Благоја Попов

Благоја Попов (19 октомври 1920, Кочани - 13 април 1992, Скопје) — македонски политичар и државник.

Благоја Попов
Градоначалник на Скопје
На должноста
1963 – 1972
ПретседателТито
ПретходникКрсте Марковски
НаследникДрагољуб Ставрев
Лични податоци
Роден(а)19 октомври 1920
Кочани, Кралство СХС,
Починал(а)13 април 1992(1992-04-13) (возр. 71)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
ПартијаКПМ

Животопис

уреди

Бил учесник во народноослободителното движење, член на КПЈ и секретар на МК на КПЈ во Кочани. Издржувал казна во Затворот „Идризово“.

По ослободувањето станал партиски секретар во Кочани, Штип и Струмица, претседател на Собранието на Скопје во периодот 1963 - 1972 г.[1], член на Сојузниот извршен совет, член и претседател на Извршниот совет на СРМ и член на Претседателството на СРМ. Носител е на „Партизанска споменица 1941“.

Благој Попов починал на 13 април 1992 г. во Скопје.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Градоначалници на Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2009-12-01.