Гаетано Ширеја

италијански фудбалер

Гаетано Ширеја (роден на 25 мај 1953 година во Чернуско сул Навиљо - починал на 3 септември 1989 во Бабск) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Гаетано Ширеја
Лични податоци
Роден на25 мај 1953(1953-05-25)
Роден воЧернуско сул Навиљо, Италија
Починал на3 септември 1989(1989-09-03) (возр. 36)
Починал воБабск, Полска
ДржаваИталија Италија
Висина&100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позицијаодбрана
Повлекување1988 (35 г.)
Младинска кариера
1963–1967 Серенисима
1967–1972Аталанта Аталанта
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1972-1974Аталанта Аталанта58(1)
1974-1988Јувентус Јувентус377(24)
Репрезентација
1975-1986Италија Италија78(2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Играл на позицијата либеро, на која е препознат од спортскиот печат како еден од најголемите толкувачи во фудбалската историја,[1][2][3][4][5][6] а во исто време и икона на коректност и елеганција.[1][2][3][4][6][7]

Тој бил еден од симболите на Јувентус на тренерот Џовани Трапатони на преминот меѓу 1970-тите и 1980-тите години, како и негов капитен од 1983 до 1988 година. Ширеја заедно со голманот Дино Ѕоф, покривачот Клаудио Џентиле и бекот Антонио Кабрини - сите тројца негови клупски и репрезентативни другари -, формирале една од најдобрите одбранбени линии во историјата на овој спорт.[8] Со бјанконерите тој освоил седум титули шампион на Италија, станувајќи во исто време, заедно со веќе споменатиот Кабрини, прв играч кој ги освоил сите клупски натпреварувања на УЕФА;[9] тој, исто така, долго време го држел рекордот на настапи во историјата на клубот од Торино, со 552 натпревари.[N 1] Во дресот на италијанска репрезентација станал светски шампион на Мундијалот во 1982.

Во 2011 година, постхумно бил примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[11]

Биографија

уреди

Роден е во предградие на Милано, во скромно семејство составено од неговиот татко Стефано, ломбардијец со потекло од Сицилија,[12][13] работник во Pirelli,[14] и од неговата мајка Џудита, исто така од Ломбардија:[12] Гаетано бил третиот од четирите браќа. Тој се оженил со Мариела Кавана, подоцна италијански парламентарец на Forza Italia, а потоа и на UDEUR: од овој брак се родил Рикардо, единственото дете на двојката, кој во моментов е вработен во Јувентус како неговиот татко, само во овој случај во тренерскиот штаб на клубот.[15]

На 3 септември 1989 година,[16] како помошник тренер на Јувентус, на Ширеја му било доделено да присуствува на натпревар на следниот противник на бјанконерите во Купот на УЕФА, Гурник Забже, поради што тој отпатувал во Полска; со оглед на калибарот и неатрактивноста на противникот, и тој и тренерот Дино Ѕоф сметале дека таквиот потег е излишен,[17] но и двајцата се придржувале до одредбите на раководството на Јувентус.[18] За време на враќањето во Варшава, од каде што требало Ширеја да се качи на лет за Торино, тој бил придружуван од локален возач, преведувач и менаџерот на Горник, кога автомобилот во кој се наоѓале четворицата, Polski Fiat 125p, бил удрен од комбе во близина на Бабск, при што исто така се запалил поради четири канти со бензин што биле набиени во багажникот во случај на потреба. Од патниците, само менаџерот на полскиот клуб се спасил бидејќи седел на предното седиште: откако ја отворил вратата за време на сударот одзади, тој можел да излезе од возилото. За Ширеја, возачот и преведувачот, сударот бил фатален, со оглед на тоа што, според резултатите од обдукцијата, тие не се здобиле со повреди при ударот. Ширеја бил изваден од автомобилот и пренесен во блиската болница во Рава Мазовиецка, но поради тешките изгореници, лекарите не можеле а да не ја констатираат неговата смрт.[19]

Несреќата се случила во недела попладне, а веста за смртта на Ширеја истата вечер била соопштена во Италија од Сандро Чиоти во емисијата Domenica Sportiva,[20] предизвикувајќи вознемиреност кај гостите во студиото, вклучувајќи го и поранешниот соиграч на Ширеја, Марко Тардели. Тој бил погребан на гробиштата во Морсаско, градот од кој потекнува неговата сопруга Мариела.[21]

Технички карактеристики

уреди
Ширеја ја избива топката пред противничкиот напаѓач, за време на натпреварот меѓу Рома и Јувентус во сезоната 1974-1975.

Ширеја бил модерен и високо талентиран дефанзивец, надарен со одлични технички вештини и тактички способности, кој бил познат по своето темпо, елеганција со топката и вродена способност да ја чита играта.[22][23] За разлика од немилосрдните тактики што често ги користеле другите дефанзивци, вклучително и неговиот партнер во одбраната, Клаудио Џентиле, Ширеја бил познат по својата класа, фер-плеј и спортски дух. Ширеја никогаш во кариерата не заработил црвен картон.[22][24][25] Тој бил познат и по неговото лидерство, служејќи како капитен и на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Иако во својте рани денови од кариерата играл во средниот ред, тој ја поминал речиси целата своја сениорска кариера играјќи на позицијата либеро, или свипер (на англиски), и придонел за развојот на позицијата, поради неговата визија, смиреност со топката и додавања. Така, покрај тоа што му помагал на својот тим во одбрана, тој често се одвојувал од одбранбената линија и за придонесувал напаѓачкиот потенцијал на неговиот тим, најчесто помагајќи при развивањето на акциите, а понекогаш дури и самиот тој постигнувал голови.[22][23][26] Во подоцнежниот дел од кариерата, кога го загубил темпото, Ширеја играл во подефанзивна улога како централен одбранбен играч.

Клупска кариера

уреди

Аталанта

уреди
Ширеја како млад, за време на почетоците на својата кариера со Аталанта во раните 1970-ти.

Вљубеник во фудбалот како дете следејќи ја ерата на Гранде Интер,[27] првата топка Ширеја ја „шутнал“ во спортската група Серенисима во Чинизело Балсамо, каде во локалниот фудбал 7 тим играл како напаѓач од 1963 до 1967 година.[28] Тогашниот менаџер на Серенисима, Џовани Кримела, во 1967 година го одвел Ширеја во младинскиот тим на Аталанта [28], каде што првично бил распореден како десно крило, улога во која благодарение на неговиот одличен допир со топката и елеганцијата во трчањето[29] успеал да постигне голем број на голови.[30]; сепак неговата одлична визија за играта често го водела до тоа да се централизира и, поради оваа причина, со текот на времето бил принуден да игра како внатрешен играч од средниот ред.[30]

Кога бил на воена возраст играјќи во Примавера тимот (додека наизменично го менувал фудбалот со работа во работилницата на неговиот вујко во Чернуско сул Навиљо, занимање што го задржал дури и по неговото деби во Серија А[31]), тренерот Иларио Кастањер редовно го распоредувал како либеро играјќи покрај стоперот Антонио Перкаси, идниот претседател на Аталанта. Сепак, Ширеја не ја толкуваше дословно новата улога, туку станал вистински организатор на играта на Примавера тимот на Аталанта, со чести вметнувања во средината на теренот, до прагот на противничкото поле.[30]

Ширеја на тренинг со Аталанта.

Своето деби во Серија А, Гаетано Ширеја го направил на 24 септември 1972 година, во натпреварот Каљари - Аталанта 0-0, во кој тој го замени повредениот играч кој играл на позицијата либери Џанкарло Савоја.[32] импресионирајќи со самодовербата со која ја играл улогата што неодамна почнал да ја исполнува.[32] Во текот на првенството се појавиле различни дискусии во клубот од Бергамо и во медиумите поради тоа што Ширеја бил користен како дефанзивец и покрај неговите вештини во средината на теренот,[32] а меѓудругото и поради фактот што самиот играч кога бил испрашуван изразил желба да игра во улогата на мецала.[32] По уште еден натпревар како стартер (натпреварот 0-0 на домашен терен против Наполи) Ширеја ја загубил позицијата либеро во стартната постава, и е заменет со повратникот Савоја[33]; сепак, по само еден натпревар (поразот со 9-3 на гистувањето кај Милан) тој продолжил да игра како стартер, во улогата на либеро или по потреба како мецала.[34].

Откако одиграл вкупно 20 натпревари во првата лига и 2 натпревари во Купот на Италија, тој исто така останал во Бергамо следната сезона, во која бергамаските се натпреварувале во Серија Б, по испаѓањето само поради полошата гол-разлика во претходната сезона.[35]. Во првото коло од првенството, Ширеја го одиграл последниот натпревар како играч од средниот ред во дресот на Аталанта, во поразот од Комо со 1-0,[36], но веќе од второто коло, со одлука на новиот тренер на нероаѕурите Ериберто Ерера тој бил трајно поставен во улогата на либеро во одбраната.[37] Тој ги одиграл сите 38 првенствени натпревари и постигнал еден гол, на 12 мај 1974 година во поразот со 2-1 на гостувањето кај Бриндизи.[38] Исто така, учествувал во 10 натпревари во Купот на Италија, настан во кој тој исто така постигнал гол на 27 март 1974 година во натпревар добиен со 1-0 против Интер во полуфиналната рунда.

Јувентус

уреди
Новиот тренер на Јувентус, Карло Парола, позира заедно со новите засилувања на бјанконерите Ширеја (лево) и Оскар Дамијани (десно).

Благодарение на привилегираниот канал што тогаш постоел помеѓу Аталанта и Јувентус, клубот од Торино, кој веќе го држел под опсервација уште од неговото деби во највисоката лига, го купил Ширеја од претседателот Бортолоти во летото 1974 година заедно со договор за ко-сопственост над Џулијано Музиело за сума од 700 милиони лири плус Џорџо Мастропасква и Џанпјетро Маркети.[39]

Во клубот од областа Пиемонт барале замена за Сандро Салвадоре, кој бил блиску до пензија, а младиот Ширеја веднаш се чинел соодветен:[40] вметнат во сигурната и квалитетна одбранбена линија составена од Антонело Кукуреду, Клаудио Џентиле, Лучано Спинози и Франческо Морини, дваесет и едногодишниот играч веднаш се вклопил во амбиентот и одиграл 28 од 30-те натпревари во сезоната 1974-1975, станувајќи постојан стартер и освојувајќи ја својата прва првенствена титула, шеснаесетта за бјанконерите во клупската историја.

Ширеја (најдесно) во дресот на Јувентус, изведува лизачки старт против Франческо Грацијани од Торино во Градското дерби.

Тој бил меѓу протагонистите во тимот на Јувентус во сезоната 1976-1977, кој освоил две титули, во комбинација скудето - Куп на УЕФА. Скудетото било освоено со 51 бод - што во тоа време, претставувало рекорд за турнир во кој се натпреварувале 16 екипи, пришто за победа се доделувале 2 бода - по исцрпувачка битка за врвот која траела во текот на целото првенство против градските ривали Торино, кои на крајот завршиле со само еден бод помалку; Купот на УЕФА, освоен во тешкото двомеч финале против шпанскиот Атлетик Билбао, било првото конфедерациско натпреварување освоено од Јувентус.

Ширеја (лево) со капитенската лента на Јувентус, заедно со соиграчот Масимо Бонини, во пријателски натпревар против данскиот клуб Фрем во август 1986.

Во сезоната 1981-1982, Ширеја придонел за освојувањето на дваесеттото скудето во историјата на торинската екипа, што им дало право да се пофалат со втора ѕвезда на дресовите. Освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1982-1983, на Јувентус му ги отворил вратите за следниот европски трофеј, Купот на победниците на куповите, во кој бјанконерите триумфирале совладувајќи го Порто со 2-1 во финалето во Базел на 16 мај 1984 година. Тоа било второ европско одличје за италијанскиот клуб и за Ширеја, кој исто така го освоиле и првенството 1983-1984, шестто за Ширеја во кариерата и дваесет и прво за клубот. На личен план, со падот предизикан од возраста во игрите на Џузепе Фурино, од летото 1983 година, Ширеја станал капитен на екипата на Јувентус.[41] 1985 била година на Европскиот куп на шампиони, кој бјанконерите го освоиле во трагичното финале во Брисел на стадионот Хејсел против англискиот Ливерпул, кој веќе бил победен во јануари истата година во Суперкупот на УЕФА. Годината била заокружена со победата во Токио на 8 декември, против јужноамериканскиот шампион Аргентинос Хуниорс во Интерконтиненталниот куп, што му овозможило на Ширеја како капитен на Јувентус да го подигне и овој пехарот.

Тој се повлекол од фудбалот на 35-годишна возраст, на крајот на сезоната 1987-1988, по 377 првенствени или вкупно 552 натпревари одиграни со црно-белиот дрес. Со клубот од Пиемонт, тој освоил вкупно 7 национални првенства, 2 Купа на Италија, еден Куп на шампиони, еден Куп на победниците на куповите, еден Куп на УЕФА, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп, станувајќи првиот играч во историјата, заедно со неговиот соиграч Антонио Кабрини,[42] кој ги освоил сите официјални клупски фудбалски натпреварувања[N 2] и придонесувајќи, во исто време, да го направи Јувентус првиот тим што може да се пофали со трофеите од сите турнири организирани од УЕФА во својте витрини.[9]

Репрезентативна кариера

уреди

Ширеја го направил своето деби во италијанската репрезентација на 30 декември 1975 година, на 22-годишна возраст, во пријателскиот натпревар Италија - Грција (3-2), додека селекцијата ја воделе Енцо Беарзот и Фулвио Бернардини; тој го постигнал својот прв гол за аѕурите на 19 април 1980 година, во пријателски натпревар што завршил 2-2 против Полска.

Ширеја (горе, третиот од лево) со италијанската репрезентација, која го освоила Мундијалот 1982.

Под водство само на Беарзот, тој учествувал на Светското првенство 1978 во Аргентина, каде Италија завршила на четвртото место; на Европското првенство 1980 на кое домаќин била Италија, каде „аѕурите“ повторно завршиле четврти; на Светското првенство 1982 во Шпанија,[43] на кое Италија станала светски шампион победувајќи ја во финалето Западна Германија со 3-1 - Ширеја дефинитивно се наметнал како еден од најдобрите дефанзивци во светот[44] —; и конечно, како капитен на тимот со 33 години, тој настапил на Светското првенство 1986 во Мексико, кое воедно го означило и крајот на неговата репрезенативна кариера, кој се совпаднал со елиминацијата во осминафиналето од Франција (2-0) на 17 јуни 1986 година.

Вкупно за италијанската репрезентација има 78 натпревари (10 како капитен)[45] и 2 гола. Моментално го зазема 16-тото место (изедначен со Алесандро Неста) по бројот на настапи за својата земја.

