Данчо Чевревски

Данчо Чевревски (Скопје, 17 мај 1951 — Скопје, 29 октомври 2020) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент.

Данчо Чевревски
Роден17 мај 1951
Скопје
Починал29 октомври 2020
Скопје
НационалностМакедонец
Познатпо улогата во:
Најдолгиот пат
Трст виа Скопје
Курирот на Гоце
Тврдокорни
Црвениот коњ
Деца на сонцето
Тетовирање
Занимањеглумец

Животопис уреди

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски глумци. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ. Работел професор на ФДУ во Скопје, а бил и декан на факултетот. Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија објавила дека Чевревски бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ.

Починал по долго боледување на 69-годишна возраст на 29 октомври 2020 година во Скопје.[1]

Филмографија уреди

ГодинаФилмУлога
1975Атентатот во Сарајево ТВ-филмСава
1975Прва вечер ТВ-филм
1976Цимерите од соба 306 ТВ-филмЗоки
1976Најдолгиот пат ТВ-филмСтефан
1977Пресуда ТВ-филм
1978Златни години ТВ-серијаЧирак
1978Белиот ѕид ТВ-филм
1979Партизанска ескадрила ТВ-филм
1979Курирот на Гоце ТВ-серијаДинко
1980Оловна бригада ТВ-филмДиме
1981Пикник и тополи ТВ-филмКрака
1981Партизанска ескадрива ТВ-серијаЗеко
1981Доротеј ТВ-филмМатија
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1981Козе ТВ-серија
1982Време на летала ТВ-филм
1982Јагне на ражен ТВ-филмАрсо
1982Јужна патека ТВ-филм
1983Игмански марс ТВ-филм
1983Велики транспорт ТВ-филмЗаробеник
1983Дани авноја ТВ-серијаПартизан
1984Јуначко колено ТВ-серијаИџко
1984Исчекување ТВ-филмДиме
1984Опасен траг ТВ-филмРецепционер
1984Нели ти реков ТВ-филм
1984Песок во автомобилот ТВ-филм
1985Слободен пад ТВ-филм
1986Климент Охридски ТВ-филмНаум
1986Доброволци ТВ-филм
1987Хај-фај ТВ-филмМатеј Бојановски
1987Народни трубадури ТВ-серија
1987Трст виа Скопје ТВ-серијаБранко
1988Тврдокорни ТВ-серијаЃорѓи Сугарев
1988Облаци ТВ-филмБранко
1988Скопски сновиденија ТВ-серија
1990Станица обични возови ТВ-филмМиле
1990Иза зида ТВ-филмЗеко
1991Тетовирање ТВ-филмКифла
1992Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1995-1996Среќни луѓе ТВ-серија
1996ТВ Театар ТВ-серија
1997Џипси меџик ТВ-филмКенеди
1997Истрели во сонот на Марија ТВ-филм
2000Мултилевел ТВ-филм
2003Седум приказни, за љубовта и свршувањето ТВ-серија
2003Последниот фалцер ТВ-филмДамјан
2004Илузија ТВ-филм
2005Крчма на патот кон Европа ТВ-филмПрокоп
2007Стапица ТВ-филмДокторот
2009Бунило ТВ-филмАрсо
2011Панкот не е мртов ТВ-филм
2011Ова не е Американски филм ТВ-филмДоктор
2012Бардо ТВ-филмВујкото
2014Деца на сонцето ТВ-филмСони
2014До балчак ТВ-филм
2016Прваци света ТВ-серијаЈорданчо
2016Операција Дијамант ТВ-серијаЏани
2017Пси лају, ветар носи ТВ-серијаТрајче
2019Втора шанса ТВ-филмПетре
2020Бегство во морето ТВ-филмНаставникот

Наводи уреди

  1. Почина глумецот Данчо Чевревски“. Радио Слободна Европа. 30 октомври 2020.

Надворешни врски уреди