Апартхејд

систем на расна сегрегација поддржана со законската регулатива на Јужноафриканската Република

Апартхејд (африканс: Apartheid = „поделеност“) бил правен систем на расна сегрегација[1] применет од страна на владеачката Националната партија во Јужна Африка помеѓу 1948 и 1994 година.

Знак „Резервиран за единствена употреба на членовите на групата бела раса“ на англиски, африкански, зулу, на плажа во Дурбан, 1989 година

Расната сегрегација во Јужна Африка почна во колонијалните времиња во 1652, но апартхејд како официјална политика била воведена по општите избори од 1948 година. Новиот закон, категоризирал жители според нивните расни групи („црнци“, „белци“, „други обоени“ и „Индијци“). Станбени области исто така биле сегрегирани преку принудени отстранувања. Од 1958 година, црнците биле лишени од државјанство. Владата сегрегирала образование, медицинска нега и други јавни услуги. Владата всушност им обезбедувала услуги на црнците инфериорни во однос на оние на белците.

Апартхејдот предизвикал значителен внатрешен отпор и низа протести од страна на црнците. Како што се ширеле немирите и незадоволноста на црнците, државните органи реагирале со зголемување на репресијата и насилството, што вклучувале забрана на опозициски групи и апсење на организатори и предводници кои биле против апартхејдскиот систем.

Реформите на апартхејдот во 1980-тите не успеале да ја задушат опозицијата, по што во 1990 година претседателот Фредерик де Клерк започнал преговори да стави крај на апартхејдот, кулминирајќи во мулти-расни демократски избори во 1994 година, на кои победил Африканскиот национален конгрес под водство на Нелсон Мандела. Трагите од апартхејдот сè уште ги обликуваат јужноафриканската политика и општество.

Меѓународно право уреди

Во 1973 година Генералното собрание на ОН ја усвоило Меѓународна конвенција за сузбивање и казнување на злостроството на апартхејдот,[2] која стапила на сила во 1976 година. Во 2002 година, со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд злосторството на апартхејд е утврдено како злосторство против човештвото.[3]

Индиции за постоење на апартхејд во други контексти уреди

Политиката на Израел кон Палестинците е идентификувана како апартхејд од повеќе организации што ги бранат правата на Палестинците, како и од две израелски организации за човекови права (Јеш Дин и Б'Тселем),[4][5] и од Хуман Рајтс Воч[6] и Амнести Интернационал.[7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. апартхејд - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Текст на конвенцијата на англиски и македонски јазик
  3. Римски статут на Меѓународниот кривичен суд, англиски
  4. 'The Occupation of the West Bank and the Crime of Apartheid: Legal Opinion,' Yesh Din, 9 July 2020.
  5. A regime of Jewish supremacy from the Jordan River to the Mediterranean Sea: This is apartheid, B'Tselem, 12 January 2021
  6. „„Хјуман рајтс воч го обвини Израел за апартхејд над Палестинците", 27.4.2021“. Архивирано од изворникот на 2023-11-11. Посетено на 2023-11-11.
  7. „Амнести го обвини Израел за апартхејд врз Палестинците“, 01.02.2022.


🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Гордана Силјановска-ДавковаГлавна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Избори во МакедонијаИзборна единица 1Изборна единица 5Изборни единици во МакедонијаИзборна единица 2Македонски претседателски избори (2014)Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 6Стево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 4Арбен ТаравариСпецијална:БарајБилјана ВанковскаВелигденМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (1999)Максим ДимитриевскиДонтов методПретседател на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Македонски претседателски избори, 2009МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Македонски парламентарни избори (2006)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2011)Али АхметиКиро ГлигоровМакедонски претседателски избори (2004)Христијан Мицкоски