Данило Николиќ

Данило Николиќ (српски: Данило Николић, Сплит, 1926 - Белград, 6 февруари 2016) - српски писател.

Данило Николиќ
Податотека:Danilo Nikolić.jpg
РоденПредлошка:Роден 1926 година
Сплит, Предлошка:Country data Кралство СХС
Починалфевруари 6, 2016(2016-02-06)
Белград,  Србија
Занимањекнижевник

Животопис

уреди

Данило Николиќ е роден во Сплит, во 1926 година, а детството и младоста ги поминал во Метохија. Основното и средното образование ги завршил во Пеќ, а дипломирал на Правниот факултет во Белград. Потоа, работел како соработник во Радио Белград, напредувајќи од функцијата на уредник на културно-уметничките програми до уредник на драмската програма.[1]

Творештво

уреди

Николиќ е автор на неколку збирки раскази, книги за деца и романи. Тој е застапен во неколку антологии на повоените српски раскази и на српската сатира. Исто така, тој е автор и на неколку радио-драми и телевизиски драми. За романот „Кралица на забавата“ ги добил наградите „Борисав Станковиќ“, „Бранко Ќопиќ“ и Нолитовата награда; за збирката раскази „Влегување во светот“ во 1997 година ја добил Андриќевата награда; а за романот „Фајронт во Гргетег“ ја добил НИН-овата награда во 1998 година.[1]

Библиографија

уреди

Николиќ е автор на следниве дела:[1]

  • Мали пораки (Мале поруке)
  • Список на грешките (Списак грешака)
  • Список на заслугите (Списак заслуга)
  • Проветрување на владетелите (Проветравање владара)
  • Влегување во светот (Улазак у свет)
  • Враќање во Метохија (Повратак у Метохију)
  • Пат за пријателите (Пут за пријатеље)
  • Тие ги сакаа срните (Они су волели срне)
  • Некој часовник, некој будилник (Неко сат, неко будилник)
  • Сопственици на поранешната среќа (Власници бивше среће)
  • Фајронт во Гргетег (Фајронт у Гргетегу)
  • Кралица на забавата (Краљица забаве)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Данило Николић, Фајронт у Гргетегу. Београд: Нолит, 1998.
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање