Ернан Креспо

Ернан Хорхе Креспо (роден на 5 јули 1975 година во Флорида) — аргентински фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата напаѓач. Во моментов ја води екипата на Саун Пауло.

Ернан Креспо
Лични податоци
Роден на5 јули 1975(1975-07-05)(48 г.)
Роден воФлорида, Аргентина
ДржаваАргентина Аргентина
Висина&100000000000001820000001,82 м
Играчки податоци
Позицијанапаѓач
Сегашен клубАл-Духаил Ал-Духаил (тренер)
Повлекување2 февруари 2012 (36 г.)
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1993-1996Ривер Плејт Ривер Плејт62(24)
1996-2000Парма Парма116(62)
2000-2002Лацио Лацио54(39)
2002-2003Интер Интер18(7)
2003-2006Челси Челси49(20)
2004-2005Милан Милан28(11)
2006-2009Интер Интер63(20)
2009-2010Џенова Џенова16(5)
2010-2012Парма Парма46(10)
Репрезентација
1996Аргентина Аргентина 236(6)
1995-2007Аргентина Аргентина64(35)
Раководител на екипите
2014–2015Парма Парма (примавера)
2015–2016Модена Модена
2018–2019Банфилд Банфилд
2020–2021Дефенса и Хустисија Дефенса и Хустисија
2021Саун Пауло Саун Пауло
2022–Ал-Духаил Ал-Духаил
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Како исклучително плоден стрелец, има постигнато преку 300 голови во 19-годишната кариера. Кариерата ја започнал во Ривер Плејт, а во 1996 година дошол во Европа во италијанската Парма. Во 2000 година го направил најскапиот трансфер, кога од Парма се преселил во Лацио за 56 милиони евра. Во сезоната 2000-2001 бил најдобар стрелец во италијанската Серија А со 26 постигнати гола. Во подоцнежните години од кариерата освоил една титула во Премиер лигата со Челси и три скудета со Интер. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на легендарниот Пеле во ФИФА 100 најдобри фудбалери на сите времиња.[1] Креспо никогаш не добил црвен картон во текот на неговата кариера.

За репрезентацијата на Аргентина има постигнато 35 гола и е трет стрелец на аргентинската репрезентација на вечната листа, единствено зад Габриел Батистута и Лионел Меси. Тој учествувал на три Светски првенства: во 1998, 2002 и 2006.

Биографија уреди

Во 2005 година, Креспо се оженил со романската натпреварувачка во коњички спортови Алесија Андра Роси со која имаат три деца.[2][3]

Технички одлики уреди

Креспо е напаѓач со големо чувство за гол,[4] но исто така може да биде корисен и без да постигнува голови, благодарение на својата брзината, тимскиот дух и тактичката интелегенција.[5]

Кариера уреди

Играч уреди

Клупска кариера уреди

Својата кариера Креспо ја започнал во екипата на Ривер Плејт, а своето деби го направил за време на сезоната 1993-1994, постигнувајќи 13 гола на 25 натпревари во својата прва професионална сезона. Во 1996 година, тој му помогнал на Ривер да триумфира во Копа Либертадорес, постигнувајќи ги двата гола во реваншот на домашен терен со кој била надоместена негативата од првиот натпревар и бил победен колумбискиот Америка де Кали со вкупен резултат 2-1.

Креспо во Парма во 1999 година.

После олимписките игри во 1996 каде освоил среберен медал и бил најдобар стрелец со 6 постигнати гола, Креспо се преселил во Италија потпишувајќи за екипата на Парма. Своето деби во Серија А го направил на 20 октомври во натпревар против Перуџа, а следната недела го постигнал својот прв гол во поразот со 2-1 од Интер. Во својата сезона во Италија, Креспо постигнал 12 гола во 27 натпревари, а Парма завршила на второто место зад шампионот Јувентус. Во сезоната 1998-1999 со 28 постигнати гола во сите натпреварувања бил еден од најзаслужните играчи на Парма за освојувањето на двата трофеи: Купот на Италија и Купот на УЕФА; и во двата турнира Креспо бил стрелец и во финалните натпревари соодветно против Фјорентина (постигнал гол и во двата натпревари) и Олимпик Марсеј.

Во летото 2000 година, Лацио го купил Креспо за тогаш рекордни 56 милиони евра (16 милиони во кеш плус Матијас Алмеида и Сержо Консеисао). Тој негов трансфер денес е втор најскап трансфер во Серија А, престигнат само од неговиот сонародник Гонсало Игуаин. Дебитирал во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој Лацио го освоил трофејот со победата од 4-3 над Интер. Во својата прва сезона во Лацио бил најдобар стрелец во лигата со 26 постигнати гола, но ни тие не биле доволни за клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона. Во втората сезона со бјанкочелестите Креспо имал проблеми со повреди, меѓутоа и средниот ред на клубот бил ослабен и помалку креативен по заминувањето на важни играчи од претходните сезони како Хуан Себастијан Верон и Павел Недвед, што резултирало со двојно помал број на погодоци (13) на голгетерската сметка на Креспо во споредба со минатата сезона. Во летото 2002 поради финансиски причини Лацио бил приморан да продаде неколку клучни играчи, а по заминувањето на капитенот Алесандро Неста и шпекулациите околу иднината на Креспо се интезивирале, па во последниот ден од летниот трансферен-прозорец и тој бил продаден на Интер за 26 милиони евра плус Бернардо Коради. Во дресот на Интер тој постигнал 9 гола во Лигата на шампионите, придонесувајќи за клубот да стигне до полуфиналето на турнирот. На 12 јануари 2003, претрпел повреда во првенствениот натпревар против Модена, поради која отсуствувал долго и успеал да се врати на теренот буквално на самиот крајот на сезоната.[6]

На 26 август 2003 ја напуштил Италија по седум години и се преселил во Челси за 26 милиони евра: меѓутоа и во клубот од Англија останува само една година, бидејќи страдал од различни повреди. Во јули 2004 година, тој бил позајмен на Милан:[7] со нив стигнал до финалето на Лигата на шампионите, и во него постигнал два гола против Ливерпул, меѓутоа тие не биле доволни за победа и освојување на пехарот.[8] Потоа се вратил во Челси, за уште една сезона во која постигнал 10 погодоци придонесувајќи за освојувањето на Премиер лигата.

Креспо во дресот на Интер во натпревар против Катанија на 16 септември 2007.

Во август 2006 година се вратил во Интер, со формула на двегодишен заем. Постигнал гол против Рома во Суперкупот на Италија додека на крајот на сезоната го освоил своето прво скудето во кариерата. Во јули 2008 година, потпишал постојанен договорот со Интер во првиот круг.[9] Во своето второ искуство во Милано, напаѓачот освоил три последователни титули во лигата, две под водство на Роберто Манчини и една под водство на Жозе Мурињо.

На 29 мај 2009 година, претседателот на екипата на Џенова Енрико Прециози најавил дека Креспо ќе потпише договор со неговата екипа,[10] а трансферот официјално бил потврден на 16 јули. За Грифоните Креспо постигнал седум гола, пет во Серија А и два во Лига Европа, пред да го напушти клубот уште кон крајот на јануари без да одигра ниту една целосна сезона.

На 29 јануари 2010 година се вратил во Парма, десет години подоцна откако за последен пат го носел дресот со жолта и сина боја.[11] Во сезоната 2010-2011 Креспо најчесто бил стартер. Во Купот на Италија придонел со два гола против Фјорентина, за квалификација на неговиот клуб во четврт-финалето на турнирот. Истата сезона ја завршил како најдобар стрелец на својата екипа со 9 постигнати гола. На 30 октомври 2011, достигнал до бројката од вкупно 600 настапи за својте клубови во кариерата во натпреварот Парма - Чезена 2-0.

На 2 февруари 2012, Креспо објавил дека се повлекува од активното играње фудбал на прес-конференција по договорот кој го постигнал со екипата за тренерски планови.[12][13] Вкупно во дресот на Парма во двата периоди тој одиграл 200 натпревари и постигнал 94 гола. Исто така, до денес тој е најдобар стрелец на Парма во Серија А.[14]

Креспо во 2007 со аргентинската репрезентација.

Репрезентативна кариера уреди

Креспо дебитирал за сениорската репрезентација на Аргентина на 14 февруари 1995 во пријателски натпревар против Бугарија. Тој го освои сребрениот медал на Летните олимиски игри во Атланта 1996, каде што тој бил најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати гола колку што имал и бразилецот Бебето. Тој има учествувано на три изданија на Светските првенства во 1998 во 2002 и 2006. На Светското првенство 2006, тој постигнал три гола, што доведува до бројката од вкупно четири постигнати гола на светските првенства (1 гол постигнал во 2002).

Благодарение на двата гола кој ги постигнал против САД на Копа Америка 2007, успеал да се израмни со Диего Марадона на третото место по бројот на головите за арегентинската репрезентација со 34 гола. Во следниот натпревар против Колумбија со уште еден гол Креспо го надминал Марадона, а тој натпревар се испоставил како неговиот последен за гаучосите.

Тренер уреди

На 10 декември 2012 година, започнал да присуствува на курсот за изучување на професионални тренери Прва Категорија-УЕФА Про во Коверчано. По завршувањето на курсот, комисијата за испитување ги оценила тестовите на Креспо за особено брилијантни.

На 13 јули 2014 започнал со тренерска работа откако бил назначен за тренер на Примавера тимот на Парма кој го одвел до доброто 6-то место во првенството и покрај неуспехот на клубот во сениорска конкуренција истата година.[15]

На 30 јуни 2015 година бил официјално претставен како нов тренер на Модена во Серија Б. На 26 март 2016 бил отпуштен по поразот на домашен терен од Каљари после кој тимот му се нашол на последното место на табелата; бил заменет од страна на Кристијано Бергоди кои не бил во можност да избегне испаѓање од лигата.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
14-02-1995МендосаАргентина 4 – 1  БугаријаПријателска-
02-06-1996КитоЕквадор 2 – 0  АргентинаКвал. за СП 1998-
20-07-1996БирмингемСАД 1 – 3  АргентинаОлимписки игри 1996 - Прва фаза1
22-07-1996ВашингтонАргентина 1 – 1  ПортугалијаОлимписки игри 1996 - Прва фаза-
24-07-1996БирмингемАргентина 1 – 1  ТунисОлимписки игри 1996 - Прва фаза-
27-07-1996БирмингемАргентина 4 – 0  ШпанијаОлимписки игри 1996 - Четвртфинале2
30-07-1996АтинаАргентина 2 – 0  ПортугалијаОлимписки игри 1996 - Полуфинале2
03-08-1996АтинаНигерија 3 – 2  АргентинаОлимписки игри 1996 - Финале1Олимписко сребро
12-01-1997МонтевидеоУругвај 0 – 0  АргентинаКвал. за СП 1998-
12-02-1997БаранкилјаКолумбија 0 – 1  АргентинаКвал. за СП 1998-
30-04-1997Буенос АиресАргентина 2 – 1  ЕквадорКвал. за СП 19981
08-06-1997Буенос АиресАргентина 2 – 0  ПеруКвал. за СП 19981
06-07-1997АсунсионПарагвај 1 – 2  АргентинаКвал. за СП 1998-
20-07-1997Буенос АиресАргентина 2 – 0  ВенецуелаКвал. за СП 19981
10-09-1997СантјагоЧиле 1 – 2  АргентинаКвал. за СП 1998-
12-10-1997Буенос АиресАргентина 0 – 0  УругвајКвал. за СП 1998-
16-11-1997Буенос АиресАргентина 1 – 1  КолумбијаКвал. за СП 1998-
30-06-1998Сент ЕтјенАргентина 2 – 2 прод.
(4-3 пен.)
 АнглијаСП 1998-Осминафинале-
29-03-2000Буенос АиресАргентина 4 – 1  ЧилеКвал. за СП 2002-
26-04-2000МаракаибоВенецуела 0 – 4  АргентинаКвал. за СП 20021
29-06-2000БоготаКолумбија 1 – 3  АргентинаКвал. за СП 20021
19-07-2000Буенос АиресАргентина 2 – 0  ЕквадорКвал. за СП 20021
26-07-2000Саун ПаулоБразил 3 – 1  АргентинаКвал. за СП 2002-
16-08-2000Буенос АиресАргентина 1 – 1  ПарагвајКвал. за СП 2002-
03-09-2000ЛимаПеру 1 – 2  АргентинаКвал. за СП 20021
15-11-2000СантјагоЧиле 0 – 2  АргентинаКвал. за СП 2002-
28-02-2001Буенос АиресАргентина 5 – 0  ВенецуелаКвал. за СП 20021
25-03-2001Ла ПасБоливија 3 – 3  АргентинаКвал. за СП 20022
03-06-2001Буенос АиресАргентина 3 – 0  КолумбијаКвал. за СП 20021
15-08-2001КитоЕквадор 0 – 2  АргентинаКвал. за СП 20021
05-09-2001Буенос АиресАргентина 2 – 1  БразилКвал. за СП 2002-
02-06-2002КашимаАргентина 1 – 0  НигеријаСП 2002 - Прва фаза-
07-06-2002СапороАргентина 0 – 1  АнглијаСП 2002 - Прва фаза-
12-06-2002РифуШведска 1 – 1  АргентинаСП 2002 - Прва фаза1
06-09-2003Буенос АиресАргентина 2 – 2  ЧилеКвал. за СП 2006-
09-09-2003КаракасВенецуела 0 – 3  АргентинаКвал. за СП 20061
15-11-2003Буенос АиресАргентина 3 – 0  БоливијаКвал. за СП 20061
19-11-2003БаранквилјаКолумбија 1 – 1  АргентинаКвал. за СП 20061
30-03-2004Буенос АиресАргентина 1 – 0  ЕквадорКвал. за СП 20061
02-06-2004Бело ХоризонтеБразил 3 – 1  АргентинаКвал. за СП 2006-
06-06-2004Буенос АиресАргентина 0 – 0  ПарагвајКвал. за СП 2006-
30-03-2005Буенос АиресАргентина 1 – 0  КолумбијаКвал. за СП 20061
08-06-2005Буенос АиресАргентина 3 – 1  БразилКвал. за СП 20062
09-10-2005Буенос АиресАргентина 2 – 0  ПеруКвал. за СП 2006-
12-10-2005МонтевидеоУругвај 1 – 0  АргентинаКвал. за СП 2006-
01-03-2006БазелАргентина 2 – 3  ХрватскаПријателска-
30-05-2006СалерноАргентина 2 – 0  АнголаПријателска-
10-06-2006ХамбургБрег на Слоновата Коска 1 – 2  АргентинаСП 2006 - Прва фаза1
16-06-2006ГелзенкирхенАргентина 6 – 0  Србија и Црна ГораСП 2006 - Прва фаза1
24-06-2006ЛајпцигАргентина 2 – 1 прод.  МексикоСП 2006 - Осминафинале1
30-06-2006БерлинГерманија 1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
 АргентинаСП 2006 - Четвртфинале-
07-02-2007Сен ДениФранција 0 – 1  АргентинаПријателска-
02-06-2007БазелШвајцарија 1 – 1  АргентинаПријателска-
05-06-2007БарселонаАргентина 4 – 3  АлжирПријателска-
28-06-2007МаракаибоАргентина 4 – 1  САДКопа Америка 2007 - Прва фаза2
02-07-2007МаракаибоАргентина 4 – 2  КолумбијаКопа Америка 2007 - Прва фаза1
ВкупноНастапи64Голови (3. место)35

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 4 ноември 2016.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1993-1994 Ривер ПлејтПД2513---------2513
1994-1995ПД185---СС42---227
1995-1996ПД196---КЛ1310---3216
Вкупно Ривер Плејт622417127936
1996-1997 ПармаА2712КИ10------2812
1997-1998А2512КИ20ЛШ82---3514
1998-1999А3016КИ76КУ86---4528
1999-2000А34+1[16]22+0[16]КИ20ЛШ+КУ2+30+3СИ114226
2000-2001 ЛациоА3226КИ10ЛШ62СИ104028
2001-2002А2213КИ44ЛШ73---3320
Вкупно Лацио5439541357348
2002-2003 ИнтерА187---ЛШ129---3016
2003-2004 ЧелсиПЛ1910ФАКуп+ЛК0+20+0ЛШ102---3112
2004-2005 МиланА2811КИ11ЛШ106СИ104018
2005-2006 ЧелсиПЛ3010ФАКуп+ЛК5+11+0ЛШ52КШ104213
Вкупно Челси492081154107325
2006-2007 ИнтерА3014КИ54ЛШ61СИ114220
2007-2008А194КИ52ЛШ51СИ00297
2008-2009А142КИ30---СИ00172
Вкупно Интер812712623111111845
2009-јан. 2010 ЏеноваА165КИ10ЛЕ42---217
јан.-јун. 2010 ПармаА131---------131
2010-2011А299КИ22-----3111
2011-2012А40КИ22------62
Вкупно Парма162+172161021111120094
Вкупно во кариерата452+119843221035142605273

Тренерска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 26 март 2016.

СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно% Успешност
CompОНПНИCompОНПНИCompОНПНИCompОНПНИОНПНИ%
2015-2016 МоденаБ3310518КИ2101----------&1000000000000003500000035&1000000000000001100000011&100000000000000050000005&1000000000000001900000019&1000000000000314300000031,43
Вкупно во кариерата33105182101--------&1000000000000003500000035&1000000000000001100000011&100000000000000050000005&1000000000000001900000019&1000000000000314300000031,43

Хет-трикови уреди








Титули уреди

Клупски уреди

Ривер Плејт[17] уреди

1993 (Апертура), 1994 (Апертура)
1996

Парма[17] уреди

1998–1999
1998–1999
1999

Лацио[17] уреди

2000

Челси[17] уреди

2005
2005–2006

Милан[17] уреди

2004

Интер[17] уреди

2006–2007, 2007–2008, 2008–2009
2006, 2008

Репрезентативни уреди

Аргентина[17]
Златен медал

Наводи уреди

  1. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 10 May 2014.
  2. „Crespo, amichevole in Romania?“ (италијански). calcionews24.com. 30 May 2012.
  3. „Crespo, convins de soacră să investească în România“ (романски). adevarul.ro. 30 May 2012. Посетено на 10 April 2013.
  4. Francesco Saverio Intorcia (3 декември 2015). „Crespo, signore del gol in cerca di salvezza. "Ho imparato da Mou l'arte del motivatore ". La Repubblica (quotidiano). Посетено на 9 февруари 2016.
  5. Andrea Schianchi (28 септември 2004). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Cercasi anima gemella per Sheva“. Посетено на 16 јануари 2009.
  6. La Repubblica (quotidiano), уред. (12 јануари 2003). „L'Inter degli assenti batte il Modena in 20'. Посетено на 17 декември 2011.
  7. Ugo Negrini (15 јули 2004). L'Eco di Bergamo (уред.). „Crespo è del Milan, in prestito per un anno“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 12 јануари 2013.
  8. Diego Mariottini (25 мај 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „25 мај 2005: Milan-Liverpool 3-3. Sei minuti di follia e addio Champions!“. Посетено на 28 мај 2015.
  9. chelseafc.com, уред. (3 јули 2008). „Crespo no longer a Blue“ (англиски). Посетено на 15 јуни 2010.
  10. Fabrizio Zorzoli (29 мај 2009). tuttomercatoweb.com (уред.). „Preziosi: "Crespo è a tutti gli effetti del Genoa". Посетено на 15 јуни 2010.
  11. tuttonapoli.net, уред. (29 јануари 2010). „Crespo al Parma“. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 15 јуни 2010.
  12. Parma, Hernan Crespo si ritira Calciopro.com
  13. L'addio di Crespo al calcio giocato Архивирано на 14 јануари 2021 г. FocusCALCIO.it
  14. Panini (azienda), уред. (2014). Almanacco Illustrato del Calcio 2015. Modena. стр. 109.
  15. „Parma, Crespo in lacrime: "Non ho parole". Архивирано од изворникот на 2015-07-08. Посетено на 2016-11-03.
  16. 16,0 16,1 Бараж за четврто место.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 „H. Crespo“. Soccerway. Посетено на 27 December 2015.

Надворешни врски уреди

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски претседателски избори (2024)Специјална:БарајМакедонски парламентарни избори (2020)Гоце ДелчевГордана Силјановска-ДавковаИзборна единица 1Изборна единица 2Карлес ПуџдемонИзборни единици во МакедонијаЃурѓовденМакедонијаЕвровизија 2024Македонски претседателски избори (2009)ВелигденМакедонски претседателски избори (2019)Оче нашИзбори во МакедонијаКалендар на Велигденски датумиИзборна единица 5Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)МарковденИзборна единица 4Стево ПендаровскиМелница (Велешко)Изборна единица 6МочуриштеСвети ГеоргиСкопјеЛокални избори во Македонија (2021)Македонски претседателски избори (2014)Фарски ОстровиБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаМакедонски парламентарни избори (2014)УкраинаДржавни празници во Македонија