Репрезентативни настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
30-12-1975ФиренцаИталија 3 – 2  ГрцијаПријателска-
22-9-1976КопенхагенДанска 0 – 1  ИталијаПријателска-
25-9-1976РимИталија 3 – 0  ЈугославијаПријателска-
22-12-1976ЛисабонПортугалија 2 – 1  ИталијаПријателска-
26-1-1977РимИталија 2 – 1  БелгијаПријателска-
21-12-1977ЛиежБелгија 0 – 1  ИталијаПријателска-
25-1-1978МадридШпанија 2 – 1  ИталијаПријателска-
8-2-1978НеаполИталија 2 – 2  ФранцијаПријателска-
18-5-1978РимИталија 0 – 0  ЈугославијаПријателска-
2-6-1978Мар дел ПлатаИталија 2 – 1  ФранцијаСП 1978 - Прва фаза-
6-6-1978Мар дел ПлатаИталија 3 – 1  УнгаријаСП 1978 - Прва фаза-
10-6-1978Буенос АиресИталија 1 – 0  АргентинаСП 1978 - Прва фаза-
14-6-1978Бурнос АиресЗападна Германија 0 – 0  ИталијаСП 1978 - Втора фаза-
18-6-1978Буенос АиресИталија 1 – 0  АвстријаСП 1978 - Второ фаза-
21-6-1978Буенос АиресХоландија 2 – 1  ИталијаСП 1978 - Втора фаза-
24-6-1978Буенос АиресБразил 2 – 1  ИталијаСП 1978 - за 3. место-4. место
20-9-1978ТориноИталија 1 – 0  БугаријаПријателска-
23-9-1978ФиренцаИталија 1 – 0  ТурцијаПријателска-  46'
8-11-1978БратиславаЧехословачка 3 – 0  ИталијаПријателска-
21-12-1978РимИталија 1 – 0  ШпанијаПријателска-
24-2-1979МиланоИталија 3 – 0  ХоландијаПријателска-
26-5-1979РимИталија 2 – 2  АргентинаПријателска-
13-6-1979ЗагребЈугославија 4 – 1  ИталијаПријателска-
26-9-1979ФиренцаИталија 1 – 0  ШведскаПријателска-
17-11-1979УдинеИталија 2 – 0  ШвајцаријаПријателска-  82'
16-2-1980НеаполИталија 2 – 1  РоманијаПријателска-
15-3-1980МиланоИталија 1 – 0  УругвајПријателска-
19-4-1980ТориноИталија 2 – 2  ПолскаПријателска1
12-6-1980МиланоИталија 0 – 0  ШпанијаЕвро 1980 - Прва фаза-
15-6-1980ТориноИталија 1 – 0  АнглијаЕвро 1980 - Прва фаза-
18-6-1980РимИталија 0 – 0  БелгијаЕвро 1980 - Прва фаза-
21-6-1980НеаполЧехословачка 1 – 1 прод.
(9 – 8 пен.)
 ИталијаЕвро 1980 - за 3. место-4. место
24-9-1980ЏеноваИталија 3 – 1  ПортугалијаПријателска-
11-10-1980ЛуксембургЛуксембург 0 – 2  ИталијаКвал. за СП 1982-
1-11-1980РимИталија 2 – 0  ДанскаКвал. за СП 1982-
15-11-1980ТориноИталија 2 – 0  ЈугославијаКвал. за СП 1982-
6-12-1980АтинаГрција 0 – 2  ИталијаКвал. за СП 19821
3-1-1981УругвајУругвај 2 – 0  ИталијаМундијалито-
6-1-1981УругвајХоландија 1 – 1  ИталијаМундијалито-
25-2-1981РимИталија 0 – 3  ЕвропаПријателска-
19-4-1981УдинеИталија 0 – 0  Источна ГерманијаПријателска-
3-6-1981КопенхагенДанска 3 – 1  ИталијаКвал. за СП 1982-
23-9-1981БолоњаИталија 3 – 2  БугаријаПријателска-
17-10-1981БелградЈугославија 1 – 1  ИталијаКвал. за СП 1982-
14-11-1981ТориноИталија 1 – 1  ГрцијаКвал. за СП 1982-
5-12-1981НеаполИталија 1 – 0  ЛуксембургКвал. за СП 1982-
23-2-1982ПаризФранција 2 – 0  ИталијаПријателска-
14-4-1982ЛајпцигИсточна Германија 1 – 0  ИталијаПријателска-
28-5-1982ЖеневаШвајцарија 1 – 1  ИталијаПријателска-
14-6-1982ВигоИталија 0 – 0  ПолскаСП 1982 - Прва фаза-
18-6-1982ВигоИталија 1 – 1  ПеруСП 1982 - Прва фаза-
23-6-1982ВигоИталија 1 – 1  КамерунСП 1982 - Прва фаза-
29-6-1982БарселонаИталија 2 – 1  АргентинаСП 1982 - Втора фаза-
5-7-1982БарселонаИталија 3 – 2  БразилСП 1982 - Втора фаза-
8-7-1982БарселонаИталија 2 – 0  ПолскаСП 1982 - Полуфинале-
11-7-1982МадридИталија 3 – 1  Западна ГерманијаСП 1982 - Финале-3. титула
27-10-1982РимИталија 0 – 1  ШвајцаријаПријателска-
13-11-1982МиланоИталија 2 – 2  ЧехословачкаКвал. за Евро 1984-
12-2-1983ЛимасолКипар 1 – 1  ИталијаКвал. за Евро 1984-
16-4-1983БукурештРоманија 1 – 0  ИталијаКвал. за Евро 1984-
29-5-1983ГетеборгШведска 2 – 0  ИталијаКвал. за Евро 1984-
4-2-1984РимИталија 5 – 0  МексикоПријателска-  52'
22-5-1984ЦирихЗападна Германија 1 – 0  ИталијаПријателска-
26-5-1984ТоронтоКанада 0 – 2  ИталијаПријателска-  82'
30-5-1984ЊујоркСАД 0 – 0  ИталијаПријателска-
26-9-1984МиланоИталија 1 – 0  ШведскаПријателска-
3-11-1984ЛозанаШвајцарија 1 – 1  ИталијаПријателска-
5-2-1985ДаблинИрска 1 – 2  ИталијаПријателска-
13-3-1985АтинаГрција 0 – 0  ИталијаПријателска-
3-4-1985Асколи ПиченоИталија 2 – 0  ПортугалијаПријателска-
25-9-1985ЛечеИталија 1 – 2  НорвешкаПријателска-
16-11-1985ХожувПолска 1 – 0  ИталијаПријателска-  46'
26-3-1986УдинеИталија 2 – 1  АвстријаПријателска-
11-5-1986НеаполИталија 2 – 0  КинаПријателска-  60'
31-5-1986МексикоИталија 1 – 1  БугаријаСП 1986 - Прва фаза-
5-6-1986ПуеблаИталија 1 – 1  АргентинаСП 1986 - Прва фаза-
10-6-1986ПуеблаИталија 3 – 2  Јужна КорејаСП 1986 - Прва фаза-
17-6-1986МексикоФранција 2 – 0  ИталијаСП 1986 - Осминафинале-
ВкупноНастапи (16. место)78[46]Голови2

Тренерска кариера

уреди

По пензионирањето, Ширеја решил да продолжи со фудбалската кариера како тренер. Штом ја добил лиценцата во Коверчано, во летото 1988 година Џампјеро Бониперти му ја понудил улогата на помошник тренер на Јувентус, како соработник на Дино Ѕоф на барање на вториот.[40] Поранешниот либеро на Јувентус ја прифатил понудата, правејќи се себеси достапен за улогата на набљудувач за фурланскиот тренер, негов пријател и поранешен соиграч во Јувентус и во државната репрезентација на Италија; сепак, пред да потпише, Реџина на Лило Фоти се обидела да го убеди да дојде во нивните редови како главен тренер на тимот кој тогаш се натпреварувал во Серија Б, предизвикувајќи силен интерес кај Ширеја, кој на крајот сепак го одбрал Јувентус.[47] Тој ја задржил позицијата помошник-тренер во Јувентус нешто повеќе од една година, до предвремената смрт. На крајот на сезоната 1989-1990 година, Ѕоф и тимот се организирале посвета во чест на сеќавањето на Ширеја по победата во финалето на Купот на Италија против Милан.

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1972-1973 АталантаА200КИ20------220
1973-1974Б381КИ101------482
Вкупно Аталанта581121----702
1974-1975 ЈувентусА280КИ102КУ100---482
1975-1976А300КИ40КШ40---380
1976-1977A301КИ50КУ121---472
1977-1978А290КИ00КШ80---370
1978-1979А302КИ90КШ20---412
1979-1980А294КИ40КПК71---405
1980-1981А294КИ80КУ41ТК20435
1981-1982А305КИ40КШ40---385
1982-1983А303КИ121КШ90---514
1983-1984А302КИ71КПК90---463
1984-1985А302КИ90КШ90СУ10492
1985-1986А250КИ50КШ50ИнтК10360
1986-1987А210КИ71КШ10---291
1987-1988А61КИ40КУ10---111
Вкупно Јувентус377248858534055432
Вкупно во кариерата4352510068534062434

Титули

уреди

Клупски

уреди
Јувентус
1974-1975, 1976-1977, 1977-1978, 1980-1981, 1981-1982, 1983-1984, 1985-1986
1978-1979, 1982-1983
1976-1977
1983-1984
1984
1984-1985
1985

Репрезентативни

уреди
Италија
Шпанија 1982

Белешки

уреди
  1. Рекордот подоцна бил надминат од Алесандро Дел Пјеро во 2008.[10]
  2. Подоцна само италијанците Серџо Брио и Стефано Такони, исто така со Јувентус, и холанѓаните Арнолд Мирен и Дани Блинд од Ајакс успеале да ги освојат сите натпреварувања на УЕФА.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Gianni Brera (1 јули 1992). „Il furore sportivo sovietico ci mancherà“. la Repubblica. Посетено на 27 јануари 2010.
  2. 2,0 2,1 Празен навод (help).
  3. 3,0 3,1 „Il comandante eclettico pianto e rimpianto da tutti“. La Stampa. 12 јануари 2004. стр. 42.
  4. 4,0 4,1 „Scirea remembered as Italy seek repeat“ (англиски). 9 july 2006. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Italy's greatest defenders“ (англиски). 31 мај 2010.
  6. 6,0 6,1 „Remembering Scirea, Juve's sweeper supreme“ (англиски). 3 септември 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  7. Maurizio Nicita (4 јануари 2008). „«Come Scirea non c'è nessuno»“. La Gazzetta dello Sport.
  8. Празен навод (help).
  9. 9,0 9,1 „Lahm e i suoi fratelli: i giocatori mai espulsi“. 8 февруари 2017.
  10. „Del Piero, 552 senza tempo“. 24 март 2008.
  11. „La 'Hall of Fame del calcio italiano' si arricchisce di altre dieci stelle“. 25 ottobre 2016. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. 12,0 12,1 Празен навод (help).
  13. Debora Milone (2019-05-25). „Gaetano Scirea, libero gentiluomo“.
  14. Luigi Garlando (3 септември 1999). „L'esempio di Scirea, una favola che vive“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 15 март 2014.
  15. Maurizio Crosetti (10 октомври 2016). „In panchina chiamandosi Scirea: "Il calcio avrebbe bisogno di papà".
  16. „Da Meroni a Scirea, quando la strada è un pericolo mortale“. 4 август 1993. Архивирано од изворникот на 6 декември 2013. Посетено на 13 март 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  17. Maurizio Crosetti (1 септември 2009). http://www.repubblica.it/2009/05/rubriche/la-storia/zoff-scirea/zoff-scirea.html?ref=search. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  18. Maurizio Mosca (3 септември 2009). „Ah, come mi manca Scirea...“.
  19. Andrea Tarquini (1989-09-05). „Scirea è morto per un sorpasso“. la Repubblica.
  20. „27 anni fa l'addio a Scirea: l'annuncio di Ciotti“. 3 септември 2016.
  21. Antonio Conti (4 септември 1995). „Ieri per Scirea. Ricordo a 6 anni dalla scomparsa“. La Stampa. стр. 27.
  22. 22,0 22,1 22,2 Marino Bortoletti. „SCIREA, Gaetano“ (италијански). Treccani: Enciclopedia dello Sport. Посетено на 13 March 2017.
  23. 23,0 23,1 Stefano Bedeschi (25 May 2013). „Gli eroi in bianconero: Gaetano SCIREA“. tuttojuve.com (италијански). Посетено на 13 April 2015.
  24. „Gaetano Scirea Campione di semplicità“ (италијански). Storie di Calcio. Посетено на 31 December 2014.
  25. „Iniesta e i suoi fratelli: i giocatori mai espulsi“ (италијански). UEFA.com. 1 April 2008. Посетено на 27 December 2018.
  26. Sconcerti, Mario (23 November 2016). „Il volo di Bonucci e la classifica degli 8 migliori difensori italiani di sempre“. Il Corriere della Sera (италијански). Посетено на 27 December 2016.
  27. „Gaetano Scirea tifoso Inter: "Allo stadio con la bandiera". 12 мај 2020.
  28. 28,0 28,1 „Gaetano Scirea“ (pdf). Посетено на 15 март 2014.
  29. L'Atalantina Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 376" ignored (help); Text "Corbani-Serina-2" ignored (help).
  30. 30,0 30,1 30,2 La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 278" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  31. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 504" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 270" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  33. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 271" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  34. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 272" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  35. „Scirea, un libero alla Suarez“. Stampa Sera. 29 јули 1974. стр. 22. Посетено на 21 ноември 2013.
  36. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 277" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  37. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 279" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  38. L'Atalantina Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 178" ignored (help); Text "Corbani-Serina-2" ignored (help).
  39. La storia di Corbani Text "Corbani, Serina" ignored (help); Text "p. 281" ignored (help); Text "Corbani-Serina-1" ignored (help).
  40. 40,0 40,1 Frédéric Ieva (1960–2020). Dizionario Biografico degli Italiani. Рим: Istituto dell'Enciclopedia Italiana. ISBN 978-8-81200032-6. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  41. „Platini: «Contro l'Inter non si può più sbagliare»“. Stampa Sera. 11 јуни 1983. стр. 21.
  42. „Juve, sei proprio la più grande“. La Stampa. 9 декември 1985. стр. 15.
  43. Bruno Perucca (13 јули 1992). „La pagella dei ricordi“. La Stampa. стр. 11.
  44. Празен навод (help).
  45. „Gaetano Scirea“. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  46. Изедначен со Алесандро Неста.
  47. Vanni Zagnoli (3 септември 2014). „Venticinque anni fa moriva Scirea, la moglie Mariella lo ricorda in silenzio“. Архивирано од изворникот на 2017-09-04. Посетено на 2022-07-12.

Надворешни врски

уреди
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање