Аполон

Грчки бог

Аполон или Феб (старогрчки: Ἀπόλλων = „уништувач“ или „човек-јаболко“) во старогрчката митологија а подоцна и во римската бил еден од дванаесетте главни божества на Олимп, заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, музиката, поезијата, пророците, танцот, морето, светлоста и сонцето, предводник на музите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која се раскажува дека е син на Зевс и Лета (или Латона кај Римјаните), брат близнак на божицата Артемида[1] (кај Римјаните Дијана). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Ѕевс и Лета и кога божицата Хера разбрала за тоа многу се налутила и, сакајќи да ѝ се одмазди на Лета, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоа континент или остров. Очајна, Лета талкала сè додека не стигнала до островот Делос кој, согласно митот, не бил целосно прицврстен за почвата и така токму таму, Лета можела да го роди Аполон.[2] [3]

Римска копија од оригиналот на Поликлет од 5 век п.н.е.
Apollo sauroctonus, римска копија во Лувр
Аполон со лира, еден од неговите симболи, претставен преку статуа од 1 век.
Глава на Аполон, мермер, римска копија на оригинал од 4 век п.н.е.

Култот кон Аполон уреди

Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секако Делфи. За разлика од другите божества кои имале соодветни еквиваленти во римската митологија, овој бог бил директно преземен од Старите Грци. Така на пример, за време на Втората пунска војна биле воведени олимписки игри во чест на богот Аполон, а култот бил засилен во времето на императорот Август кој, за да ја зацврсти власта, тврдел дека води потекло токму од Аполон.

Во етрурската митологија можно е да се најде некоја врска меѓу Аполон и етрурскиот бог на громовите, Аплу или Апуло. Сепак, сѐ уште не е сосем јасно дали Етрурците го презеле овој бог од старогрчката митологија.

Аполон како тема во уметноста уреди

Наводи уреди

  1. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 201 - 202.
  2. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 53.
  3. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 164.
  4. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 221-222.
  5. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 50-52.
  6. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 91-92.

Поврзано уреди

🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Гордана Силјановска-ДавковаГлавна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Избори во МакедонијаИзборна единица 1Изборна единица 5Изборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Македонски претседателски избори (2014)Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 6Стево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 4Арбен ТаравариСпецијална:БарајБилјана ВанковскаВелигденМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (1999)Максим ДимитриевскиДонтов методПретседател на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Македонски претседателски избори, 2009МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Македонски парламентарни избори (2006)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2011)Али АхметиКиро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2004)Христијан Мицкоски