски јенJPY1000,811,873.163.424.004.273.44
Британска фунтаGBP12.074.475.166.108.365.535.15
Германска маркаDEM 210,611.502.221.862.892.512.17
Француски франкFRF 310,190,440,650,550,860,750,65
ЕвроEUR13.635,654.914.25
Швајцарски франкCHF10,731,782.682.373,674.143,89
Јордански динарJOD14.253.344.505,896.444.815.32
Eгипетска фунтаEGP12.120,720,941.070,770,570,42
Кинески јуанCNY10,390,470,390,500,550,550,58
1 SUR престана да постои во 1993 година и беше заменет со Руска рубља.
2 DEM престана да постои во 1999 година и беше заменета со Евро.
3 FRF престана да постои во 1999 година и беше заменет со Евро.
Тековен девизен курс на ILS
Од Google Финансии:MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од Yahoo! Финансии:MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од XE.com:MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY
Од OANDA.com:MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD USD EUR JPY

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Според член 4 од Парискиот протокол од 1994 протоколот им овозможува на палестинските власти да усвојат дополнителни валути. Во Западниот Брег се употребува јорднскиот динар а во Појасот Газа често се употребува Египетска фунта.
  2. www.20min.ch, www 20minuten ch, 20 Minuten, 20 Min (27 April 2011). „Israel lässt in Zürich Geld drucken“. 20 Minuten.
  3. „S. Korea Makes Money by Making Money“. Voice of America News. 2012-07-17. Посетено на 2020-03-13.
  4. Genesis 23:25 Архивирано на 26 јануари 2021 г..
  5. „Search Entry“.
  6. „Jastrow, תִּקְלָא“.
  7. One Palestine Pound, IL: Bank of Israel, Архивирано од изворникот на 27 April 2006
  8. One Israeli Pound, IL: Bank of Israel, Архивирано од изворникот на 27 September 2007
  9. First Series of the Pound, IL: Bank Le-Israel, Архивирано од изворникот на 27 September 2007
  10. „Israelis can soon travel the world with shekels in their pockets“. haaretz.com. Haaretz. Посетено на 15 March 2018.
  11. „shekel begins trading on global markets“. jpost.com. Jerusalem Post. Архивирано од изворникот на 13 August 2011. Посетено на 15 March 2018.
  12. „About the Agora and New Shekel Series“. Banknotes and Coins Catalog. Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.[мртва врска]
  13. „5 NEW SHEQALIM“. Banknotes and Coins Catalog. The Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.[мртва врска]
  14. „10 NEW SHEQALIM“. Banknotes and Coins Catalog. The Bank of Israel. Посетено на 26 December 2007.[мртва врска]
  15. The Bank of Israel. "The new NIS 2 coin". Соопштение за печат. Архивирано на 5 ноември 2011 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-05. Посетено на 2022-03-11.
  16. „Cancellation of the 5 agora coin“ (хебрејски). The Bank of Israel. 1 January 2008. Архивирано од изворникот на 2016-05-06. Посетено на 4 September 2016.
  17. Linzmayer, Owen (2012). „Israel“. The Banknote Book. San Francisco, CA: www.BanknoteNews.com.
  18. „The 500 NIS banknote that was never released (Obverse)“. Архивирано од изворникот на 2021-03-23. Посетено на 2022-03-11.
  19. שטר בסימן שאלה, Bulletin of the Numismatics Association in Israel, October 2005, Архивирано од изворникот на 2021-01-13, Посетено на 2022-03-11

Надворешни врски уреди

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски претседателски избори (2024)Специјална:БарајМакедонски парламентарни избори (2020)Гоце ДелчевГордана Силјановска-ДавковаИзборна единица 1Изборна единица 2Карлес ПуџдемонИзборни единици во МакедонијаЃурѓовденМакедонијаЕвровизија 2024Македонски претседателски избори (2009)ВелигденМакедонски претседателски избори (2019)Оче нашИзбори во МакедонијаКалендар на Велигденски датумиИзборна единица 5Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)МарковденИзборна единица 4Стево ПендаровскиМелница (Велешко)Изборна единица 6МочуриштеСвети ГеоргиСкопјеЛокални избори во Македонија (2021)Македонски претседателски избори (2014)Фарски ОстровиБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаМакедонски парламентарни избори (2014)УкраинаДржавни празници во Македонија