Грајц (германски: Greiz) — град во Тирингија и е главен град на округот Грајц. Грајц се наоѓа во источниот дел на Тирингија на реката Вајсе Елстер.

Грајц
Грајц гледан од Горниот замок („Oberes Schloss“)
Грајц гледан од Горниот замок („Oberes Schloss“)
Грајц гледан од Горниот замок („Oberes Schloss“)
Грб на Грајц
Грајц во рамките на Германија
Грајц
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругГрајц
Градски единици16
ГрадоначалникГерд Гринер (СДП)
Основни податоци
Површина76,30 км2
Надм. височина265 м
Население20.108 (31 декември 2020)[1]
 - Густина264 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.GRZ
Пошт. бр.07961–07973
Повик. бр.03661
Порталwww.greiz.de
Местоположба на градот Грајц во рамките на округот Грајц
Карта
Карта
Координати50°39′17″N 12°11′59″E / 50.65472° СГШ; 12.19972° ИГД / 50.65472; 12.19972

Неговата местоположба на реката Вајсе Елстер и потокот Гелч го овозможиле неговиот брз раст. Постојано растел и се ширел во последните 1000 години. Ги добил градските права во 13 век по првпат. Потоцна, владејачката германска династија Ројс, изградила два замока во Грајц: Горен замок („Oberes Schloss“) и Долен замок („Unteres Schloss). Обата биле изградени од познати архитекти и сѐ уште се сметаат за уникатни. Грајц има голем парк во неговиот центар, кој се смета како англиска градина. Нејзиниот пејзаж е уникатен и вреден за посета. На многу улици низ градот можат да се најдат куќа во стилот Југендстил, како примери на овој архитектонски стил.

Во текот на Втората светска војна, Грајц не доживеал многу штета, иако три од петте моста во градот биле уништени. Во 1941, Улф Мерболд е роден тука, кој во 1983 станал првиот астронаут од Сојузна Република Германија (Зигмунд Јен, роден само 40 километри оттука, бил првиот германски вселенски патник, претставувајќи ја Германската Демократска Република во 1978 како космонаут).

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди