Марсел Сердан

Марселин „Марсел“ Сердан (фр. Marcel Cerdan) (22 јули 1916 - 27 октомври 1949[1]) бил француски светски шампион во бокс кој од страна на многумина боксерски експерти и навивачи е сметан за еден од најголемите боксери на Франција но и на Европа кој својата боксерска вештина ја учел и ја стекнувал во Африка. Неговиот живот е одбележан со неговите спортски постигнувања, општенствениот животен стил и со трагедијата.

Марсел Сердан

Основни податоци
Вистинско имеМарселин Сердан
Прекар(и)Марокански бомбардер (The Moroccan Bomber)
Casablanca Clouter
Категоријасредна категорија
НационалностФранција француско
Дата на раѓање22 јули 1916
Место на раѓањеСиди Бел Абес, Француски Алжир (сега Алжир)
Дата на умирање27 октомври 1949(1949-10-27) (возр. 33)
Место на умирањеСао Мигел, Азури, Португалија
СтилOrthodox
Статистика
Вкупно борби117
Победи113
Победи со нокаут66
Порази4
Нерешени0
Незавршени0

Марсел Сердан се родил на 22 јули 1916 во Сиди Бел Абес во тогашен Француски Алжир. Почнал професионално да боксува на 4 ноември 1934 во Мекнес, Мароко, победувајќи го Марсел Бучианери во меч со 6 рунди. Оттогаш извојувал 47 последователни победи сè до 4 јануари 1939, кога за првпат изгубил, од Хари Крастер со дисквалификација во 5-тата рунда во Лондон.

Наводи уреди

  1. „Birth and death certificate“. Архивирано од изворникот на 2007-10-15. Посетено на 2008-09-08.
🔥 Top keywords: