Знаме на Баварија

Знаме на Баварија (германски: Staatsflagge Bayerns) — еден од симболите на сојузната германска држава Баварија.


Знаме на Баварија
}}
НазивRautenflagge
Употребаграѓанско, државно и пловно знаме вексиколошки опис вексиколошки описнормална верзија на знамето
Сразмер3:5
УсвоеноИсториско (13 век)
ОписНиза од 21 или повеќе дијаманти од сина и бела боја.
}}
Варијанта на знамето на Баварија
НазивStreifenflagge[1]
Употребаграѓанско, државно и пловно знаме вексиколошки опис вексиколошки описнормална верзија на знамето
Сразмер3:5
Усвоено1806
ОписДве хоризонтални полиња - бело и сино

Официјално, Баварија има две знамиња, двете усвоени на 16 ноември 1953 година, и двете во сооднос 3:5. Знамињата ги користат традиционалните бои на земјата - бела и сина. Не постојат правила во кој случај се користи едното или другото знаме.

Првата верзија („знаме со риги“), се состои од две хоризонтални полиња со иста широчина - горното е бело, додека долното е сино.

Втората опција („знаме во облик на дијамант“) се состои од бели и сини дијаманти кои се наизменично распоредени. Во овој случај, бројот на ромбови не треба да биде помал од 21, а резот на ромбот во горниот десен агол треба да биде бел.[2]

Претставувањето на грбот на Баварија на знамето не е правилно, но понекогаш се употребува.[3]

Двете знамиња се историски поврзани со кралското баварско семејство Вителсбах, кое владеело со Баварија од 1180 до 1918 година.

Историски знамиња

уреди
Историски знамиња на Баварија
ЗнамеГодини на употребаВладаБелешки
1255–1353Војводство Долна Баварија
1353–1392Баварија-ЛандсхутБаварија-Ландсхут била војводство во Светото Римско Царство од 1353 до 1503 година.
1392–1505Баварија-МинхенБаварија-Минхен била војводство во Светото Римско Царство од 1392 до 1503 година.
1505–1623Војводство БаваријаВојводството Баварија било пограничен регион во југоисточниот дел на Меровиншкото кралство од шестиот до осмиот век. Бил населен од баварски племиња и управуван од војводи под владеење на Франките.
1623–1806Изборно Кнежевство БаваријаИзборното Кнежевство Баварија било независен наследен електорат на Светото Римско Царство од 1623 до 1806 година кога бил наследен од Кралството Баварија.
1806–1918Кралство БаваријаКралството Баварија била германска држава која го наследила поранешниот електорат на Баварија во 1806 година и продолжила да постои до 1918 година.
1918–1919Народна држава БаваријаНародната држава Баварија била краткотрајна социјалистичка држава во Баварија од 1918 до 1919 година.
1919Баварска Советска РепубликаБаварската или Минхенската Советска Република била краткотрајна непризнаена социјалистичка држава во Баварија за време на германската револуција од 1918–1919 година.
1919–1933БаваријаБаварска покраина во Вајмарската Република.
1933–1945Гау Минхен-Горна БаваријаГау Минхен-Горна Баварија била административна територија на нацистичка Германија во Горна Баварија од 1933 до 1945 година.
1945–1949Американска окупациска зонаАмериканската зона во Јужна Германија се состоела од Баварија (без регионот Рајна Пфалц и округот Линдау, обете дел од француската зона) и Хесен (без регионот Хесен и Монтабаур, обата дел од француската зона) со нов главен град во Висбаден.
1949–денесБаваријаМодерната покраина Баварија под Сојузна Република Германија. И двете знамиња се подеднакво официјални.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Flag Legislation (Bavaria, Germany), Executive Order on Flags of 1954“. Flags of the World. Посетено на 19 September 2011.
  2. Bekanntmachung der Bayerischen Staatsregierung über die bayerische Staatsflagge und die Dienstflaggen für Kraftfahrzeuge, vom 16. November 1953; Bayerisches Gesetz- und Verordnungsblatt 1953, S. 193.
  3. „Flag Legislation (Bavaria, Germany)“. www.crwflags.com. Посетено на 2022-06-09.
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање