Надворешна трговија

Надворешната трговија (англиски: Foreign trade) ги опфаќа продажбата (извозот) и купувањето (увозот) на производи и услуги меѓу земјата и странство. Вкупната вредност на извозот и увозот на една земја се бележи во билансот на меѓународните плаќања, и тоа во трговскиот биланс.

Надворешна трговија на Македонија уреди

Табела 1: Извоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[1]

Регион20122013Структура
ЕУ 282 610 7763 099 75972,6%
ЕФТА33 71742 3031,0%
ОПЕК14 22110 7550,3%
НАФТА61 25951 9841,2%
Западен Балкан879 185751 92217,6%
АПЕК165 513111 3772,6%
ЗНД58 93663 4091,5%
Останати земји178 250135 3523,2%
Вкупно4 001 8574 266 861100,0%


Табела 2: Увоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[2]

Регион20122013Структура
ЕУ 283 921 2554 134 64962,6%
ЕФТА151 909133 4522,0%
ОПЕК32 624382900,6%
НАФТА109 864159 4532,4%
Западен Балкан619 127657 40210,0%
АПЕК428 467439 6836,7%
ЗНД462 584271 6894,1%
Останати земји785 092765 20611,6%
Вкупно5 510 9226 599 824100,0%


Табела 3: Земји со најголем обем на трговска размена со Македонија во 2013 година (во илјади долари).[3]

ЗемјаТрговијаСтруктураИзвозСтруктураУвозСтруктура
Германија2 227 25420,5%1 533 63335,9%693 62110,5%
Грција909 7068,4%211 9195,0%697 78710,6%
Велика Британија806 6487,4%79 8391,9%726 80911,0%
Србија791 9967,3%269 7256,3%522 2707,9%
Италија703 8236,5%275 3806,5%428 4436,5%
Бугарија690 7636,4%325 0847,6%365 6795,5%
Кина483 4284,4%103 8642,4%379 5635,8%
Турција386 1743,6%71 6801,7%314 4944,8%
Косово306 0942,8%276 3766,5%29 7180,5%
Словенија226 7892,1%59 4191,4%167 3702,5%
Хрватска215 4492,0%100 3462,4%115 1031,7%
Романија212 9112,0%87 1352,0%125 7761,9%
Русија195 2041,8%31 5810,7%163 6242,5%
Австрија190 7071,8%47 1191,1%143 5892,2%
Швајцарија171 6691,6%41 4541,0%130 2162,0%
САД170 0301,6%45 9711,1%124 0591,9%
Б и Х158 1841,5%94 6552,2%63 5301,0%
Холандија138 4691,3%67 5381,6%70 9311.0%
Франција120 2211,1%25 5630,6%94 6581,4%
Полска120 1511,1%18 8700,4%101 2811,5%
Вкупно10 866 685100,0%4 266 861100%6 599 824100%


Во 2014 година, вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со светот изнесувала 12,2 милијарди долари. Притоа, вредноста на македонскиот извоз изнесувала 4.933.845.000 долари, додека увозот достигнал вредност од 7.276.729.000 долари. Како последица на тоа, покриеноста на увозот со извоз била само 67,8%, односно во трговијата со странство, Македонија остварила дефицит од 2.342.884.000 долари. Во однос на 2013 година, извозот пораснал за 15,6%, додека увозот се зголемил за 10,3%. Во вредноста на извозот, најголемо учество имале катализаторите, фероникелот, спроводниците за палење на возила, производите од челик и железо, како и облеката. На страната на увозот, најмногу биле застапени: нафтените деривати, маслата од битуменозни материјали, платината и нејзините легури и електричната енергија. Дури 76,6% од извозот бил наменет за земјите од ЕУ, а 14% отишол во земјите од Западен Балкан. Земјите од ЕУ доминирале и во вредноста на македонскиот увоз, со 63,5%. Најголеми трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Грција, Србија и Италија, кои учествувале со дури 51,7% во вкупната трговска размена.[4]

Во 2015 година, вкупната вредност на надворешнотрговската размена на Македонија со светот изнесувала 9.828.165.000 евра (10.889.801.000 долари), од кој на извозот отпаѓале 4.051.230.000 евра (4.489.934.000 долари), а увозот изнесувал 5.776.935.000 евра (6.399.867.000 долари). Во 2016 година, вредноста на надворешната трговија достигнала 10.435.994.000 евра (11.544.649.000 долари), од кои извозот бил 4.329.267.000 евра (4.787.199.000 долари), а вредноста на увозот изнесувала 6.106.727.000 евра (6.757.450.000 долари). Во овие две години, најголемите трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Србија, Грција, Италија, Бугарија, Кина, Турција, Романија и Белгија.[5]

Наводи уреди

  1. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  2. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  3. Економија и бизнис, број 188, година 17, февруари 2014, стр. 94.
  4. „Извозот лани поголем за 15,6 проценти“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 6.
  5. „Стаститика“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 118.