Дјук Елингтон
Портрет, ок. 1940
Животописни податоци
Родено имеEдвард Кенеди Елингтон
Роден(а)април 29, 1899(1899-04-29)
Вашингтон, САД
Починал(а)мај 24, 1974(1974-05-24) (возр. 75)
Њу Јорк, САД
Жанрови
Занимања
  • Пијанист
  • композитор
  • водач на бенд
  • аранжер
  • диригент
  • актер
ИнструментиПијано
Период на активност1914–1974
Мреж. местоdukeellington.com
Краток филм Џем сесија од 1942 година, снимка на изведба на Дјук Елингтон и неговиот оркестар

Дјук Елингтон, роден како Едвард Кенеди Елингтон (анг Edward Kennedy Ellington; Вашингтон, 29 април 1899 година - Њујорк, 24 мај 1974 година), е американски џез-музичар, пијанист и композитор.[1] Тој бил водечка фигура во историјата на џез музиката. Неговата музичка кариера траела повеќе од половина век, за кое време компонирал илјадници популарни песни, како и музика за театар и филм. Тој создал еден од најкарактеристичните звуци на ансамблот во западната музика и продолжил да го свири она што тој го нарекувал „американска музика“ речиси до крајот на својот живот.[2]

Биографија уреди

Детство и младост уреди

Дјук Елингтон е роден во Вашингтон, како Едвард Кенеди Елингтон, 29. април 1899 година. Неговите родители исто така биле талентирани музичари, поточно пијанисти. Едвард уште од мали нозе обрнувал внимание на манирите и бил многу достоинствен, поради што неговиот најдобар пријател Едгар Мекентри го нарекувал „Војвода“ (анг= Дјук).[3] На седумгодишна возраст почнал да учи да свири пијано. Својата прва композиција „Soda Fountain Rag“ ја напишал на 15-годишна возраст, инспириран од продавач на газирани сокови. Елингтон студирал сликарство, но и покрај тоа што добил стипендија на Институтот Прат во Бруклин (Њу Јорк), тој се свртел кон музиката и почнал да свири во клубови на 17-годишна возраст. [2]

Семеен живот уреди

Дјук Елингтон се оженил на 19 години со Една Томпсон, која му била девојка уште од средно училиште. Набргу по венчавката тие го добиле единственото дете Мерсер Кенеди Елингтон.[2]

Смрт уреди

Дјук Елингтон починал на 24-ти мај 1974 година, на 75 годишна возраст, поради пневмонија. Тој боледувал од рак на белите дробови. Неговите последни зборови биле: „Музиката е начинот на кој живеам, зошто живеам и по што ќе бидам запаметен“. Бил погребан на гробиштата Вудлоун во Бронкс (Њујорк). На неговиот погреб присуствувале повеќе од 12.000 луѓе.[2]

Музичка кариера уреди

Насловна на една од плочите на Дјук Елингтон

Елингтон се одлучил за професионална музичка кариера на 19 години. Четири години подоцна се прославил со својата група „Вашингтон денс“ и оттогаш неговата слава не престанува.[1] Од 1926 г со својот оркестар настапувал во Америка и Европа, а по Втората светска војна и низ целиот свет.[2]

Во педесет години музичко творештво, Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон го доближил џезот до традиционалната класична музика, благодарение на иновациите во компонирање.[3] Напишал повеќе од 1500 композиции кои се одликуваат со богата иновација, неисцрпна имагинација и чувство за специфичен стил, а настапувал и како пијанист со симфониски оркестри.[1] За разлика од другиот великан на џезот, Луис Армстронг, Елингтон посветил повеќе внимание на компонирањето и барањето посебни оркестарски бои отколку на импровизацијата.[1] Тој е еден од креаторите на оркестарскиот стил во џезот.[2]

Најпознатите композиции на Дјук Елингтон се „Solitude”, „Sophisticated Lady” и "„Mood Indigo”". Тој, исто така, компонирал концертни дела, музика за балет, мјузикли и филмска и сценска музика. Во неговите аранжмани и композиција, тој го разви својот специфичен „Ellington Sound“, кој е под влијание на музичкиот импресионизам во однос на бојата на звукот.[2] Во своето творештво бил инспириран од животот на својот народ, на кого му посветил најголем дел од своите композиции. Најпознатиот од нив, „Црна, кафеава и беж“, зборува за тоа како со текот на времето се менувала бојата на црнците донесени од Африка во Америка. Во композицијата „New Orleans Jazz Suite“ во пет движења ги опеал најпознатите креатори на џезот.[1]

Почести уреди

Во Вашингтон постои Парк Дјук Елингтон [4] а во овој град и еден мост го носи неговото име.[5] Плоштадот Дјук Елингтон е изграден во Централниот парк во Њујорк, со грандиозен споменик на овој голем музичар.[6] Зградата на Менхетен, каде што живеел, го носи и неговото име - Куќата на Дјук Елингтон и е заштитена како историска локација.[7]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Времеплов (24. мај 2017): 1974. - Умро Дјук Елингтон...“. РТС. 24. мај 2017. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Duke Ellington Biography“. The Biography.com website. A&E Television Networks. 14. 1. 2020. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. 3,0 3,1 Milanović, Biljana (15. april 2016). „DŽEZOLOGIJA ZA POČETNIKE: DUKE ELLINGTON – INDIGOS (1958)10 ESENCIJALNIH ALBUMA (2. DIO):“. KulturKokoška. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Transforming an underutilized park to a sustainable gathering place“. Golden Triangle. The Golden Triangle Business Improvement District. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „DUKE ELLINGTON (CALVERT STREET) BRIDGE – WASHINGTON DC“. The Living New Deal. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Duke Ellington Circle“. Foursquare City Guide. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Ellington (Edward Kennedy "Duke") Residence“. National Historic Landmarks. Архивирано од изворникот на 5. 6. 2011. Посетено на 1. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски уреди