Маноло Санчис

Мануел Санчис Хонтиуело (роден во Мадрид, 23 мај 1965) — поранешен шпански фудбалер, дефанзивец.

Маноло Санчис
Лични податоци
Роден на23 мај 1965(1965-05-23)(58 г.)
Роден воМадрид, Шпанија
ДржаваШпанија Шпанија
Висина&100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позицијаодбрана
Повлекување2001 (36 г.)
Младинска кариера
Реал Мадрид Реал Мадрид
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1983-1984Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља10(2)
1984-2001Реал Мадрид Реал Мадрид523(33)
Репрезентација
1983Шпанија Шпанија 186(1)
1983-1986Шпанија Шпанија 2116(0)
1986-1992Шпанија Шпанија48(1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Маноло ја започнал својата кариера во Реал Мадрид и ги поминал сите млдински категории во клубот. За Реал дебитирал 4 декември 1983. Бил дел од легендарната постава на Реал наречена Quinta del Buitre (превод на мак. Петте орли). Во текот на следните 15 сезони станал еден од најважните играчи на клубот, а капитенската лента ја носел цели 13 години. Играјќи за Реал, Санчис освоил 8 титули Првак на Шпанија, два шпански купа, 5 суперкупа, и по две титули во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

Во 2001 година, на возраст од 36 години Санчис ја завршил кариерата со одиграни преку 500 првенствени натпревари. Еден е од ретките играчи кој целата кариера ја поминал во еден клуб.

Репрезентативна кариера уреди

Санчис настапувал за младите селекции на Шпанија под 18 и под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го имал на 12 ноември 1986, против Романија. Вкупно во кариерата одиграл 48 натпревари за Шпанија и постигнал еден гол. Неговиот последен натпревар во националниот дрес го имал на 11 март 1992 против САД.

Титули уреди

Реал Мадрид уреди

Надворешни врски уреди

🔥 Top keywords: